1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Tипичен ден на факултет

Дискусија во 'Образование' започната од howdoyoudo, 6 септември 2011.

  1. howdoyoudo

    howdoyoudo Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    Здраво феминки, прочепкав по форумов и видов дека нема ваква тем, па ми изгледаше погодна да се информираат бруцошите (како мене) во што се впуштаат со факултетот.
    Посебно ме интересира дали има многу паузи меќу предавања, што ви се допаѓа повеќе или помалку, на што треба да се внимава или едноставно опишете едн типичен ден на факс .
    поздрав
     
  2. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.606
    типичен ден на факс

    и јас пред некој ден сакав да отворам ама ете ке коментирам прва.. и јас сум сега на факс прва и едвај чекам.. уште првиот ден кога отидов си се здружиф фино лепо со неколку луѓе што не сум ги знаела порано (се разбира се зависи од човекот) али едвај чекам башка и ке ми поминува времето нема да ми биде досадно само седење дома :) кент уеит :)
     
    На howdoyoudo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.028
    Пол:
    Женски
    Пекол. :devil:

    Не шала на страна, зависи на кој факултет си, зависи до тоа колку се има вежби, затоа што обично вежбите се тие на кои се губи по цел ден.
    И зависи до тоа какви сте карактерно самите вие,односно како ке ја прифатите таа нова ситуација, новите луѓе, распоредот.. но и како ке ви се погодат колегите.
    Кај мене на факултет нема дружење како што беше во средно, ама и јас лично не сум многу друштвена па не сум компетентна за тоа да зборувам.
    Буквално, доаѓаш на предавање,слушаш,заминуваш. Кафиња и такви работи, ако има време..
    За распоредот што да ви кажам, има денови кога станував во 5 сабајле а дома доаѓав во 8, значи цел ден предавања и вежби, а после дома наместо да легнам да се одморам јас мора да учам..
    Сепак, тоа е мојот типичен ден на факултет, но пак ке кажам зависи до факултетот, зависи од многу многу фактори..

    Заборавив да напоменам нешто. Не знам како било до сега т.е. до лани ама нема Не ми се оди на предавање, не одам, морално е, затоа што сега вршат евиденција кој кога бил, па влијае на поени и слично..
     
  4. mops

    mops Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    119
    типичен ден на факс ми изгледа вака седење на едно до две предавања и после тоа на кафенце со колешките кафето ни е стандарт шема нема утка си имаме зборно место знаеме некој кога нема кај да го најдеме во кој кафич и на кое сепаре сепаре :x :x :x секогаш си ветувам дека ќе седам на сите предавања ама немозам да ги доседам никако :@
     
  5. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Гужва пред факултет. Гужва пред амфитеатар. Мораш да се јавиш некому, за да имаш друштво на предавање, не бива сам да се зноиш во толкава гужва. Се пронаоѓаш со колегите, и додека се пробивате низ гужвата само за да влезете во ебаниот амфи, се чувствуваш како да влегуваш во Колосеум. Малку ти фали, да почнеш да се дереш - ајмо гратиси.
    Седнувате одзади. Пребидејќи првите редови се зафатени од идни гзолижачи или прави студенти.
    Гледаш кич, гледаш урбан дегенеризам, гледаш ентузијасти, гледаш вечити бруцоши.
    Слушаш предавање. Или едноставно слушаш трачарење кое се одвива до тебе.
    Излегуваш од гужвата. Се препотуваш уште 3 пати до тогаш.
    Идеш во студентското бифе. Косата ти се крева од цените, но ајде гладен си, потребна ти е концентрација, мора да се јаде. Жалиш за фрлените пари за премногу гадниот сендвич.
    Се мислиш, помеѓу 2 предавања дали воопшто да си ја пробаш среќата и да си земеш оцена. Се решаваш и... пољубуваш врата.
    Дремеш на уште некое предавање и одвнатре плачеш за пауза.
    Излегуваш на воздух, сретнуваш познаник, се враќаш до амфитеатарот да си ги собереш стварите доколку си ги оставил, повторно излегуваш надвор и не се враќаш следните 3 дена назад.
     
