Мене овој крај најмногу ми се допаѓа http://tvolucion.esmas.com/telenovelas/ ... -teresa-1# Иако и вчерашниот не беше лош.
Маца не се смеев за тоа што ти напиша 3 милиони, се смеам зашто никако не изреагира фернандо за 300 милиони.... онака баш рамнодушен беше. Сепак е сеија ама незнам кој би ја оставил жива да му украде 300 милиони, за 3 ај да речеш ама 300 А да го ставите крајот кај што ја убива Фернандо?
Офтопик ми е смилењево но да прашам тука. Дали на Пинк даваат некоја шпанска серија од кога завршија Валентина и Тереса?
мене овој ми беше баш најтапа! па нели сакаше реално да се промени, се откажа од 300 милиони и куќа, и демек сега пак она по парите се лепи кај друг! да бре, глупости, до вчера имаше 300 милиони во ќеш, ги донираше од срце, и сега пак истото да го прави! Hекако оваа алтернатива не ми се допадна Hајвеќе ми се допадна со Aртуро, паднаа солзи паднаа пуштив по некоја солза, ко и увек кога го гледам видеото! значи преубаво глумат, супер глумци се едит- по грешка Mаца сум ја цитирала Hема везе, ме мрзи сега да се пребришуем, коментарот е за 2та алтернатива, кога се вработува во фирма
Добро што имало тема, така можам да се испукам Серијава не ја гледав кога одела премиерно на Пинк, туку ми ја препорачаа, као била многу слична на Руби, па ликот на Тересита ми го испофалија, па глумицата не знам каква била, талентирана, убава... Ку*ци, палци... И онака не гледам други серии, почнав да ја гледам оваа на нет, уште 50 епизоди ми останаа серијата е досадна в крај, непоучна е за разлика од некои други серии (али добро, ај, тоа простувам, и онака кој сфаќа озбилно поука од сапуница?), глумицата, не знам што гледаат во неа, ептен ефтино и просто ми делува, права овчарка со пластифицирана фаца, на почетокот особено глумата и беше катастрофа, и таа и тоа семејството нејзино од квартот, аматери...Сакав да ја прекинам пред некое време, пак ме излажаа овие моиве... Аха, тоа допрва ќе станувало неизвесно и интересно... Ахам, баш ми стана интересно И уште ме лажат сега пак крајот ќе бил интересен и непредвидлив. Со Руби ја споредуваат... Озбилно? Па Руби за оваа е поим за серија, поим за глума, поим за убавина и поим за јак лик и негативец... Оваа, ајде, можеби не е ни серијата толку лоша колку што ми е и актерката и ликот одбивен. Со она нејзиноно детско фацуле ќе изиграва fem fatal и злоча, абе ајде. Глумам некое ангелче и вредно бубаличе, а уствари сум ѓаволче и опасно ку*виче. Бреј, жена со сите "квалитети". Не знам зошто ми е толку одвратна, Руби не ми беше, дури честопати и можев да ја разберам, ама ова девојчиштево - НЕ! Аида и Аурора ми се посимпатични, особено Аида и Пауло како пар ми беа ОК. После и Аида ме разочара некако, три епизоди откако и умре свршеникот се фати со досадниот Маријано. Ах и Хектор го заборавив, Артуро де, ништо не научи од Руби, сега и оваа го влече за нос Гледањето на оваа серија за мене е сериозно губење време, ама сега не знам дали да ја догледам за 50 епизоди, кога веќе изгледав 100. Да знаев дали ќе и тргне на малата вештерка Тереза на лошо, па и ќе ја догледав без размислување и тoa со извесна доза на задоволство. И за крај извинение до почитувачите на ликот и делото на Тереза, ако ги има, но навистина мене нејзиниот лик ми е одбивен и актерката некако пренесува негативни вибрации и не знам како можеле да и дадат улога што некогаш ја прославила Селма Хаек и претходно некои други доајенки на мексиканскиот филм од 50-тите и 60-тите. Спојлер И оф малце, баеги време дури гледав се мислев на кого ми личи физички (за карактер не знам ни едната ни другата ), пред кратко време ми текна Иста е како нашана фолк-пејачка Јованка Житарова за која исто пред скоро време научив само што пејачкава не е баш пластифицирана и детинеста на лице, инаку како сестри се вака на прв поглед
Го делам твоето мислење. Серијата е предосадна и мака измачив додека ја догледав но сепак не ја откажав. Прво, глумицата е ми е ужасна и неспоредлива со Руби, а серијата е толку досадна што некогаш си викав џабе губам време. Но за разлика од другите серии од Телевиса (продуцентската мексиканска куќа) оваа серија е малку попристојна, нема сплетки и глупости во секоја епизода, но затоа пак е многу досадна. Изгледај ја до крај штом си ја почнала, но јас мислењето не го сменив ни по 10, ни по 20 ни по 150 епизоди колку што има.
Не знам, изгледа ќе ја догледам. Со тешко срце зашо знам дека изгледа оваа Тереза ќе си ги нареди на крај пак по нејзино. Туку гледав пред некој месец некаква топ-листа на најубави жени во Мексико, оваа беше прва а Руби т.е Барбара Мори на дваесет и некое место Каj тргнал светов со вакви критериуми, мајко мила И заборавив да кажам дека капак на се ми е насловнана нумера. Секогаш ја прескокнувам Отров
оваа серија е слична како Руби ама само што Руби беше поубава од оваа Тереза ама сепак убава серија беше
Само неколку епизоди сум гледала, ни сум сватила што се случува ни што е поентава.. Првиот впечаток ми беше -ДОСАДНА Е ! Не ја пратам.. ~
уште игра серијава? ја гледав до пола и после немав време и не ја догледав.. да не ја даваат пак на пинк? оваа ми беше бледа копија на Руби