Далеку од тоа дека ќе смени, мене не ми се допаѓа чисто од аспект на тоа дека некој фатил место на некој друг што сака да е таму, ама и тоа е па широка тема ако веќе навлегуваме толку, се може да се случи секако во текот на играњето и повреди и слично.
Да Бојан сака да биде циничен, ама искача weird ситуација и глупо е. Не ме тригерна, ама не разбрав што му стана и зашто се предомисли, иако пишав верувам дека е договорено сценарио.
Кој знае што му стана, од прв ден се испокара со сите. Не се ни обиде да се вклопи и мило ми е што нема да го гледам веќе, па и договорено да е
Абе јас изгледа сум пропуштила некои клучни работи, а се правам тука дека гледам Цела недела имам температура, може е од тоа. Не видов да се испокара со некого онака баш, вечер ќе отворам четири очи ххаахха
Боки се праи многу паметен. Facts. Дечки, и Ники и Ника уште се тука. Баш ми е мило. Ова со тајниов остров не ми се свиѓа ич. Сеа тек да се запознаваат со овие, па во нивен камп... А ние не ни гледавме како они играат. Или го емитуваа и тоа? Безвезе.
Не се праи паметен туку Боки е паметен. Боки ми е цар, пуштете една вечер со Владо да видите како е ќе си речите Боки не цар, Бог е.
Владо прв пати води Survivor ко шо знам. Уште не делува опуштено, не е влезен во шема. Нормално во споредба со Боки шансите се поголеми Боки да е подобар. Ама само во таа споредба. Иначе @DS10 прашање. Како и Ники и Ника уште се во игра? Барем едниот требаше да искочи мислам. Или пошто искочи Јелена затоа останаа и двајцата. Од зелените кои беа номинирани? А и Марин од жолтите не го сакам. Не кажав до сега.
Мене ми е Бојан биг ноу ноу, како глумец ми е океј, ама овде не го свиџам. Од гласачките политики ништо не разбирам сѐ уште А муабетиве со соновиве, оф леле, гледате ли ние луѓето колку сме усвцари кревки, една недела со малку храна и одма на површина секакви глупости искачаат.
Изгледа прв пат ви е да гледате сурвајвор, не знаете каква легенда е Боки и колку врхунски ги започнува племенските совети. Ете овај нов е, а Млианриќ до лани? Ко навиен беше со истите реченици "u ovom trenutku", "u velikoj prednosti"... бла бла бла. Боки е цар за ова, роден е за оваа работа, Млинариќ до колено не му е, а Владо ни за малото прваче не може да му се фати. Оти во дуел требаше да лдат Нико, Ника, Алекса и Иван ама со тоа што Иван се откажа, дуелот не се одржа. На неделно ниво само 1 треба да си оди.
Јас кога гледав водеше Андрија Милошевиќ, не е Сурвајвор од лани Бојан има таква една безизражајна фаца, ни на мртво плаче, ни на живо се смее, речениците сите во ист тон ко вести да чита, ич не е забављач. Ама сега тоа е до перџепцијата на луѓето.
Пошо така збори на племенските Бокица за да ни биде интересно, затоа ти е легенда. Мене многу ме нервира како збори на племенските. ОСОБЕНО кога ќе се НАСМЕЕ. Ќе најдам и слика. Онака зајадливо. Одвратно.
Е сега ама сте ме изнервирале муабет што да прам, факт е дека Боки е роден за оваа професија и толку, да не ми го вреѓате.
Боки го памтам од времето, имаше една серија, Воена Академија се викаше и мноооогу ја сакав, он глумеше во неа. Така што, и да сакам да не го сакам, не можам А тоа дека на моменти е ироничен и саркастичен исто се согласувам и некогаш не го можам.
Леле аман за зрнце сол душата му ја извади. Алекса може е малце во право, некој цело време да те кљука у мозок, ќе ти скурчи. Цело време секој чекор му го пратат и само чекаат да "згреши". Што ви прави гладот луѓе, тоа е најголемиот човеков непријател, да немаш да ждереш. Џабе што се фитнес тренери, набилдани, спортисти. И најсмешното, "ми смо у супер односима", чоече недела дена се знаете, односите треба да бидат човечки и коректни. Гурање на "тимска игра" е безвезе, знаеме дека за некое време ќе почне озбилно тактизирање и ќе почнат да се "шиткаат".
Еј многу е напорна Зошто некој седел сам на плажа, се двоел од другите… дај бе олабави, ако сака ќе се качи горе на палма да седи
Вукашин ми се свиѓа, има и мускули и памет, баш разумно делува и со контролирано его. Пс. Игриве се сите со гаѓање, значи ако не те бива да си прецизен, ништо нема да направиш. Гаѓање и мкнење тешко.