    На Cacy, baby-star, marama и 7 други им се допаѓа ова.
  6. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Интересна тема :) Баш ме интересира како е, што е, да си знам што ме чека. :lol:
    Come oooooooooon people, write! :D
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Стигнувам на факултет, ако е вторник или петок нервозна поради пензионерите што уште во 7 се помкнале на пазар, ако се другите денови супер сум :D Гледам дали има некој од моја генерација, ако нема си седнувам на клупа и обично за 3-4 минути обавезно доаѓа некој па муабети, смеење од сабајле, тоа ми е многу важно затоа што ме држи онака на предавањата некоја позитивна енергија. Предавања, па вежби, или само едното или само другото. Е сега за паузи зависи, најмногу на 45 мин правиме паузи со професорите од 15тина минути или повеќе ако треба да јадеме, а понекогаш па и предавањето завршува за тоа време така да паузата трае додека не дојде наредниот професор. На вежбите паузи имаме кога ќе се договориме со аситентите, секогаш е поопуштено на вежби него на предавања дефинитивно. После тоа ако не сме заглавиле до 3-4 се оди на кафенце (сокче за мене :wasntme: ) малце се оговара, малце се договара викендот и после се слави ако испадне точно по договор :D Обично сум секој ден на факултет, без исклучоци, иако последниот месец од прва година имав еден ден слободен. Најчесто од 8 сабајле, а до колку зависи од распоредот и случајно ако се одложат некои предавања или вежби, на што искрено не се радувам како на изгубен час во средно, затоа што после дополнително секогаш ги обработуваме |( Значи во глобала нема шанси да се опише конкретно за сите факултети, затоа што секаде е различно. Додека си на факултет ќе го пцуеш секое сабајле, али еве сега на пример едвај чекам да почнеме, не ми се седи ич дома ко прваче се осеќам :D
     
  8. lovelost

    lovelost Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    15
    А во тие нив може ли да се користат бонови или се плаќа со денари :) :)
     
  9. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Жива досадаааааааааа!!!
    Ако досега школо сте гледале на саат да ви заврши часот што трае 45 мин, сега со господ напред и јака ви душа ќе си чмаете на столче доооолгииииии сат и повеќе. И башка ќе си слушате како некој за тоа време ќе ви раскачува пола книга, ќе си зевате и дремкате и тоа е тоа... :D
    Единствено со душа ќе ги чекате паузите, вреди за нив да се издржи, колеги и колешки на куп, од различни краишта, нови интересни лица, дружење итн. итн.
    Позз и со среќа на бруцошите :*
     
  10. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Јас колку што знам бонови има само во мензите во студентските домови, тука си плаќаш најнормално со пари како во продавница или сендвичара
     
  11. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Студентско бифе ви е нешто као менза и кафиќ внатре во факултетот. Нема таму бонови и попусти, само нараснати цени, бајати бели печива и кафе.
     
  12. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.028
    Пол:
    Женски
    А на некои факултети не ни има такво нешто, па ке треба да се влечеш 15 минути до најблиската продавница..
     
  13. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Филолошки.

    Обично пиев кафе дома, бидејќи 30 денари е макијато во пластична чаша (преубаво ми е, ама си заштедував).
    Автобус до таму. Уште 5 минути брзо одење дури стигнам до дворот. Па уште цели 5 минути дури стигнам во оние левиринтине и да седнам во предавална. Таму, се поздравуваш со колегите, ваѓаш книги и чекаш да дојде професорот. Обично не каснеа. На некои предавања буквално му се предаваш на професорот и со уживање го слушаш. На некои, пак, сфаќаш дека си уметник. Цела тетратка ти е ишарана, исцртана. Ми се случувало и песна да напишам во такви моменти. 5 минути пазуа меѓу блок часовите. Или се тегниш или брзаш да стигниш до ве-це. Или купуваш кифличка од кај старото во дворот или ваѓаш домашно направен сендвич. Мене лично не ми беше срам да си понесам со себе ужина. Барем знам што има внатре!
    На големите паузи (т.е. дупки во распоредот од 1 сат и 45 минути ( |( ) седнуваш со колешките на сините ладни скали во ходникот и си коментирате за се наоколу - дури и за некое залутано машко битие. Мене ми се погодија едни 3 колешки и со нив брзо ми минуваше времето, најчесто низ смеа. Или ќе отидевме до правниот кафич, Џамбо разгледувавме ситници или во Фонтана каде што нема закон (многу грдо кафе имаат, земете си сокче подбро). Ако си мамурна од предходната вечер, си купуваш еспресо од бифето.. да те здрми! На крајот сакаш да си заминеш дома што побрзо. Фаќав 19ка, слегував пред хотел карпош, префрлав улица, клучот веќе ми беше во рака и се позиционирав или во кујна да си зготвам нешто или во кревет :) и тн...
     
