Не сум трудна и не сум била ама ке си кажам за други трудници што сум гледала.Убаво сте пишале погоре додека не искусиш не знаеш како е.Имам една комшика и каснеше 2 недели не знаеше ни дали е трудна ни ништо пошто не правеше тест уште.И еднаш и викам ај да ми ја исфарбаш косата.Леле боље и да не ја прашав па не можам па како па ми касни па може трудна сум ми се лоши од мирисот и ок нема везе се средив сама.После кога провери стварно трудна абе мислам дека цело маало не можевме да и се изначудиме луѓе се што ќе се видеше да се проба маж и ноќно време по 4-5 пати го праќаше се нешто и текнуваше душата им ја извади 9 месеци на луѓето.Да се разбереме уште пред да остане трудна имаше преголема килажа и хоби и беше јадењето па ова и дојде ко кец на дсетка.А пак 2 братучетки се породија сега брзо и цели 9 месеци мука немаа сме јаделе се пред нив абе гајле нема си зборат за јадење ниту малтретираа ниту им текнувало се им беше нормално.
Мајка ми ми има кажано како се давела во сок од свежи домати. Јас си љубам домати, не дека не, ама не знам дали и мене ќе ме спопаѓа таква желба Комшика моја многу ми беше смешна, трудна 9ти месец, скоро пред породување, седела дома, и се јадело нешто, не знала ни сама што, и доаѓа 5 годишното синче од надвор со мекица, му ја дале комшиите веројатно, и му ја грабнала од рака Е тоа ти е трудничка стрвност Исто знам, братучетка ми се давеше во пуслици, кремави колачи, се’ што е со шам, шлаг, се убиваше од јадење.
Јас пак што човек ке бев за време на цела бременост,ама немав баш ниту една желба можам да кажам дека го имав изгубено апетитот,а за јадење -јадев од што се мораше,да реботи стомакот со нешто
Јас немав некој желба за јадење , сакам да кажам си јадев се како и претходно Еднаш само ми се пријаде навечер 2 саат беше палачинки и му кажав на мм и он ми рече кога ке побара бремена жена да и се купи нешто треба веднаш да се најде , а продавниците веке беа затворени. И по толку убедување да седи дома тој излезе и ми донесе дома палачинка
Јас немам некои посебни желби, што ми се пријадува тоа си јадам, со оглед на тоа што и претходно си бев гурман не се променија многу работи. Да, зголемена ми е желбата за домати, сок од домати, томателото го пијам како сокче. А и немам гадење од никаква храна, освен од кафе и цигари. Кафе не можам да помирисам, а претходно денот не ми почнуваше без кафе и две-три цигари. Јас се чудев како ќе ги откажам цигарите, ама ете, организмот сам си створи аверзија, за моја среќа.
Во секој период од бременоста различен стрв имам, прво ми се јадеше многу домашна супа, со морковчиња магдоносче фиденце и др. салтанати, па домати, па модар патлиџан - во сите варијанти (пинџур, печен, како мусака и сл) па пиперки со лук и магдонос, слатко од тиква, па благо секакво а највеќе чоколадо...се до јагодите, после јагоди, лешници, бадеми, сладолед стрикно воден од свислион, и најново лубеница (неограничено) и млечен сладолед - во 9ти сум веќе па мислам доволно е и заборавив да кажам дека главно сама сун си купувала
јас сум трудница на која во секоја секунда и текнува нешто за јадење ама го заборавам во наредната, еххех значи не сум како некои ако помислам на нешто и морам тоа да јадам, јас кога сум гладна ке јадам било што.... е морам да кажам дека многу ми се јаде сарма, и некои зимници, што ме зафркава мажево само зимски јадења ти се јадат, ама за нив ке си почекам
И јас сум иста. Има повеќе работи кои ми се јадат но се е тоа периодично. Еве неколку дена веќе многу ми се јаде манчмалоу, да видиме до кога. Исто така премногу ми се јаде овошје, праски, лубеница, сливи. А нешто конкретно да сум барала па и да тупнам нозе додека не ми се донесе , се нема случено. Баш пред некој ден ми се јадеше нешто ,ми текна милион работи, а дома немаше ништо од тоа што сакав , часот накај 23ипол, па нема ни од каде да купиме, т.е. требаше до центар да одиме, па така си најдов едни замрзнати кифлички, кои воопшто не одговараа на јадењата кои ги набројав претходно. Ме гледа маж ми и се чуди, викам што е работата, вика “многу си скромна„ . Нормално, ова не е скромност, само е нормална постапка на возрасен, разбран човек, нема да се глупирам и да плачам ако не ми се донесе нешто за јадење, да не случајно ми биде нешто, ако почекам до утре За мене така кога ќе слушнам дека некоја прави изгледа многу лигаво, што да кажат оние кои немаат ни приближно колку нас ,кои можеме да си допуштиме да купиме се за јадење.
