Сакаш да кажеш дека ти се скроз океј навредите кои ги упати кон Хрвоје? Многу ме иритира фразата - без влакна на јазикот. Често се користи во погрешна конотација и им служи како оправдување на постапките на оние кои себе се сметаат за брутално искрени. А, всушност се искомплексирани в крај. Како Милица на пример Постојат начини да биде искрена без да употребува навреди. И тоа малку што го ценев кај неа пропадна после таа изјава. Баш ме интересира што точно ќе му каже во следната епизода. И дали тоа со шамарот се однесува исто на Хрвоје. Да.
Јас од почетокот сум за плавите, но ме изнервираа што гласаат за најјаките. А Кристијан сам се повлече бидејќи не сакаше да се враќа пак во тимот (мислам). Милица е јака за нејзините години ама е многу дрска. Искрено не знам како ја трпат таму. И збореше на Јована дека им седела меѓу нозе на машките а таа кога ке победат им се качува на сите. Баш ми е мило што Хрвоје ке и каже утре. А за гласање Мина и Стеван нема да ги гласаат. Ке останат Рамиз и Наџа. Не знам денес зошто Рамиз не играше.
Милица е многу глупа, искрено. Survivor е пред се игра што се базира на социјална стратегија, а не олимпијада. На крај ќе седат 2-3 (во оваа чурук верзија може и 10 ќе седат) и ќе се гласа за победник. Ако мисли дека ќе седат таму и ќе мерат кој како придонел, ептен се лаже. На крај секој ќе гласа реало за тој што му е најблизок и највеќе му се допаѓа. Имам чувство дека таа нема да биде гласана и да стигне до крај. Иначе нема фер и нефер исфрлање. Нема заслужено и незаслужено гласање. Едноставно во Survivor нема правила (освен физичко насислство) и може да гласаат буквално како ќе им ќефне. На мажите и те како им одговара целата оваа стратегија да се исфрлаат најслабите и е сосема легитимна. На жените секако не им одговара таа, ама јбг, Балкан. И онака за одмор се отидени тие, повеќето се со стратегија легни и умри.
До кога треба да трае? Еве месец дена се таму а нема абер од крај, пак се 10тина души вп племе и нема да ги спојат кплку што ми личи на мене.
Многу глупо ми е ова со доаѓањево на нови членови. Шо знам, нема потреба. Иначе вечер, или Мина или Наџа ќе бидат изгласани. Нонстоп им трубат најслаби сте, вакви сте, такви сте…
Спојлер Јас прочитав дека Рамиз ќе го номинираат и дека он ќе испадне, потоа дека Хрвоје испаднал. Кој знае што е точно.
Буквално. Од една страна како ќе се вклопат кога веќе овие се 2 недели заедно? Од друга страна секако се далеку поодморени и способни за игрите. Оваа година продукцијава е прилично лоша.
И мене ме нервира што влегуваат нови и никако да им се намали бројката од 10 членови во едно племе.Кој вака колку ќе трае. Иако новите поодморени влегуваат ама сепак не можат да се зближат толку со племето како почетните што веќе се доста блиски меѓу себе.Затоа мислам полошо е за нив освен нели ако ептен се добри во игрите. Вечер мислам Наѓа ќе ја гласаат ама во дуел ако со Хрвоје тешко овој пат. Не верувам дека и он ќе испадне џентлмен @Monicheee дај кажи кај да читнеме и ние што сме љубопитни пред време да дознаеме што како било
Има повеќе победи од Тена. Плус Тена често зема послаби натпреварувачки, пример борба со Мина е како сама да се бори. Милица најчесто ја бира Ника која е јака. И Тена е во топ три, ама Милица и Маша се појаки.
Грешка си. Маша ја бира Ника. Милица најчесто ја бира Сумеја и тоа баш во игри со пливање што знае дека и се слаба страна. Инаку може ќе остане до крај ама на крај нема да добие ниту глас од исфрлените ниту од публика... Мене Роко ми е хит
Сите бираат послаби натпреварувачи, тоа им е тактика. Еве конкретно Милица ја одбра новата натпреварувачка Ивана. Значи тешко дека Милица бира само јаки. Роко само зборува ама ко ништо да не кажува. Понекогаш мислам дека и тој самиот не се разбира што кажува.
^за Роко мислев само јас не го разбирам што зборува.Баш вчера на плажата кога збореше,збореше И ништо не кажа
Милица е еден од појаките такмичари и мислам дека ќе остане меѓу последните. Само нема влакна на јазикот и кажува што мисли, за разлика од многу што се лицемери.