Браво за темава,случајно ја видов сега Серијава ја гледам од понеделникот и навистина ми е преееемногу интересна,ден за ден чекам да дојде 17 часот и да ја гледам Е сега не знам што како се случувало од почетокот,но од ова што го гледав ја укапирав поентата. Девојкава е сон,прееееубава е,сакам да бидам како неа
Немало да има затоа што штрајкува телевизијата од причина што не добиле плата 3 месеци ... Точно е ова?
Денес мило ми беше што мајка и и кума и ја отфрлија Тереза. Тоа и го заслужи. Бтв утре е последната епизода. Да не има некој информација од среда што ќе се емитува?
Денеска беше последната епизода од Тереса Ама нели требаше да ја убијат? Така имаше видео овде ставено крајна епизода а таму тоа не се случи
Продуцентите имаа три краја. Еден од нив беше кога Фернандо ја убива Тереза, но сепак тие го одбрале овој среќен крај.
Многу добро заврши, брее ќе ме расплакаа. Се смирија на крај, она плачеше сама во куќата и дојде Артуро, она го молеше на колена, ја подигна и се зашлапаа
Уф ни заврши Тереза Ама некако многу брзо се издешаваа работите Овој Фернандо никако не изреагира за 3те милиони шо му ги украде оваа,па можеше бар нему да му ги даде а не во добротворни цели И не видовме дали се смири со мајка и и со кумата,ама сигурно се смирила
Ич не сакам што заврши така , мислам добар беше крајот него можеше да има после 10 години ... поубаво би ми било така . Или уште подобро , друга сезона Ама ни ова не беше лошо . Ќе ми фали серијава
Стварно беше серијава топ и жал ми е што заврши...Иако Тереза беше лоша имаше многу работи што ги научив од неа, како- Целта ги оправдува средствата Љубовта не треба да не спречи во остварувањето на нашите цели и секако-Не е се во парите... Последната епизода многу ми се допадна, само се се случи многу брзо, требаше да го поделат крајот во две епизоди.За крај да ве поздравам со мојата омилена фраза од серијата-Entre ser o no ser-yo soy
Е добро де шо е битно колку милиони биле,стварно смешно а не видов дека му ги дала прво нему,незнам дали ќе има реприза да ја изгледам од почеток не ја фатив