АЈДЕЕЕЕЕЕЕ КОНЕЧНО. Не ми искочи Марче, а ова дебилов Лиз, не се ни поздрави со Марко да му дае рака, битно он и дае, она си сврте грбот. Каква идиотка. Покултурен искочи Марко од неа, а помлад е. Ко дете се испонаша. Идиотка.
Зашто го хејтаат толку, зашто? И ова најавава Иван што збореше за Марко ли е? Што им смета толку? Реално мислам дека некако не сакаат да ја чачкаат Лара ради "врски" со продукција и нема веќе кој, они се "вишок" за помаранџестите. Инаку не знам, се рчкаа да, ама до толку да се неарни, му се љутат зашто нејќел да го дели кокосот што он си го сочувал. Ваљда им било криво дека неговиот бил здрав, а нивните трули. Господибожи.
Која им беше логиката, сите добиваат подеднакво храна, овие ја фофукуваат одма, Марко си ја остава за сабајле. сабајле стануваат и му се мрштат дека не споделил. Алоу
Дал е могуче за кокосот да го хејта цело племе .Барем да имаа некоја валидна причина амаа нее бее зошто не го делел кокосот.Бетер се од деца во градинка.Лиз па па конечно.Фала Богу и народу.
Лиз кажа дека смета дека треба да ја гласаат Ива затоа што и бил скршен прстот и во оваа фаза од играта немало простор за попуштање и такви ствари.. Лиз, која кажа останавме само најјаките, а она остана затоа што неколку пати по ред освои личен имунитет, иначе статистички е еден од најслабите играчи.. За Лиз сметам дека требаше да си оди меѓу првите, жал ми е што многу појаки играчи испаднаа, а Лиз остана затоа што е лижигаз. Бидејќи Нина ми испадна, сега за сега од зелените ги гледам Урош и Ксенија во финале, иако навивам за Урош и Катерина, нешто ми вика дека Ксенија во одреден момент ќе биде пред Катерина.. Од кај жолтите Луцијано ми е пред сите некако, а Ива не знам како би играла во финале, со скршен прст многу мали шанси има со Луцијано, па тука некако веројатно продукцијата би се замешала да не бидат двајца машки во финале, и Лара најверојатно би искористила шанса да дојде до финале..
Сега останати се 6 во жутите и 5 од нашите, неделава ќе испаднат двајца најверојатно, а за индивидуалната фаза која почнува следниот понеделник треба да има по четворица од племе, значи или неделава испаѓаат тројца или ќе заебат некого ко Сандра што ја заебаа на обединувањето.
Изедначени треба да се жени во однос на мажи во едно племе? Ако да, тоа значи дека од жолтиве мажи 2ца ќе летаат? Од нив дефинитивно никој не заслужува да испадне сега, сите се добри.. :/
Па не знам, претпоставувам. Кај зелениве моментално се 3 мажи и 2 жени, најверојатно Ксенија и Катарина ќе имаат имунитет по default, а кај жутите 4 мажи со 2 жени ваљда, значи и таму Ива и Лара ќе се имаат имунитет.
Немам тиктооооок :/ А може било кој да напише прашање? Како иде? Мора профил да имаш? Сигурно ќе биде пак лајф
Нема поента Ива веќе да игра, мислам не е ни фер, кога ќе почнат индивидуалните игри нема да има никакви шанси. Не знам како и зошто продукцијата би одлучила да ги остави и двете во игра (Лара и Ива), на штета на мажите во жолто племе кои се здрави неповредени и можат да се натпреваруваат.
Па не знам, нагаѓаме. Пологично ми е 2:2 него ли 3:1. 4:0 веќе претпоставувам нема ни да дозволат од продукција.