Де, де факултет е, сега ко што е направен исто ко средно е. Одиш дремеш на предавања, на вежби, имаш паузи, се акаш со колешките ако имате подолга пауза по кафиња и тоа е. Ништо за да се паѓа во несвест од премореност.
Ова е распоредот на предавањата на Економски - Скопје за мене нема станување пред 10 xD фала ви на сите што пишувате http://www.eccf.ukim.edu.mk/studiranje/oglasna-tabla
...Станувам сабајле ,нешто ми се мати , не ми е првпат еве неколку пати ... Одвај да опулам око да не се смувам со шкафот или вратата ,уште полошо. Едно јако јако јако кафе ,брзинско шминскање и облекување и ете ме,во последен момент итам кон факултет (дека на 3 минути ми беше,затоа секогаш каснев ) Предавања по час и половина ,со пуш пауза in between ,дрогирање со кофеин (да не случајно ми се придреме од "милозвучниот" глас на професорот ) ,кога и да појдев на предавање од осум саат сите знаеа дека не сум спиела цела ноќ (за да не се успијам ,недај Боже! ) ... Потоа следеа вежбите,кои со 100% внимание ги следев и ги практикував на моето малечко ,па одбројувањето на последниот половина час ,кој ,како за беља се чинеше ко вечност. Најмногу се радував на откажаните предавања и изненадните дозволи за пуш пауза ,а ме вадеше од контакт кога од никаде не собираа в амфитеатар демек за соопштение ,а сме останале цел саат. Амин!
Женскии дали ако 1 ден не одиш на факс го земаат то во предвид ? Мислам дали е задолжително секој ден да се одии сега во почетокот ?
Кај мене ако скокнеш еден ден не е страшно, секако губиш неколку потписи во книшката за редовност, а на крај ги пребројуваат.Ама за еден-два потписи не е страшно.. Сепак можда не е секаде вака..
Малце оф топик ама се надевам никој нема да се налути. Еве тука да им посакам среќен и успешен почеток на сите "првачиња" (Плиииис водичка) за да ви тргне со лесно, со многу десетки, дружење и убаво поминати денови без нервози
Luge da ve prasam vo vrska so otsustva (beganje od nekoj cas ili voopsto ne idenje nekoi denovi) dali se zapisuva, opravduva, dali e stegnato do tolku ili moze da se izvedat tie raboti?
Обично стигнувам околу 8, а од 8 и 15 ми почнува предавање. На прво предавање вообичаено се расонувам, а од второ веќе гледам да се активирам и да фаќам поени за активност. На пауза до бифе, пиење кафе, јадење пица, лаф муабет. После 12, или после 16 часот (зависи кој ден) може веќе да се оди дома. За среќа ни се средени предавањата, немам професори што каснат со саати, не чекаме по ходници и не дремеме додека да дојде некој асистент во замена. Среден систем имаме и секој завршува на време.
Ние фрламе паричка, Петка-одиме на кафе, Глава-Одиме на јадење, а ако остане во воздух-одиме на предавања. Спојлер Се шалам Зафрканција ни е ова со колешките и морав да го кажам Тоа што го пишувате за економски факултет е само така во прва година, понатаму смеровите се делат и многу помалку колеги остануваат и повеќе има место на предавања. Али пусти бруцош, осеќаш грижа на совест дека не си бил, може си пропуштил нешто важно што кажал професорот. Пихх.. Камо да се врати тоа време. Сега сум апсолевнт, и многу ми е мерак да одам на факултет. Овие денови мислам дека нема да ми се вратат. Дружбата е многу поинаква, предавањата побрзо поминуваат, и тоа џаболеберање и гледање во плафон претставува задоволство кога знаеш дека после ќе можеш да отидеш на кафе, да се прошеташ и да се дружиш со колегите. Сите фрки околу апсолвентска екскурзија, околу последните предавања, завршни проекти, испити,разни зафрканции, пусто се да ти е ќејф да правиш, а и се се случува токму на тие предавања. Како што сега го барам времето кога бев средно, утре ќе го барам тоа кога бев на факултет. Уживајте додека сеуште немате работни обврски и сте студенти (не е ова опрадување за терминот "вечити студент") затоа што после почнуваат проблемите и маките. Сега овие се слатки маки, доаѓаат еднаш месечно за колоквиуми и за сесија и после кога ќе се положи испитот се забораваат.
Мене со овој распоред ми е супер. Не откривам како, затоа што мислам дека сме една од ретките групи на кои им е вака наредено. Во првиот семестар, ужас, еден ден неделно одев сабајле, па си идев дома, јадев, спиев и пак одев поручекта, да полудиш. Ама овојјјј семестар, живот живеам, да не се подречам. Од 8 сум само еднаш неделно, а другите денови можам комотно да си поспијам, да отидам на факултет и да си се вратам малку после ручек и малку пред вечера. Така да, станувам насабајле, набрзина појадување. Избегнувам да јадам од бифе, прво зашто не ми се даваат минимум 60 денари, а и нема нешто што јас би го јадела, јадливо според мои стандарди. Во зависност од временските услови, се оди пешки или со бувче. Гледам да не каснам на предавања затоа што немаме училници и бараме цело време. Па ако закаснам, треба да иде некој да ме пречекува, малку комплицирано е. Да не претерам, ама околу 4-5 часа сум на факултет, со повремени паузи од 10-15 минути, и навистина не ми е тешко да ги доседам. Некаде ми требаат поени од редовност и активност, па си седам, затоа и сум таму, нели. Ако има дупка во предавања, или најчесто после предавања, се оди во студентската оаза на пушењето, Фонтана. Потоа си доаѓаш дома и луфтираш алишта 3 дена, но дружба како во Фонтана нема никаде. Цените и кафенцата им се повеќе од поволни, јас не гледам разлика во кафето од Фонтана и тоа на Кеј.
