Дааа, мене Горан во игрите ми е супер и вака надвор од игрите. Е, да можеше ради тоа. Ама овде кој им е мил него не го гласаат...
Со кој памет Горан, Со којј??? Виктор шо е дојден на одмор? Јес да се повреди, ама ко можеа Ивана Банфич да ја пуштат дома можеа и Виктор, јади пие исто ко на одмор, а Роко ретардираниот? Крајно сум разочарана од плавите ама она максимално, не знам шо очекуват да останат само жените и Роко? Не се свесни дека ако има соединување дека мамичето мамино ќе му се расплачи дека први ќе летат. Ќе ги искинат, црвените барем се искрени меѓу себе. Тена и Сумеја одвратни да нема даље.
Од почетокот бев за црвените, но видов дека кај нив владее малку глуматење па сините ми станаа посимпатични т.е пореални иако се послаб тим. Но после синоќа дефинитивно шо викаат со свој камен по своја глава . Дефинитивно сакаат храна да не видат до крај . Навистина не ги разбирам зошто ги гласат појаките членови , само жени останаа а физички ич не се спремни истите. Гласав за Горан поштооо он мисли дека неговиот живот надвор од шоуто е поважен од нашиот сестро шо и ти гајле за неговиот живот и мислење за надвор од шоу нема да се дружите, гледај таму што придонесува човекот. Страшно
Вчера не гледав,сега ја фатив репризата и .... Просто не ми се веруваше Мислам сепак дека ова е масло на Виктор.Горан му е јака конкуренција и едноставно сака да го елиминира. Некако ми изгледаше доста подмолно,ништо не коментираше за Горан. А колку само не е фер што е сеуште "заштитен".
И мене со Виктор не ми е јасно. Како Ивана кога се повреди ја испратија дома, зошто не и него, веќе долг период и така не игра...
Италјанскиот сурвајвр им се вика Островот на познатите да видите само какви игри им дават, а не овие и најадени и напиени како на одмор да се . Штета што ги нема со Англиски превод. Така да кој разбира Италјански може да гледа.
Мислиш пократко трае или сечат некои делови? Може ако има пократки реклами кога ја емитуваат репризата.
Онаа па Мина ми е многу одвратна. Нападна е со урлањето за време на игрите. А и игриве се тапа, едно те исто се.
Мизерија е... и она, како и Јована и Наџа вечерва ако загубат црвениве од нив една треба да се номинира.
Милица повредена,сега уште Маша фалеше да се повреди Овие другиве две Наџа и Мина катастрофа се. Една од нив вечерва сигурно ќе ја гласаат. Горан дефинитивно им замери на плавите и како лагано игра,се откажал сигурно.
Canale 5 од понеделник до петок во 16:10 и емисии понеделник и четврток во 21:45 , Italia 1 во 13:00 и 18:00 лајф стрим имаш на медиа сет страната но треба да си логиран. Има и на други Ит страни ама полни се со вируси и не би ти препорачала. Инаку јас најчесто знам да видам и на јутјуб кратки инсерти има . али не ги гледам редовно
Јас мислам дека со право вака реагира.До вчера што се вика мислеше дека е супер прифатен во племето и сега одеднаш бум. Плус вчера нели и ги праша значи ако сега победам во дуелот,нареден племенски пак мене ќе ме гласате? И си доби потврден одговор. Така да...мислам повеќе од лутина вака реагира. Иако па може и треба упорен да биде да се бори.Сепак се дојдени за индивидуална победа а не за блискости и дружења.
Си праи штета на тимот и сам на себе. Доколку изгубеа неговиот тим ќе требаше да се натпреварува со член од неговиот тим ( он секако ќе се бори за да се врати у тимот пошто сите се отидени за да победат како индивидуалци и нема да се откаже) . Во двобојот со два члена од неговиот тим еден ќе мораше да испадне што значи авотматски пак ќе имаат член помалку од црвениот тим. А со тоа голема услуга им прави на црвените, а штета на неговиот т.е плав тим. Додека се уште се во поголем број играчи нема баш простор за осветољубивост, ти трпи тимот вклучувајќи те и тебе како единка, пошто се уште играат како тим. Ако тимот ти е се послаб колку и да си јака карика не игра мн голема улога.
Абе ок ама и Кристијан и Хрвоје “изгубија” во двобојот од револт. Тимот треба да е свесен што губи кога номинира јак член. Дали ќе се бори во двобојот Горан ќе видиме…