Искрено мислев дека ќе се жали ама дека ќе тера.Обично тие што кукаат најдолго остануваа.Но овој се откажа уште првата недела.И се согласувам со тебе зазел место за џабе можело на негово место да биде некј кој ќе се бори до крај.
Слабо сме активни годинава, помал е интересот за сезонава, @$ophia ни ја нема... Сега гледам зелениве колку се моќни и дека игриве всушност зависат од нив, не од жолтите. Адријана и Марко сега збореа и Марко вика што ви е денес до вчера колку борбени бевте, Адријана вика немаме потреба од победа вечерва... Више преку глава им е, не можат да се поднесат, а немале можност да се прочистат од внатре.
Абе ја немам опција да гледам од ТВ директ преку Телекабел како што си гледав, затоа не гледам. Мислев ќе можам да пуштам стримови секој пат, ама ми текна дека ќе кочи, ќе сецка, крш ќе биде квалитетот и ништо нема саглам да видам. Затоа ни една епизода немам изгледано. Штета стварно. Може и касно ми е да почнам сега, или ?
Да. Се согласувам скроз. Не сфаќам што беше вчера она, нови дојдени од стари сезони... се некои чудни правила... Претходни сезони едвај сум чекала да гледам, сега сум онака, не ја ни догледувам епизодата.
Не сфатив и јас убаво што се изнадеси, ги вратија Марин и Анастасија од лани и Марина од 2023 затоа што сите си заминаа поради повреда.
Ајде и јас да се приклучам после некоја година на форумов, стримовите мене не ми се толку лоши, да си кажам што ми лежи, иако ќе биде хаотично, а и веројатно не сум гледала све. Рекорден број натпреварувачи годинава го напуштија Сурвајвор пошто им се здосадило да седат, лош кастинг правеле. Фејл исто се Марина, Марин и Анастасја, тотално непотребен потег пошто исто се случува како и лани. Иан го разбирам зошто сака да си оди, Паула му ја цица душата, и откако им украде колаче на Зелените кога освоија награда и отидоа да јадат, и откако му се издра на Иан, тоа често и се случува, се гледа дека не го мириса и е нетрпелива со него (а Леонарда ја гушка и бацува цело време иако има две леви раце и нозе), не можам да ја смислам. Каква тиња треба да си, да седнеш на маса со непознати луѓе, да им брцнеш во тањир, прво да негираш дека си украла, па откако си фатена, снимена и соочена со фактите се кљафтиш како недоветна и ќутиш како мивка, Марко једини се обиде малку да ја спаси ситуацијата и да размени збор-два со Зелените, другиве сите како мутави се понашаа. Му се скурчи вероватно на Иан и реши да си оди. Марин ептен ако е толку болежлив и нежен требаше дома да си седи. Ако веќе навистина имаат илјадници кандидати, и при кастинзи, они ги одбрале овие луѓе што сакаат дома зашто им фали мама и бато после помалку од месец, стварно продукцијата да се преиспита. Или лажат дека им се пријавуваат толку многу кандидати, трето нема. Стипе ми беше смешен, иако тешка лујка, прво ја сакаше Барбара, ама не ѝ даде таен имунитет, па после му го даде на Остралијанецот, за на крај него да го гласаат и да испадне. Што имаше во глава како замисла, не знам може не знаеше ни он самиот. Другиве од Жолтите ми се мех, Борис си ќути си дупи, Леонарда манипулативно плаче секојпат кога треба за да си го извлече дупето и ете ја во обединувањето, Роко и Марко ми се океј онака, Марина штознам, исто сум индифренетна, Паула више нејќам ни да ја спомнам. Ванеса е супер јака жена, секоја ѝ чест, барабар со мажите, иако во понашање може малце да се смени. Иван, шта речи Стварно личи малце како неандерталец, растен во скриените прашуми на Австралија. Се труди да биде разбран. Ми беше криво кога му ја украдоа перницата или ќебето (не ми текнува), проклети се тие луѓе што крадат. Исто ме изнервираа Паула и Ванеса кога ги гласаа истите па истите за последната награда за јадење, среќа Роко малце раздрма и потсети дека тотално ги игнорираат Марина и Борис, колку и да не ти се допаѓа некој, ептен е нечовечки да го прескокаш кога се работи за храна со оглед на тоа што ја има малку, значи единствено фер е сите да јадат по еднаш, ако има и за вторпат супер, ако не здравје. Зелените оф. Му се нафрлија на Стефан иако јас искрено не разбрав што направи толку лошо за да свикуват дури и родителски састанци за да го караат и на крај пак да го гласаат, бидејќи не ги задоволува нивните критериуми за добро однесување? Тука главни беа Адријана (и нејзините бркови) и Профа кој иако ќути и трепка како сојка, тежок манипулатор е. Смаиот факт дека веќе тројца кажаа дека го сметаат за пријател и фино си разговараат и им помага, а он ко пичкица некоја