особено навечер кога седиме со мажево муабетот за јадење го правиме и се можно ми текнува, благо, солено..., и тој кутриот ке ми рече ајде де ке купиме утре шо сакаш, и утрешниот ден ништо од тоа неми текнува иако пробувам да јадам се, ама неможам ете пробав вчера зелка и моркови и неможам не ми оди од зеленчук само патлижани можам да јадам ништо друго,а од овошјето банани можам цел ден да си јадам а за други работи и кај мене е периодично
Јас си легувам толку рано навечер, така што целосно ги преспивам тие моменти за стрвост, а сабајлечки немам некој посебен апетит. Веројатно затоа сеуште не сум почнала да ставам на килажа
ЛЕЛЕ јас немам никакви желби ни да ми се купу ниту внимание сакам мм ќе ми се вртка ќе ме пипка што мене тоа сега ме нервира а претходно уживав и сега само го бркам од мене. За јадење ништо не ми сака душа посебно па да пребарувам ама затоа си се спуштам пред зграда во продавничка и си купувам сладолед и синалко скоро секој ден.
Леле порано иш не бев по јаденјето а сега ме фаќа стрв за се :geek: отидов ако може да почнам наеднаш да се поправам сега сум 5 месец кај ми е крајот ако продолжам вака да јадам...
леле луѓе јас од сношти проплакав за кисела зелка Незнам што ми е ќе збрлавам... Некоја комшивка отворила бурето, на момент ми замириса ...и толку. Сеа цел ден плачам, сите другарки ги прашав , на никој му нема стасано Да не знаете кај можам да најдам за купување ама убава, да не отидам да опљачкам некој подрум сега па после на вести да ме зборат!!! пс. никогаш во живот не сум сакала кисела зелка
Jas eve vlegov vo 5-ti mesec,a ic nemam apetit.Mi se cini deka prvite nedeli jadev poveke od sega.Ne sum voopsto strvna,samo sat pat znae da mi se posaka nesto blasko
a да си земеш од маркет од таа зелка што е во тегло само листови зелка се јас викам за мрзливи домакинки исто е во пресол зелк асамо листовите се оделени и замотани
Значи за солено и кисело прва . Не јадам многу ама стрвно сум ептен . Најголем мерак имам на пиперки со павлака (гамби) и кисела салата (руска). Среќа моите дома прават па имам од каде. И јас ја чекам зелката да стаса, ми рекоа дека пред св.Никола ќе била стасана, а меѓувреме на пазарче во нас. Аеродром има се!
Јас па цела бременост не бев стрвна, кога не бев бремена повеќе се стрвев, памтам лани во декември го терав мм сладолед да бара, а сега мака немам дури и апетит немам не па ли да сум стрвна.
Јас немам посебни желби и апетит, јадам нормално, со тоа што последниов месец количински јадам помалку и гледам многу да не мешам, бидејќи после тоа имам киселини, па затоа јадам повеќе пати по малку и поеднолично. Единствена желба ми е навечер да изедам некој ред чоколадо пред спиење, се друго ми е исто.
Ме изнасмеа и јас баш проплакав ама и цревата како да ми се тегнат,јас и онака обожавам кисело и секакви туршии ама сега за зелка малку се залажав со руска салата во неа има малку зелкичка а за другава со душа ја чекам да стаса поздрав