Кога го гледам филмов паника ме фака, цела се тресам,незнам каде се наоѓам Страшно, хорор филм во живо
го гледав филмов пред 2 години ми се чини и се уште го имам во комјутер...првиот пат кога го гледав бев згрозена и знам дека почнав да липам...сеуште си бев наивно некако и не ми се веруваше дека постојат такви луѓе кои немаат ниту тронка жал за друго човечко суштество......а и се согласувам дека треба да го гледаат и малолетни бидејќи тие се најранливи најневини и наивни и тие можат најмногу да западнат во синџирот на трговија со луѓе...А денес верувајте и незнам која е границата за малолетни, кои ги сметаме малолетни? Па тие веќе се знаат за секс и такви работи па ај да не знаат за нешто волку битно! Едукација со време за се за секоја тема од животот!
Ако планирате да одите некаде во странство за работа, подобар живот, немојте да го гледате овој филм, ќе ви ја убие желбата буквално...
Филмов го гледав пред некое време и можам само да кажам дека е повеќе од поучен... Но и многу, многу тажен. За жал и многу реален, искрено бев згрозена. Но сепак го препорачувам.
Trade 2005 е исто така ваков филм го имам гледано поодамна, еве сега случајно најдов како се вика! Aко некој сака да го гледа, нема да се покае, навистина е интересен, и потресителен баш како и овој филм од темава
Ludo па ти си имала отворено тема за мојот омилен филм,еее сакав да отоворам и јас филмов е еден од најдобрите што некогаш сум ги гледала, дефенитивно секој момент од филмот ке го запаметам,додека го гледав-не трепнав Hа тажните моменти се изнаплакав,ми беше жал за девојчето Kој не го гледал-да го гледа веднаш !!! и ако знаете некој филм сличен на овој-кажете
Стварно Лудо ми ја зеде темата хе хе хе овај е мојот најомилен филм... Не памтам колку пати го имам гледано баш сега пред некое време го гледав пак,и пак се разбира се изнаплачив,жими се овај филм воздухот ми го зема Има страшно одвратни сцени и мии иди да одам да ги убијам тие гнасните одвратни ликови ејј,сега е намалено скоро исчезнато тргувањето со луге и ми иди рака да му пуштам на тие што ги фатија сите овие гадови кои го праеа ова..за грев чупињата ГАДОЈ а исто и Доналд Сатарленд го обожавам улогата му беше на место
Филмот го имам гледано одамна и многу ми се допадна. Останав без зборови и знам дека потоа ми беше страв да излезам од дома хаха
Пред некое време случајно загледав како една форумџика пишува за филмов и го пуштив. Навистина многу јак филм. Посакувам тоа да не се случува во реалноста но за жал илијадници жени и деца се жртви на трговијата со луѓе. Поучен филм, посебно за таквите како мене што се залетуваат и сакаат сами да патуваат во странство, да шират пријателства итн. Се изнаплакав. Омилен лик во филмот ми е таткото на таа девојката мислам Бјанка се викаше девојката. Многу паметен и храбар човек. Само не сватив на крајот таа девојка слепа остана или мене така ми се виде дека ја повредија знам.
boomsleng не можам да ти пишам порака, изгледа таква опција си направила, не можам да ти вратам порака пиши го името на филмот и тука, за да го видат сите, може ќе сака некој да го гледа. Kога ќе имам време ќе го гледам плус и треба да прогуглам за линк онлајн да го гледам
По барање на некои членови на форумов во темата за филмот Трговија со луѓе, да препорачаат сличен на овој филм со слична приказна, јас со задоволство би им препорачал да го гледаат филмот The Unknown Woman , или на италијански La sconosciuta, потресна и емотивна приказна со одлична одиграна улога од Ксенија Рапапорт од одличниот режисер Џузепе Торнаторе. Топла препорака за филмов до сите кои сакаат да го гледаат.
http://www.youtube.com/watch?v=GNTR2_Th150 http://www.youtube.com/watch?v=oeyBBQiW ... ure=relmfu http://www.youtube.com/watch?v=crWce9lu ... ure=relmfu http://www.youtube.com/watch?v=FEpYandX ... ure=relmfu Eве ви ги 4 тe дела, само не знам дали ги има оние гадните сцени, или да не ги скратиле ...
Сличен филм на овој е - http://www.youtube.com/watch?v=al3anBiHwmI > ''The Whistleblower '' добар филм..прикажани страдањата на прелажаните девојки после војната во босна, приказната за полицајка американка која се бори против цел еден систем кој фукнционира со години, а сите се вмешани на некој начин и имаат профит од трговијата...потресен филм...гледајте го
јас не можам овој никаде да го најдам, ако имате линк да се гледа онлајн, дајте Oд овој тип на филмови ви го препорачувам SESTRE