мушка трепка и вика дека пријател е тежок збор, значи дека богзнае што им збори на другиве само за да искочи добар во нивните очи и да добие тоа што го сака и да не гласаат за него и да мислат дека е супер лик, а после ги отфрла, како што бидна со Стефан и со Сречко. Профа и Адријана се опасни тртљачи и оговаратори, и допрва ќе искачаат работи на површина. Дуња не ме бендисува, иако непотребно душата и ја извадија после инцидентот со солта, и пресмешно е како после секоја елиминациска борба и се фрлаат да ја гушкаат и храбарат, као у стилу, ајде ајде браво, нареден пат пак ќе те гласаме, па ќе се опробаш пак Зарем толку имаш потреба да гушкаш и храбриш човек кој го гласаш цело време пошто не ти се свиѓа? Мене ми е и тоа врло манипулативно. И ме изнервираа кога после борбата меѓу Стефан и Дуња, упорно се потенцираше дека Дуња победила, а се игнорираше фактот дека Стефан ЈА ПУШТИ у задњи час. Човекот објасни зошто, видел колку се бори и дека сака да остане, а него нема да му смени многу останување уште една недела пошто не може занавек да освојува личен имунитет, а племето дебилно му се погоди, ќе го гласаат пак и според него фер е Дуња да остане. Иако и за неа не се сменија многу работите. Ивана и Лана ми се мех, онака, се дружат со Адријана и Чеда и Профа и Марко, па нешто послабо се гласани. Ана и Адријана и одма позади нив Профа ми се лошото трио. Ивана мислам убаво кажа последнава недела на Племенски, особено дуото билдерки Ана и Адријана, само зборуваат за негативното и грешките на другите луѓе, нема кадар каде они двете зборуваат за манџи, депилација, креми, сонце, за децата, за животот, за било која друга тема, макар малку, освен за тоа кој како се однесува (лошо), кој колку работи во кампот (малку), кој колку победува на полигони (помалце од нив). За Ана тој што не се кљафти од сабајле до вечер ко да јадел печурки не е весел и мрачел (Сречко) , за Адријана све е будалаштина (сѐ што ќе кажат другите за тебе). Според мене на Ана и се свиѓа Сречко, поинаку не можам да го објаснам опсесивното размислување и зборување нејзино за него, се чини како да се трудат од петни жили да најдат нешто, било што, што ќе го оправда нивното гласање за него. Не е точно дека Сречко е цело време мрачен, едноставно помирен карактер има и овие две каракоџули го потиснуваат и не може да си биде свој пошто знае дека ќе биде коментиран и осудуван за секој чекор, многу judgmental карактер имаат и двете и само со прстот вперен во луѓе. Сречко од тоа се плаши и затоа кога овие отидоа да јадат и останале неколку луѓе понормално, се зезале, се смееле и баш искоментираа дека Сречко е fun guy всушност. Може има амплитуди во расположение, спомна дека неговите дома неарни биле, ете човекот може оптеретен е и од некои други работи од надворешниот свет. Драго ми е што ја гласаа Адриана, полош табиет е од МиЉанка, таа за нејзина несреќа цело време мелеше за сите и сенешто, па знаеш што мисли, не беше паметна, а оваа мудро манипулира заедно со Ана, која е млада, мала, згодна докторица, врцава, насмеана, а уствари тешка запршка е во маџите на Адријана. Биг ноу за двете од мене. Његош ми е преспор за да бидам трпелива со него, Марко исто. Анастасја не знам што да кажам, дошла да се промовира. Нови цицки, нова уста, нови веѓи, ново све, само и замина ѓувегијата Немања кој ќе ја однесеше својата принцеза во обединувањето на кралството, ама ништо. Касно сфати Анастасја дека пољопривредникот Чеда е боља партија пошто Немања искочи сељак тежок (и го исфрлија, им здосади, којзнае што направил, јас јавно би го исцинкарила), ама дека богат, па затоа неодолив, не успеја стратегијата. Честитки за изгубените килограми на маживе, ајде да видиме уједињење како ќе иде. Ама сезонава е досадна, се презаситивме од истите игри и истите муабети, не знам уште колку сезони ќе тераат вака безидејно. Напишав книга
Не уште, нареднава недела би требало да заврши. Пс. И мене ми е прилично досадна сезонава, ама ајде, си ја гледам
Лоша сезона крајно, ако начекам гледам ако не само кратки снимчиња на инстаграм ќе видам колку да знам што се случува. Дефинитивно и најкратка сезона, најверојатно ради сите тие што се испоизоткажаа. Најмногу мака ми е за Чедо, Милош и Ана, особено Милош и Ана кои ги гледав како финалисти. На нивно место остана Лана неспособната па и Андријана која сметам дека далеку дотера со оглед на нејзините способности. Ете Лана си замина, па да дочекаме и за Андријана. Победник очекувам да биде Његош.
