Леле чудно ќе ни биде без Боки. Да пушти некој што гледал survivor 2022, 2023 и 2024, нема да препознае. Survivor без Боки и Марио не е survivor, ама ај ќе дадеме шанса, може Амар ќе не изненади, иако тврдам дека од Боки подобар нема да биде.
Аман бе @DS10 па ти со тој Боки твој, ја едвај чекав да го тргнат. А овој па сеа шо го стаиле види му го овие шорцевиве на сликава шо си ја пратил, абе тесни тесни тесни, пукаат на него. Не дај боже да клекне или да прдне, толку ќе им биде. За разлика од него, овој на хрватите види шо убаво е облечен. Алал да му е на дечкото стварно. Сите пофалби за него одат од мене.
И мене ми фали Боки а и Марио.Лани обични гледав на новаС но ете некогаш ќе пуштев и на новаХрваска го допирав гласот на нерви ми одеше новиот. Ама и јас давам шанса.Има навика и одвика.
Абре лани се каравме сега сакаш пак? Бокита не го давам А за шорцојте и ја приметив, баш си велев на вујна ме потсеќа
И дојде време пак трици да јадам Сакав синоќа да напишам одма ама реков ај да преспијам за да ми легне убаво. Почетокот некако ми беше многу лабав, мирен и не многу типичен за други сезони. Ете со неколку збора би рекол не перфектен ама задоволувачки, зошто сепак е прва епизода и не можам да судам толку рано. Од натпреварувачите не запознавме многу, неколку што ги праша Амар да се претстават, од зелените одма пробаа да се истакнат Дуња и Стефан, Дуња ми делуваше како да и умрела ѓупката што ја фалела, некако беше многу самоуверена дури и повеќе од што треба. Прв впечаток ми остави ист каков што ми остави и Стефановата мама 2022. Ќе праи сплетки изгледа... Стефан го згрешил ријалитито, не е за него ова, требало на love island да си појде. Речиси па и да не видов женска такмичарка со која не флертуваше. Олеснување му е ваљда што жена му била швеѓанка и не разбирала српски, ма да додуша и не мора да разбира српски за да види кај ја чуваше раката ноќта... Милан Милош тој професорот како се викаше ми остави поинаков впечаток од што очекував. Мислев дека ќе биде ко тој Миланот од пред 2 години што си се самокруниса за татко на племето, ама не, ми личеше мирен и сталожен и дека нема да прави многу проблеми. И уште Маја ми личеше дека нема да е таква што би правела проблеми. Од зелените само нив успеав воопшто да ги запаметам. Кај жолтите не запамтив скоро никој, само Роко и Роналд кој е машка и жолта верзија на Дуња, тој ќе бил тата племена. Ќе бидеш ќе бидеш само да не леташ пред време. А вака генерално, зелените ми личат на физички поспремни, само што немаа среќа што требаа да се враќа тој по топчето, жолтите се покрути и потромај. И сега уште збор два за водителот, има потенцијал, не е лош, добар смисол за хумор има, ама сепак ќе треба да почекаме да видиме како ќе ги коментира полигоните, оти она вчера му беше од продукција пишувано што да кажува во најавата. Имам надеж, ќе го бива, ама да му го заземе местото на Боки нема да може, може само да завземе ново место... Баш пред некој ден читав лани што сум пишал во мислењето за прв впечаток и сфатив дека ама апсолутно ништо не сум погодил, се што сум пишал на крај испадна дека го мислам спротивното, затоа ова мислење не ми е толку важно, поважно ќе биде тоа таму крајот мај кога ќе се цитирам и ќе кажам што сум згрешил што не... За сега не е лошо, ќе видиме понавака
Не знам дали е само до мене, ама обично претходните сезони појака еуфорија сум имала за шоуво Сега нешто како да не сум фасцинирана, сеедно ми е дали ќе гледам или не, не ми се интересни или па дека уште не знам ниеден лик, којзнае
Некако слабо активни годинава, во право е @dejanadejana777, нема hype... Вечерва е првата игра за имунитет, малце изреметија со епизодите, до лани во среда и четврток беа за имунитет, сега вчерашната за награда ја дадоа. Јако ќе биде на племенскиот совет, да паднат маските, затоа што вака сите сложни не ги личи, не е то то
Прв племенски и зелените ќе гласаат нивен член од племето и сега полека ќе си ги покажуваат правилните лица кој за кого како и што мисли.Дури сега ќе почне да е интересно.Морам да ги пофалам водителиве оваа година ми се интересни барем сега за сега ми оставија позитивен впечаток. Полигоните тие се и веќе се досадни искрено не ми задржуваат внимание. Почна и со драми за одење дома. Не ми текнува како се викаше од жолтото племе што плаќеше за дома а ваквите ликови што драмат обично остануваат подолго. Милош од зелените кој ја освои огрлицата ми остави добар впечаток смирен сталожен е не се наметнува.Фаворит вр 2 ми е... Досадно е ама ќе дадам шанса.
Боки ми е незаменлив.Ми фали неговиот хумор ама тоа е мора да прифатиме.Едвај го чекам племенскиот баш ме интересира што имаат да си кажат едни за други и кој ќе биде првиот кој ќе го напушти survivor.
Покрај се тоа, ме интересира и дали Амар е способен да подбуцнува и чепка ко Боки. Со Боки беше да ти е мерак да слушаш племенски.
Слаб почеток, монотоно. Да се надеваме дека ке се смени нешто наскоро. Мене до сега позитивен впечаток ми оставија Милош и Чедомир од зелените и Стипе од жолтите. За останатите уште немам некое посебно мислење.