1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Tрговија со луѓе (Human Trafficking) [2005]

Дискусија во 'Филмови' започната од ludoto19, 19 март 2011.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Вчера го погледнав филмов.Ме остави без зборови, и затоа решив да ја отворам темава да споделиме мислење.
    Инаку, станува збор за мини серија, од 2 епизоди, по 90минути.
    Се работи за Руска мафија, која намамува млади девојки(претежно од словенските земји како Украина,Русија) кои се надеваат дека ќе бидат манекенки, но, кога ќе стигнат во Америка, сфаќаат во што всушност се впуштиле!
    Исто, користат и многу други трикови за залажување што ќе ве остават :o
    Дејствието на филмот се случува во Чешка,Украина, Америка и на Филипините
    На Филипините цути сиромаштија и татковците си ги продаваат ќерките кои се едвај 10години.Тука, на Филипините претежно цути продавање на дечиња, до 12 годишна возраст.Но,и оваа мафија е под контрола на Русите!
    Дали полицијата е моќна да го прекине овој синџир?
    Дали сакате да го видите вистинскиот пекол на овие излажани девојки?
    До кој степен е спремен таткото (екс мафијаш) за да ја најде и спаси својата 16 годишна ќерка?
    До каде мајката ќе оди за ја да најде својата 12 годишна ќерка киднапирана на Филипините и продавна на педофили?
    Тогаш дефинитивно треба да го погледнете филмот,кој ќе ве запрепасти!
    Филмов не се препорачува за малолетни, поради графичките сцени кои изобилуваат!
    Но,јас мислам дека баш девојчињата од 15-16 години, кои се наивни и веруваат на секакви лаги и огласи треба да го погледнат.
    Јас топло ви го препорачувам,бидејќи е многу поучен!
     

    Прикачени фајлови:

    На figgiMK, lolyta777 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    како се вика филмот и каде можам да го најдам?
    :?:
     
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
  4. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    Филмот го гледав сега бргу и јас, ептен добар е, поучен, значи го издвојувам во еден од подобрите филмови кои некогаш сум ги гледала. се согласувам со лудото19 дека треба а го гледаат девојчиња од 15-16 години па и помали кои се наивни и веруваат дека се што сјае е злато.
     
  5. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Филмов го гледав прв пат пред 2 години (така нешто), и ептен ми влезе во психа. Гледан ми е 2 пати.
    Многу убав филм и доста поучен, ме стресе на моменти, тоа што се случува ептен знае да те растревожи...
    Вреди да се изгледа, и да, потребно е да го гледаат девојчиња од 15/16 години... да сфатат дека не е се така како што изгледа... :x
     
  6. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    и јас го имам гледано филмов...
    верувајте ептен се замислив после ова и дојдов до заклучоци
    треба да го гледаат децава кои се филмаат значи не треба да се трча по типови со коли мотори (со исклучоци) не треба да се лета да се замислуваш нешто што не си да внимаваш со кого се дружиш да не одиш на места кои се непознати за тебе и ред други работи
    со еден збор седи кај што си , помалку шпански серии и далеку од фб другарчињата и спел дејт
    никогаш не знаеш што те чека , може не како на филмот недај боже али има и други работи :!:
     
  7. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    Баш така...знае добро да растревожи, на моменти чувствував дека да ми се во близина со голи раце ке ги задавев!
     
  8. Mermaid20

    Mermaid20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Филмот е закон, сум го гледала по не знам колку пати... Треба секој да го изгледа и да ја разбере суштината на филмот...
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    да да, мава на психата ептен....
    A уште потрагично е што ова и во моментов се случува!
    кој знае колку девојки и дечиња се приморани ова да го прават :(
    па кога го видов тој старецот, со мало момченце од 8 години, како го масира, леле ми се поврати :puke:
    и оноа девојчето 16 години што имаше, што ја тераа да снима садо-мазо порно, со оној билдерон... уффф, за греотка татко и кога виде, поврати човекот.. ;(
     
  10. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Ептен тажно ми беше кога таа самохрана мајка што беше (сега не ми текнува како се викаше) ја убија нели, а ја однесоа демек во безбедна куќа каде што имаше соба и за нејзината ќеркичка, и требаше да си ја види. :worried:
    Дури и полицајката не можеше да го заборави тој момент.
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Eлена се викаше, чехинка беше,тој дечко и што ја прелажа вика ајде ќе одиме во Aвстрија, и ја однесе на мафијашите им ја продаде...да да, таа излезе го виде билбордот, и и текна дека кај што беа сместени имаше на улица таков билборд и таман да и каже на полицајката Kатерина, оппп, снајпер, мафијата ја уби
    уфф, коса ми се крева од филмов, кај го најдов да го гледам
    A дечко ми ми кажа имал гледано уште еден, ама овие во Aзија и израел ги носеле, и уште пографички бил од овој :x