Чудни ми се луѓево. Драго ми е што Советот гласаше за Марина, Паула после крадењето колачи ми е биг ноу, и не навивам за неа ама ич. Ванеса е прилично константна, така што очекувам борба меѓу неа и Роко, стварно се одлични двајцата, Марина помалку, ама сепак делува разумно. Лана прилично делулу, но не разбирам зошто Ана толку се налути. Дали таа би гласала на пример за Немања, за да остане појак играч од него во игра? Се сомневам, така да не може да очекува од другите да се понашаат така како што и самата нема да се понаша во текот на гласањето. Поминавте два месеци гласајќи за Дуња и Сречко до смрт, ова е резултатот. Његош, Марко, Ивана и Лана се здружиле (легитимно), исто како Ана и Немања, и така стигнаа до финалето. Никој не ѝ е на Ана крив што Немања се изглупира и го избркаа, инаку сигурна сум дека она ќе беше во кланче со него и Анастасја. Лана е тотално бескорисна, но Ивана на пример имаше право, Адријана е исто во финале/полуфинале поради сплет на околности (впрочем како и Лана), а не поради тоа што е најјака женска како што она си замислува. Ивана рече дека статистички она била подобра од Адријана, значи доказ плус дека доволно е и само да гракаш дека си најдобра, кад тад и другите ќе поверуваат, fake it till you make it. Не ми е ич криво што испадна Ана, тотално нема поим дека дошла во Сурвајвор и дека најмалку е битно колку глутеус имаш и откако го исфрлија Немања, се покажа дека не знае да игра и дека пак, дури и на најсилните може да им се случи да губат. И она што најмногу ме иритира е таа блентава, ничим изазвана насмевка која покажа на крајов дека е тотално фејк и дека она е навикната да се смешка цело време за другите да мислат како е она симпа, добра и врцава уствари беше ептен лута, непотребно. Кај зелените не знам, никој не ме бендисува, Адријана најмалку, така да меѓу Његош и Марко би се кршеле копја веројатно.
Лош обид за спектакл, лажно шоу, пак ептен се потрошиле од продукција, еден огномет дури купиле. Леле аман нека се брукаат, подобро и поздраво за шоуто ќе биде да има пауза од година две три, да ни зафали и да имаме мерак повторно да гледаме, или да го сменат форматот зошто ова веќе не е за гледање. Годинава беше игри без граница, вајпаут и нинџа ратници, не беше сурвајвор, а и дур е овој турски формат нема ни да видиме квалитетен вистински survivor. За да седнеш, уживаш и едвај чекаш нова епизода, единствено решение е враќање кон корените и изворните идеи на survivor, тој стариот формат до 2012, кој уште руши рекорди на гледаност во многу држави како САД, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Африка... Многу трици се изнајадов, се осеќам ко некој експерт ко ќе викнат во студио на изборна ноќ, ама да ми олесни. Кога сме кај финалистите, кај жолтите ама ич не ми беше важно кој ќе победи, само чекав да поминат, па и навивав за Роко зошто имаше предност па за да завршат побрзо, кај зелениве бев за Његош, ама јебига друже судија...
Бидна и тоа чудно, се заврши и оваа сезона. Не сум сигурна дали е до форматот или до нешто друго, не сум гледач на Сурвајвор, ама ретко неинтересен кастинг годинава, чудни луѓе, ни драма ни вистински борби, сѐ ми беше некако млако. Навивав за Његош искрено, дека женскава на Марко ми е ретко антипатично створење и двајцата ми се ретко антипатичен пар, ама ништо. За Роко ми е драго, константен цело време и си дошол да игра и да победи, спремен и физички и ментално. Марина малце повеќе во warior филм, вергла сега еве на Плус дека дошла сама, па све сама, дрндрн, не ја разбирам баш со оглед на тоа што освен мутните Паула и Леонарда, не е дека имаше некои посебни кланови. Ајде догодина здравје малце да се оправат и да бидат покреативни, нешто да сменат да биде поинтересно за гледање, и Плусов исто па исто, трач муабет со све едни исто, онаа Црногорката плава не знам како не им збогитса, гласње, твитови и чао лека ноќ. Нови идеи ом требаат.