    На howdoyoudo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Нешто слично како Брајт,со некои измени.

    Економски.

    |( Е тоа ми е прва реакција кога ќе станам од кревет. Со оглед на тоа дека седев во Сениќ,пешки пола саат одење до факултет,станував околу еден саат претходно. И бидејќи бев бруцош,мислв дека столче зафатено во амфитеатарот е најбитно,на факултет бев веќе во седум и пол,25 до 8,ако предавањата ми почнуваат од 8,и верувајте и тогаш беше полн амфитеатарот. Си велев,аман овие луѓе спијат ли некогаш?! И кога ќе си загуслав,пола саат одење од Автокоманда до Битпазар,мераци. По патот се свестувам и почнувам да функционирам. Кога ќе стигнам на факултет,малку така повеќе ми е жешко,али добро е. Се за да станеме академски граѓани. |( Обавезно палам цигара пред да влезам во факултетот,оти ако влезам така на голо срце ќе ми се слоши. И после одам во амфитеатарот,барам некој од моите ако има,што зафатил место,ако не јас зафаќам,обично секогаш по цела редица. Ние не вадиме книги за разлика од вас Брајт,нас повеќе ни викаа да слушаме и да фаќаме белешки. Али тоа ретко се дешаваше. Обично тоа предавање од осум секогаш го преспивавме добар дел од колегите што сме таму. Е после веќе накај 9,10,се расонуваш,сваќаш кај си,ти се иде да се убиеш,али шта је ту је. И така. Јас поретко јадев на факултетот,дека на економскиот јадење плус кафе е луксуз. Кафето е 60 денари,мислиш злато купуваш,а јадењето е малку така ко невкусно. Тост јадев понекогаш,некоја кифла.. Секоја им чест на оние од бифето од правен. Какво го направиле,и какви вкусни работи има внатре,од мерак да одеш да јадеш,пиеш кафе.. И така. И после одиш пушиш цигара,некој оди во WC и после се враќаш на предавање. Прв семестар бевме од 8 до 4 на факултет. Не знам како се навикнав и како сега пак ќе се навикнувам. А втор бевме втора смена. До кај осум на факултет. Абе дневен престој. Али многу сакам да ми почнат предавањата. Така се чувствувам корисна и баш сакам да видам гидинава како ќе ми бидат предметиве,јас како ќе се снајдам... Нестрплива сум. :)
     
    На howdoyoudo и Bright им се допаѓа ова.
  15. bal0n43

    bal0n43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    81
    А има ли некој шо може да каже за на педагошкиот факултет во Битола? :D
     
  16. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    399
    Денот ми почнува со станување во 07:15, лична хигиена, облекување и мамурно упатување кон факултетот.
    Во дворот се сретнувам со колегите, се поздравувам, вртам по 2-3 реда муабет, ако имам и за толку време.

    Гратис спиење, или па чепкање на косата за време на предавања, бидејќи мојот мозок сеуште не е расонет за да прими било каква информација (АКО воопшто одам, а тоа е реткост :) )
    Седење обично на првата половина на предавањето, колку да ми забележат присуство. На втората половина од предавањето, додека некои упорни студенти си седат во предавална, јас со неколку ‘непримерни‘ колеги (во кои се вбројувам и јас :D) си го пијам утринското кафенце во бифето и заедно доручкуваме.

    Ако НЕ одам на предавања, си поспивам до покасно и си станувам во тајмингот за да стигнам навреме за вежби.

    Вежби-најужасен дел од вежбите е секојдневното влечкање на најлонче со бел мантил. Почнав да си купувам макси чанти, за да не ми се пафта во раката смотаното најлонче. Обично вежбите траат нешто повеќе од 2 часа. За време на тие 2 часа седиш простум и најпрво 45 минути слушаш како асистентот дава упатства за изработка на вежбата. Останатото време си бираш 2-3 "омилени колеги" со кои сакаш да работиш на работно место . Еден од нив мора да е примерен, а еден мора да е шеговито настроен. Од примерниот учиш, а другиот ти го прави работењето забавно. Во меѓувреме, ако треба да чекаш да се одвие некоја реакција од вежбата, си земаш слобода да си излезеш на едно цигарче или барем на чист воздух.

