Се дава во 17 часот, а репризата е во 8 сабајле идниот ден. Дали ве потсетува серијата и настаниве на Руби? Особено делов со Канкун ми е копи пејст Руби. Mims, не беше нешто многу интересна епизодава денес. Спојлер Тереза отиде во Канкун, му се израдува на хотелот и собита, се сретна со Артуро и овој Фернандо се заљуби во неа. А пред тоа Артуро дојде во Канкун затоа што виде слика како Фернандо бакнува друга девојка и се изнервира затоа што Фернандо е таму со сестра му Луиса. Потоа Луиса го убедуваше Артуро дека таа слика е од одамна и се смирија Артуро и Фернандо. А кумата не и е мајка на Тереза, си има мајка Тереза. Кумата изгледа ќе се заљуби во таткото на Аурора.
има и преку недела...Mислам дека во недела од сабајле, ама за секој случај провери и во сабота од сабајле Спојлер да да, се запознаа Tереза и овој типов на плажа и не знаеа кои се уствари, после овој ја виде со Aртуро, и Aртуро официјално му ја представи! и малиов ја шмекаше цела ноќ! чекај уште не дознала Tереза дека е од благородно потекло, коа ќе дознае ќе му се залепи ко мува на го*но
Денес кога гледав многу ме заинтересира што ќе се деси со венчавката на Тереза И многу ме нервира Палома . Кој кого ќе моли , и ќе се земат ли Артуро и Тереза? Многу ме интересира ама па не сакам да знам . Ај кажете ми ама малце
Па и Тереза не е некоја убавица. Мислам дека Аурора би била подобра за улогата на Тереза. Со оваа глумица сега што ја толкува Тереза, многу наликува на Руби, но Руби беше многу подобра и во изглед и глума. И серијата се дава на Пинк 15.
Аурора не ми е ништо посебно, плус има таква невина фацичка и лигава, носот голем и крив, устата една црта, косата премногу обична и права не е за главна улога Инаку да на Руби и нема рамна, таква лепота тешко... Тереса е преубава девојка, се гледа дека има некола пластична операција направено ама пак е бомба, а иначе многу е малечка, ниска, слабичка, ама градите затоа .... топ е Тереса бе
Абе луѓе и јас го гледам филмот Инаку мене Тереса ми е преубава,за вас не знам...Добро сега не е како Руби убава ама мене ми е добра за улогата,има убава фаца ама кога сака да се претерува кога збори како да го ниша целото тело Палома е ружна,исто и Хеновева со тоа црното на очите,а Аурора дефинитивно не е за главната улога пошто не е толку убава како Тереса
па тоа е фрката, демек Tереза да биде најубава ама злобна, а другарка и не толку убава ама сепак добра шпанска серија е или што е ! инаку убава е Tереза ко кукличка е, ок, телото не и е нешто посебно, а онаа Палома ко баба е, и многу е грда Мене и Луиса ми е многу убава ко кукличка ми е Само да смени фризура и да се шминка повесело Се на се серијава ми се свиѓа, и пак ќе кажам не е правена по Руби, туку по истоимената серија ТЕРЕЗА во која глумела САЛМА ХАЈЕГ и серијава е од 1989 година, а оваа ние сега што ја гледаме е само римејк! Гледано на тоа, Руби е копија на Тереза(старата), а не обратно.... Едит- мене Барбара Мори само во Руби ми беше бомба... Инаку вака сум гледала слики од нејзе во секојдневниот живот некако ми е не баш... ствар укуса мене Cоња на Aлександро ми е поубава во секојдневниот живот, a Tереза со плава коса слабо не е грдичка Kоса колку мењава значи
Абеее онаа лигавата и фрли киселина у очи, леле ќе и се деси нешто аии ќе биде интересно ако и се изгори фацата нешто хахах Што им требаше ова Пауло да умре?
зашто лигава бре??? мене многу ми падна жал за нејзе, до душа Tереза си заслужи, таа има најголема вина за смртта на овој греотка ми беше Aида како плачеше бре
Аида ми е лигла дека само со тоа „аии БЕБЕ„ иначе и мене ми падна жал за Аида, си го сакаше Пауло. Па Тереса и не е нешто крива што умре он, сам си се предозира пошо е глуп
Втора смена сум во школо и сабајле во 8 специјално станувам . Што кажавте сега , значи утре морам да гледам .. Аиии бебе ... ова ми е смрт ств кога ќе го каже
Девојкииииии ај некоја да каже што ќе се дешава натаму,исто како Руби ли ќе заврши? Инаку мене Маријано не ми е убав ,а баш би сакала Тереса да се смени и да си остане со овој,богати и вљубени
цурки, нема да можам да ја гледам Tереза деновиве, па ако биде некоја љубезна, да пише 2-3-4 а може и 5 реда за тоа што ќе се случува секој ден онака, колку да не излезам од колосек
Мимс а што се случи вчера ? Јас нема да можам репризата да ја гледам , ќе си гледам неделава во 5 . Уште во 5 даваат така ?
Да да, накај 5, 5 и нешто ја даваат. Во петокот нели оваа палома организираше хуманитарна аукција, и отидоа таму сите, Маријано отиде со Аида и Тереса пукна, па се наддаваше за една слика со Аида ама Аида победи, и на крај заврши како Аида го баци Маријано во уста и Тереза ги виде. Кумава на Тереза дозна дека Кутберто го сменил цвеќето од докоторв и каков шамар му лупна ми се затресе телевизорот Аида му кажа нели на Артуро дека тереса и ги пратила документите за развод на нејзините, овој отиде дома нафуран и и се издра нешо на Тереса ама она нормално го убеди дека не е она па дури и се извинуваше Тоа беше
Жустро станува не викам не . Ама едно е сигурно : Како што може Тереза да го врти Артуро околу малото прсте , никој никого не може !