Мислам дека нема ваква тема, доколку не знаете пред скоро 1 месец почна да се емитува нова сезона на Survivor, племињата се наоѓаат на Доминиканската Република и се поделени на црвени (срби) и плави (хрвати). Се емитува на Nova s, дали некој од Вас го гледа и кои се вашите фаворити, за кое племе навивате ?
Членови на црвените се: Милица, Маша, Стеван, Стефан, Владимир, Рамиз, Бранко, Наџа, Мина и Јована, исфрлени Нигор и Ивона. Членови на сините се: Горан, Томислав, Викор, Роко, Тена, Ника, Сумеја, Невена и Хрвоје, исфрлени Сања, Кристиан и Ивана (поради повреда).
И јас многу ми се тимски играчи сите и забавни се имаат повеќе комуникација. Не го гледам од сам старт,т.е почнав од вторникот некаде. Гледате онлајн некаде или на тв? Да известите во колку има наредна епизода. Јас гледам на српската Нова телевизија.
Ги гледам уште од прв ден . Најмногу поради Стеван, ептен ми е маче, мој стил црн 194 висина, мало носе, забиииии
Таг до @f.girl и @sweet-cherry за темава. Иначе јас на линков гледам: balkanteka.net Само многу е споро, кочи и има милион pop ups.
И јас како Безименка гледам на истата страна. Ако имате некоја подобра споделете ве моЉа зошто оваа ми оди на живци. Од почеток бев за црвените, има интересни ликови. Од плавите има ептен иритантни ликови некако. Исто малку ме живцира што многу ја развлекуваат, ќе има 1000 епизоди. Инаку некако имам впечаток како да им даваат храна скришно
Јас навивам за сините. Таман за баланс на темава. Иначе за гревови е српскиов Survivor. Прво од кастинг. Не се дојдени сите да се напреваруваат. Ја слушам онаа Мина, овој и бил фаворит, оној сакала да победи. Bitch, ти треба да сакаш да победиш, за кој к** си отишла? Второ, не ми требаат животните приказни на сите натпреварувачи. Прееееемногу непотребно должење. Треба да дадат само тоа што е релевантно за играта. И трето, треба балансирано да ги даваат двете племиња. Плавине 2 минути (ако и толку) и после пола саат црвените со некои безвезни муабети. Се на се, прилично лоша продукција. Ама на Балканов, доста ни е и тоа.
Ова е проблемот што сакаат да спојат хрватска и српска телевизија, и сега кај хрватите се дава верзија кај што фокусот е на плавите, на нова тв се дава српската верзија што и ја гледаме ние кај што 24/7 се црвените. И затоа е вака без баланс и глупаво. Една верзија треба да ги снима двете екипи и тоа е тоа, а не вакви поделби. Па и двајца водители нели има, се прашувам дали хрватот ја води верзијата за хрватската тв.
Преглупа ми е таа поделба искрено, како ретардирани два пати се снима, јас ја имам нова и на тв си гледам, инаку да Бојан е за Српската, а Горан за Хрватската.
+1 Повеќе ми се допаѓа атмосферата во синиот тим. Некако многу фејк ми изгледа дружбата кај црвените Стеван ме изненади позитивно, не навредува никого и мислам дека е најреален од сите. За Стефан кој е најдобар во борбите немам некое посебно мислење. Од девојките засега немам фаворити, Милица има најдобра физичка форма, а и Маша е тука некаде. Само Роко Се изненадив зошто не го номинираа. Никаков придонес нема за тимот, нити пак учествуваше во последните игри. Горан и Виктор ми се фаворити од синото племе. А и Хрвоје ми е многу кул личност, мило ми е што не си замина Од женските фаворит ми е Ника дефинитивно, и Тена е тука некаде. Споделете ако имате линк од Хрватската верзија. Со @Bezimenka90 и @sweet-cherry да ги слушнеме и другите животни приказни, досадни ни се само црвениве
Мене ми пречи тоа што гласаат за Наџа, можи е послаба ама од сите игри што ги игра често носи поени, за разлика од Стеван, кој е реално иако е физички спремен, не дава ни максимум ни победува.
Мене кај црвените најмногу ми пречи што за секое гласање по автоматизам гласаат за женско. Дури и самите жени меѓу себе се гласаат, што ми е нелогично и ме иритира. А реално не се дотолку лоши во игрите.
Според мене женските од црвениот тим се прилично слаби во споредба со тие во плавиот тим. Најглавните поени во игрите му ги донесоа баш женските, ова за кај плавите зборувам. Додека женските од црвениот тим се повеќе за драми правење донесени него за играње. Како само ѝ се нафрлија на Јована, а не ѝ ни дадоа шанса да се покаже.
Јас мислам дека Јована добро ќе се вклопеше ако Ивона не ја одтргнеше уште одма, не и даде шанса ни да се запознае туку одма почна да ги озборува. Сега мислам дека Јована баш е океј со сите.
Па не ми е јасно зошто чекаа да си замине Ивона, па да седнат да прават муабет со неа. Требаше уште на почетокот да ѝ укажат на некои работи, ама ајде не е важно битно сега гледам дека добро ја прифатија. На последното гласање ниеден глас не доби.