Што се деси со Алекса? Прво рече сакам да се борам, па како намерно да слизна. Може за да остане Милош? А Миланка со крокодилските солзи хахахха. Леле луѓево не се во контакт со себе и со своите зборови и дела ама ич.
И тоа со онолкава насмевка на лице. Така изгледа човек што многу те поштуе, ама ќе ти го закрка до балчак
И мене ми беше доста интересен како за промена. Сега веќе и јас не знам кај да терам со заклучоци, секој ден различни мислења имам хахаха Горан ми делува интересен заебан лик а зоштоа ај кажете ми а никој не го ‘готиви’
Да, изгледа сфати дека не го сакаат во племето. А што мислите, имавте некој кандидат за исфрлање? Јас на пример Миланка ни ја ставила да се бори
Ја не знам кого би гласал, можда Ана дека само се мрсулај и жвижди или па Милош што мисли дека е татко на племето.
Ме разочаруваст малку луѓево, имаат високо мислење за себе (Срѓан вика искрено, отворено разговарал, а буквално претходната сцена го тераше Иван да се здружат на спојување). И онаа со кошула што беше облечена, што се расправаше зашто она не била расположена одсабајле да вика добро утро (како бе така луѓе, едно добро утро на луѓето со кои си хухаш навечер и хркаш со нив божее). И Анастасија што се држи увек ко да припазува круната да не ѝ падне и праи некои ептен непримерни фаци, исто ко Миланка што му вика на Алекса дека единствениот бод со неа го освоил, а буквално истото за неа важи, не знам дал си брои колку пати има победено зашто е со мажи у група или има изгубено пошто е сама, па убаво кажа онаа од новите, колута со тоа подочњаците, не знае ништо со течна мисла да каже, све нешто гримаси, очи, драма. И не разбрав Ана дали сака да си оди или така само тактички збори или гледа дека ја гласаат, па се инаети или контрира, ич не ја разбирам. Секоја победа "децата да бидат горди на неа", па одма после тоа да си одела. Јасно има кажано гласајте за да си одам? Пошто цело време ја гласаат, никако да ја изгласаат. Мене ми е најсупер Вукашин, конкретен, смирен и поштен, Милош и Срѓан сакаат да бидат Вукашин кога ќе пораснат
Алекса повреден и разочаран си ја предаде борбата по се изгледа не му се враќаше назад во племето каде свати дека не е баш добродојден и прифатен.Миленка се утепа од плачење многу многу лицемерно. Интересни ми беа жолтите кога криеа што всушност добија од тајната кутија интересен племенски во секој случај.
Жолтите беа толку разочарани од празната кутија, знаев дека нема да кажат, ама мислам дека Срѓан ги прочита дека нема ништо добро, инаку знаеше дека би се изнафалиле. Ива беше како второ одделение, не сакам јас нека иде некој друг, не сакам јас озбилно мислеше дека ако удира со ноџе по земја, ќе ѝ се сожалат, ама ај.
Знам дека на никој не му е дојдено до шоуво овие денови дечки. Јас искрено сакав да гледам вчера, ама немаше, не знам зошто. Претпоставив дека е ради ситуацијава кај нас иако ми немаше логика, ама не се ни потрудив да побарам. Видов денес дека ќе емитуваат 2 епизоди.
Јас гледав вчера, требало или не, не знам, ама потребна ми е дистракција, плус и со работа сум оптеретена и по патишта, ми помага да се опуштам. Синоќа даваа плус (као интервју со некои претходни натпреварувачи) и епизода, ама не приметив дали се две или една искрено. Полигон, борба за личен имунитет и кавги за храна. Дефинитивно Лиз ми стана најнеомилена, жената има проблеми, се наждра сендвичи и после душата им ја изеде на Ники и Ива зашто ставиле пет зрна повеќе, а благодарение на нив, жолтите победија и освоија јадење кое овие не го јадеа нели пошто казнети од претходно. Се надевам ќе ѝ биде срам кога ќе се гледа.
Да, го гледав и јас исто. Го делам мислењето, просто неверојатно за што се расправаше жената. Мислам да бев на местото на некој од нив, ќе и го фрлев у фаца оризот буквално. Не е добра.
Не знам зошто сите ѝ ќутат, зарем е можно никому да не пречи, иако се договорија дека ќе им дадат јадење. И десет пати Ники ѝ кажа да го остави да јаде на мира, да разговараат после јадење, ама не, не се откажа. Се надевам дека некој ќе ја освести малце.
