Заврши па да пишам збор два. Сезонава игриве ми беа крајно досадни, немаше никаква креатива да се смени малце, крајната цел беше цело време гаѓање. Второ, скоро и да го немаше делот ,,преживување''. Цело време јадеа и добиваа награди. Го немаше делот со да јадат бубачки и слично, наградите што ги добиваа сите беа убави. Плус имаа награда фрижидер со еден куп храна?! И да, сфаќам дека буџетот не им е нешто голем, ама за креатива и не треба толку пари да се вложат. Како да прават survivor a да немаат погледнато ни една епизода од оригиналниот. Во однос на победниците, и двајцата мислам дека заслужија. Посебно ми е мило за Невена, мислам дека во игрите даваше 110%. Горан јас не го гледам како победник, сметам дека женските од плавото племе беа далеку појаки. Стефан од почеток некако знаев дека ќе заврши на прво место, физички и психички јак дечко. Во однос на учесниците годинава, многу злоби се имаа собрано на едно место. Како да не сфаќаат што е поентата на преживеан и зошто се дојдени. На крајот од денот се знаеше дека ќе се бори секој за себе, нема тука што да се сфаќа лично. Сумеја скроз беше petty, а Мина и Владо многу негативно ме разочараа откако излегоа. Наџа доживуваше булинг јавно и беше скроз гадно. Ќе ми фали рутината да гледам секој ден заедно со @Bezimenka90 и @f.girl и поише да си збориме него да гледаме Ако има наредна сезона, мислам дека пак ќе се излажеме да гледаме.
@sweet-cherry @f.girl девојки, мила ми беше дружбата и знам дека после толку изеден бурек од моја страна, пак ќе се нафатам да гледаме и наредна сезона.
@sweet-cherry @Bezimenka90 лав ју Не се праќаше гифот зато слика И нормално, најомилениот гиф на сите времиња:
Реално треба да е секој за себе таму, ама годинава имаше доста учесници шо се излутија шо се паднаа во дуел/сами заминаа во дуел. А некои со однесувањето стварно беа или пак отпосле испаднаа разочарување. Ќе си ги гледаат снимките крај краева. Сами ќе си сфатат шо, како и зошто биднаа многу дешавки.
Гледам дека во оваа сезона повеќето натпреварувачи се баш млади во своите 20ти . Се надевам дека годинава ќе биде поинтересно.
Врска немам кај можи да најдам линк Ќе се распрашам баш. И јас одвај чекам да се коментира П.с какви мачиња има ова сезонааа
Кај може да се гледа сезонава или бар таа прошлата онлајн негде? Ги гледам Америчките ама сакам и овие нашиве да ги изгледам.