    По завршувањето на вежбите, ако имам време, желба и пари се упатувам повторно во бифето. Ако не, фино си седам во двориштето на факултетот и си тепам некој мал дел од времето со колегите.
    Често се случува после факултет да свртам неколку круга низ Центар со дечко ми, да шетнеме по Кеј, или да седнеме некаде на јадење.

    А потоа, одвај чекам да стигнам дома и да ги позиционирам отечените нозе на милиот ми кревет :)
     
  17. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Денот ми започнуваше со врескањето на брат ми „Најубава станувај одма, пак ќе каснам на работа. Аман веќе, не те носам од утре, ќе се научиш со автобус како цел нормален свет“.
    Рипам, скокам, се облекувам и соблекувам во исто време, одам до ВЦ, хигиена, лице, заби... Во кола се шминкам, и ме остава брат ми на семафорите пред факултет.
    Бидејки доцнам на прво предавање, се седам во двор, пред факултет и обавезно имав некој од колегите.
    Ќе влезевме на второ предавање, ќе дремневме некоја минутка, па трк по кафе во бифе, ќе земеме кафе да се расониме на трето предавање и после тоа се договара локација дали во бифе, дали во Фонтана, дали негде во чаршија каде ќе се пие последното кафе. Одиме во некој кафиќ и вртиме академски муабети :lol: , кој каде бил, кој се начукал, кој со кого се мувал, кој кому се допаѓа.
    И то је то.

    Сега со Петко, скоро исто.
    Тој го менува брат ми и со „милозвучен„ тон ме буди. И пак набрзина се облекувам и во кола се чешлам и спремам.
    Стигнуваме на факултет, влегуваме на предавање со изговорот „Извинете колега, гужва низ градов, може да влеземе :wasntme: “.
    И седнуваш на крајно неудобните столчиња, но во тој момент поготово ако си заглавил вечерта, ти се чинат совршени за спиење и почнуваш де зеваш, де триеш очи, де дремеш, де слушаш.
    Се малтретираш така 40 минутки и сфаќаме со Петко дека очајно ни треба кафе, излегуваме од амфитеатар ред, два, три муабети со колегиве и правец на кафе, најчесто на Филозофски.
    Таму се пие кафе додека трае второ предавање, се враќаме на трето, пак дремеш и на четврто предавање одиме на јадеме.
    Во тој момент ни текнува дека одамна не сме ја виделе баба му на Петко, што живее во Чаир, па и се јавуваме да ни спреми кафенце.
    Или шеткаме негде низ центар, на кеј, на ул.Македонија и т.д.

    И така, и сега сфатив дека во 2 години на факултет јас немам ниту 2 цели денови, мислам на сите 4-5 предавања седено, ќе поседам на 2, максимум 3 и фаќам вратата да ме нема :tmi: .
    Ма боље две, сега се научив во 2 година, ич не ни одев, ептен ако ми се згреши некогаш, ама затоа сега во 3 најредовна ќе бидам.
    Ако слушнете некој апсолвент спие на Правен, не се секирајте јас сум, не ми се исплатело да си одам до дома и веднаш да се враќам :lol: .
     
  18. Feminko

    Feminko Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    3
    Вака интересно ми седи :) Јас сум бруцош на филозофски отсек социологија, дали има некој на овој факс да сподели мислење, да знам отприлика како ќе ми е на мене? :D :*
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Get ready for the Филолошки madness :D :D :D

    Изминатава година таков ми беше распоредот, секој ден почнував од 8 часот со предавања.
    Станување околу 7 часот, спремање, доколку имам време за доручек и :coffee: и во 7:30 тргнувам пешице.
    Предавањата траат по час и половина, со 5 минути пауза на средина, колку да тркнеш до кафе-мат или бифе по едно :coffee: или до кај чиката пред факултет (зимно време да се разбереме внатре влегуваше) по ѓеврек.
    Некогаш имав толку време меѓу предавања, некои си 4 часа можеби, па си одев дома и потоа пак се враќав и ова се повторуваше 4 од 5 работни дена and it sucked |( Набив гузица од пешачење. Ако имавме само (?!) час и половина пауза, тогаш останувавме на факс во бифе, или пак одевме до Битпазар (женска работа :D ) или до центар.

    И искрено, искрено се надевам дека оваа година ќе имам понормален распоред :D
     
  20. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Ауу луѓе ме исплашивте :) Отидов јас да се отпишам од факултет :D шала на страна зарем на Филолошки има повеќе од 2 часа дневно.Е не знам како ќе издржам ако е така господ нека ми е на помош.