Дајте нешто да си кажеме луѓе, гледавте ли? Не разбрав многу овојпат, ептен исцрпена бев, а и луѓево од глад избезумени се изгледа. Луцијано има таен имунитет вероватно, пак Горан искочи за сѐ крив (и го спопика на Лиз со "палачинките"), искрено човек како Ника у свој живот не сакам никако, Ники сакал да си оди дека гладен, Ива сирота една работа не успеа да каже без да биде изругана иако во право, исто и Ида (мислам се викаше). Лиз пак се пуваше, се смешкаше цинично. Племево ич не ми се свиѓа, сложни биле на почетокот, и дошле некои четворица нови и ради нив веќе не се сложни. Ништо не разбрав, а ни Бојан, а ни они самите. Ама моментот кога Луцијано ја издава Ника што зборела за жените у другото племе беше бесценето, особено откако Ника сврти стратегија и сега на игра на феминистичка карта дека сите жени биле сирени и амазонки. Не знам кога ќе се гледаат луѓево дали уште ќе имаат високо мислење за себе.
Неделава гледам колку да се отргнам барем малце од се што се случува, така да и ја не сфаќам се. Сфатив дека не биле сите жолти, жолти биле само старите OG членови, Луциано, Марко, Лиз, Иван, Лара и уште некој не можам сега да се сетам, а новивр четворица вклучувајќи го Ники и уште еден (пак не можам да се сетам) ги викале портокалово племе. Личниот имунитет на Ива многу ме израдува и со тоа што ја номинирани Лиз, многу ја засакав, сега се надевам Лиз ќе испадне. Горан некако почна да се социјализира со племето и верувам дека за недела до две ако не испадне до тогаш ќе ги издаде портокаловите.
Мене не ми се допаѓа овој формат, а на тој преживеан што го гледавме пред 10 години му нема равен. Прво, таму имаше обични луѓе, а не само фитнес тренери и триатлонци, и интелегенцијата беше на многу повисоко ниво, па и самите меѓучовечки односи беа поискрени, но и покомплицирани. Самите учесници не беа ич штедени, буквално беа фрлани на плажа само со една мачета, и спиеја голи и мокри, па дождови им го носеа скривалиштето, оризот мораа да го чуваат од мокро и имаа само некоја церада да се покријат. без оган седеа со денови. Се натпреваруваа за мачета, кремен, мрежа за ловење, кога имаа награда јадење јадеа пред другиот тим... Овие денес и готов камп, и тренерки и прекривачи, сите со пирсевите на нив, а знаеме колку е тешко да не се инфицираат без секојдневна хигиена. Сто посто имаат и средства за хигиена па и вц, само не се прикажува на Тв. Исто и за јадењето, некако ич не се загрижени за тоа колку ориз имаат, па и компири имаат, а порано на шака јадеа. Не викам дека имаат многу, ама не е ко првите сезонои, па и други што иам гледано. Друго, камери у камп скоро и да немаат. Цело време на племенски зборат како седеле на оган збореле, а никаде не се прикажува, Дури ни камери не ги следат да дознаеме некои дубари, кој со кого се спанџал. Затоа и караниците изгледаат фејк, оти се дешаваат у тие саат време коа камерата е тука. Битно епизода два саати, од кои саат време полигон, што ја скипам. Порано едпизодата почнуваше со будење сабајлето, ги интервјуираат потечени и ненаспани, па писмо криптичко читаат , па погаѓаат што игра ќе има дента... Племенските лоши, никој не е искрен оти логички не сакаат прљав веш да вадат пред другото племе. Пa и натпреварот за личен пред групен имунитет, лошо... лош концепт. И плус приметете дека два племенски снимаат одеднаш, значи и ова шоу ја изгуби и таа малку спонтаност. Исто како што беше и тужната прича за Нико оти ќе испаднеше, па ја исплука цела фамилија на телевизија... И учесниците ко да дошле на излет, а не на преживеан, а имаат највеќе привилегии од сите сезони до сеа, јес да задњиве две ги неам глеано, можда грешам. Таа со шинатата нога се исфејка виде дека нема кондиција,и најверојатно ни замачкаа очи да не испадне дека сите сами си одат, оти на цурата нишо не и беше, се фрли сама на прав пат на песок. Симпатијата мој Марин не знам, можда и он нешо забушавал, али му се прашта оти ми се свиѓа де.... Тие двајцата срби први шо испаднаа не беа лоши, него ли беа шиканирани оти не лижеа гз... Се изнервирал коа изгубил, мајката...Битно оваа со трите деца шо само црка ја чуваат оти не им е препрека, али тие таквите догуруваат до крај. Многу се изнапишав, али избинџав вчера па да пишам дека сум разочарана.