Последниве два семестри ми се уживање, најмногу зашто имам слободни денови Главно сум од 9, не ми е мерак да станувам рано, ама таман сестра ми ме носи па не е толку страшно, плус завршувам порано, па денот ми е слободен. Реално и не би издржала да седам цело попладне на предавања посебно сега кога се стоплува и те примамува да одиш некаде. На кратките паузи се шлаам низ предавална, подолгите паузи ги користам да се најадам и гледам поретко да сум во бифе зашто обавезно добивате гратис парфем-со мирис на храна
Аааа, оваа година да не се пожалам распоредот Најрано предавање од 11 и 20, конечно да се наспијам како човек. Само еден ден имам дупка во распоредот, пуза од час и половина, таман да се пие едно кафе. Очигледно лани плаќав, за годинава да уживам
Зимскиот семестар распоредот ми беше прилично, да кажам солиден. Предавањата и вежбите ми беа разредени, така да имав доволно време за се' (мислам кога имав желба денот да го поминам повеќе во учење отколку во лежерење и слични работички ). На почетокот, бидејќи бев прв семестар првиот месец и повеќе ми помина во прилагодување на новата атмосфера во секоја смисла на зборот така да што се однесува до учењето главно учев недела време пред колоквиум (плус/минус за некој посебен предмет). Доста често го избегнував доручекот бидејќи спиев додека не ми дојде време да одам на предавање (раните утрински или претпладневни часови). На факултет ретко јадев бидејќи најчесто си доаѓав дома за ручек. Домче, се знае, откако ќе се најадеш, се одмараш, па после или излегував со дечко ми или учев, или пак трачаревме со цимерките. За легнување, скоро секогаш, си легнував во примерните ноќни часови (до 1h најкасно). Материјалот не ми беше нешто којзнае колку обемен (за разлика од тоа каков ќе ми биде вториов семестар) па така да немав потреба ноќите да ги минувам со книгите в рака, туку напротив слатко спиејќи и одмарајќи се за следниот напорен ден. Се' на се' беше убав почеток. Се надевам на истото и за летниот семестар. Со Господ напред, посакајте ми среќичка!
Патувам околу половина час со автобус додека стигнам до факс, среќа тоа секогаш ме рассонува, една од ретките љубители на возењето со автобус сум јас па ме расположува возење, а и луѓе ми се смешни, секој со својата приказна. На мојот факс среќа нема воопшто гужви освен кога се уписи. Секогаш стигнувам 10тина минути пред да почне предавањето, никогаш не доцнам, мразам да доцнам. Зимам чај или кафе од бифе, кажувам групно здраво и се приклучувам на веќе собраните колешки, да чујам шо има ново, а ако неслушам со мојата група па никого не викам здраво и играм игрици на тел. додека да дојде проф. Меѓу предавањата, вежбите имаме 15 мин. пауза на секој 45 мин. за тоа време јадам или фотокопирам. Среќа има голем избор за јадење во околинава. Ако имам подолга пауза одиме со колегите, бојфрендот (во близина работи) или сестра ми во најблискиот кафиќ, затоа што зимно време како што кажа Фемина90 не се седи во нашето бифе, додека во лето си имаме топ тераса И јас последниве семестри само 3 дена во неделата идам на факс, и тоа по 2-4 саати максимум, а предавањата ми се од 8-9 саат.
Се будам и фрлам паричка дали да одам на прво предавање или не Се подразмислувам и кога ќе се сетам какви лудаци колеги имам мора да отидам. Ама за волја на вистината во прв семестар во понеделник цела група не одевме на прво предавање. На 15тина минути ми е факултетот, некогаш си фаќам автобус, зависи колку време имам и колку ме мрзи да одам. Си чекам лифт или се качувам по скали со внимание да не ме однесе некој пошо гужва има секој ден освен сабота и недела. Минатиот семестар и сабота и недела си одев цели 2 месеци и тоа од 8 до 18. Го колнев менаџментот. Овој семестар распоредот ми е лудница, слободни ми се четврток и петок, а по едно предавање во понеделник и сабота. Кафетеријата што ни е во подрумот само зимава ја користевме, не ризикувавме да се раздвижиме по снегот ни 100метри. Па дури ни вајрлесот не фаќа таму. Ако сме гладни а веќе е ручек време групно одиме во менза поевтино и позабавно ни е. Повремено кенкаме секој со своите проблеми, договараме излегувања и муабетот продолжува пред факултетот или во некој кафич зависи колку време имаме за кафе. По пат кон дома ме носи некој од колегите или пеш, а евентуално одам до центарот. Меѓувреме размислувам што имам дома (читај: ми фали ли тоалетна или вода) и дали треба да си докупам нешто. Најчесто денот ми завршува со тегнење 7литри вода до 3ти спрат, пошо вратата на лифтот не се отвора на мојот спрат.
До сега сум немала предавање од 8 саат сабајле, а најкасно предавање ми почнало од 16 и 30. Овој семестар се изнауживав, повеќе сум дома отколку на факултет. Од пет предмети ја само на три одам на предавање дека другите ми се изборни. Инаку можам слободно да кажам дека сме трета смена на факултет, ниту ние доаѓаме колегиве на факултет ниту пак професориве се појавуваат како што треба. Тоа не е убаво знам али ете тоа е кај нас за жал...
Јас за една година ќе одам на факултет. Сега сум 3та средно. Многу ме фаќа паника кога ќе помислам на тоа. Како ќе биде? Дали ќе е тешко.. Па уште и сама ако се полетам на факултет другарка ми нешто вика можеби нема да оди ее тешко мене...