    edit- trailer

    http://www.youtube.com/watch?v=Pr4xnWa1R2M
     
  12. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Сори за оф, ама Лудо, кој е другиот филм? :wasntme:
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    E не знам :wasntme: ќе прогуглам ќе најдам јас 8)
    исто имаше и еденамериканско- мексикански со дечко ми го глеавме,и тој беше :x :x ќе најдам и тој како се вика ќе пишам :)
    еве бројче

    http://www.amnestyusa.org/violence-agai ... id=1108424

    ова е листа на повеќе филмови :)
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Многу добар филм, одамна го имав гледано, сеа пред некое време пак го гледав.
    Многу реално е опишано се како течат тие работи.
    Кутрите млади девојки кои сонуваат да станат манекенки, толку се наивни, мислат дека одат да го живеат нивниот American Dream, а што всушност се случува.
    Како прават кастинзи, како ги бираат девојките, како се вљубуваат во погрешен човек кој подоцна ги продава... навистина страшно, и секако вреди да се погледне и да се извлече поука :!:
     
  15. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Од филмов за малце ќе се пореметев :worried:
    Сега ќе си го симнам пак :$ ....Па ако најдете уште некој вака сличен филм кажувајте
     
  16. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    6.832
    Пол:
    Женски
    Филмот е многу добар,го гледав летово,ме остави без зборови.Толку жално и потресно.
    Се разочарав кога ја убија Елена,толку ми беше жал за Иванка,ќерка и...Остана сама.
    И девојката која ми се чини беше во главна улога,русокосата,што ја тераа да снима екстравагантно порно со билдерот,а тоа го гледаше татко и
    .Жалосно стварно,а уште потрагично е што и денес истите работи се случуваат.Тие што го прават тие работи немаат срце,заслужуваат најболна смрт.
    Од филмот се влечи голема поука!
     
  17. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.020
    Допаѓања:
    5.943
    Филмов одамна ми беше гледан , го изнајмив повторно пред 2 недели за да го гледам и секој пат кога го гледам сум цел ден како овената, нерасположена .Ме запрепастуваат луѓето кога ги гледам што се можат да направат за да заработат, уништуваат туѓи животи СОНИШТА за проклети пари ..за разлика од другите јас би го препорачала и на малолетните лица да го гледаат бидејќи сметам дека треба навреме да се едуцираат во врска со трговијата со луѓе бидејќи може да му се случи на секое дете/жена !
     
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
  19. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Еден од најтешките филмови што сум го гледала...го гледав пред 2-3 год. и слабо се сеќавам...знам за што се работи, некои сцени се` уште ги паметам, ама дефинитивно не е за секого.
    На одредени сцени се грозев, не ми се веруваше дека постојат вакви психопати и болни пореметени умови. Баш во тој период бев тазе мамица и кога ја гледав сцената со педофилот и момченцето ми се повраќаше...се сеќавам и дека плачев.
    Филмот е поучен и едукативен, ама искрено не се нафаќам пак да го гледам.
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Првпат го гледав пред 4 години и многу ми се допадна. Прикажана е суровата вистина на овој бизнис, за разлика од оние лимунадици од типот на „он е милионер, се заљуби у неа, батали и жена и се, ја спаси од тој зачаран круг и сеа се на Флорида и имаат 10 деца“. За жал, повеќето девојки намамени на овој бизнис завршуваат како во филмов.

    Друго што ми се допаѓа кај филмот е што дава комплетна перспектива за овој феномен кој има расплакано многу семејства. Значи не е само за намамување на тинејџерки, тука имавме и млада мајка од Чешка (на делот со неа и ќеркичката најмногу плачев, најмногу ми беше жал за ќеркичето да се разбереме), а делот со педофилите што се “забављаа“ на Филипини...мореее ми доаѓаше желба да им удрам по еден бокс на сите. Па добро, треба да си стварно ѓубре и болен со такви очи да гледаш едно мало, невино и беспомошно суштество.

    Еден од деловите кои најмногу ме потресоа беше
    кога мајкава од Чешка ја сместија во safe house, кога им кажуваше како да го пронајдат местото каде што се наоѓаат другите девојки/жени и ја застрелаа кога излезе на тераса да им го покаже возот кој го имаше видено дека поминува додека беше таму, а најпозитивен впечаток ми остави таткото на Надја, ретко кој татко би можел да помине низ сите тие предизвици за да го спаси сопственото чедо.
    Со други зборови, реално е прикажано дека е премногу тешко да се излезе од тој круг, си влегол ли еднаш во него. Додуша, имаше моменти кога страшно ја осудував мајкава, пошто според мене стварно неодговорно се испонаша за годините, ама стварно, си имаш мало детенце, шо ќе трчаш во странство да се наоѓаш со други мажи, ама ете живот, не е дека било кој од нас нема направено нешто за кое се нема покајано и си нема признаено дека е неодговорно.

    Го имам гледано два пати, последен пат пред 2 години и имам само пофални зборови за филмов. :clap: