Дечки, се зачленив на Grouper и ептен ми се бендиса една понуда од Јупитер, арно ама не ми е баш сигурно, затоа што имам слушнато за многу лоши искуства. Дали некој-а од вас има искористено ваков купон, какви ви се импресиите од агенцијата ?
И мене ова многу ме интересира, уплатив преку нив летување ама некако страв ми е, да не е превара. Има ли некој искуство со нив?
Јас уште кога ќе видам дека понудата е од Јупитер, ја гасам, не ја ни читам. Ми се јавија еднаш, демек некаква награда сум добила, некое патување, не се сеќавам за каде беше. Наградата врска си немаше - добиваш спиење и превоз, ама за ова треба да се доплати, за она треба да се доплати, толку евра, волку евра и на крај сметката беше јас уствари сама да си ја платам турата. После испадна дека ни се јавиле на сите што сме се пријавиле за наградната игра, па кој прифати - арно. Имам еден познаник што многу лошо го зезнаа со некоја тура за Банско ми се чини. Ги ставиле во сосема друг хотел што не личел на ништо, башка на лице место пари им барале за нешто што не било предвидено... Не знам точно како беше работата, пред некоја година се случи тоа. Знам дека многумина имаат лошо искуство со агенцијава, не знам како уште постои. Или па евентуално врзани се со Групер, па така прават тури. Колку што видов ни сајт немаат Ја не би одела преку нив, ако веќе одам преку агенција, секогаш се држам до тие со кои сум имала убаво искуство.
Ама и лани имаше тури за Банско, и за Грција евтини и никаде на интернет не прочитав дека некој се жали. А гледам има многу продадени купони значи луѓе одат на тие патувања.Има ли некој на форумов што патувал преку нив?
И јас уплатив еднаш ама испадна промена во термините од моја страна и не видов како функционира агенцијава, инаку имаат сајт. Што се случува сега со овие баснословни суми некако матно ми е, ај, еднаш ама постојано хммм не знам. А би сакала да знам точно како некој поминал преку нив за летово.
Еве и јас да се надоврзам дека и мене ми се имаат јавено, а колку што се сеќавам не сум се пријавила за никаква наградна игра, тогаш основно бев, се чудев од кај им е мојот број, демек по случаен избор, секако немаше сама да појдам на одмор.Она што ме изненади е дека беа многу упорни , толку пати ми се јавуваа, се обидуваа да ме предомислат, да ми понудат да дојде уште некој.И се изненадив искрено, си велев за моја награда некој толку да се труди ? Сомнителна ми беше работата и не прифатив ништо.
Овие се чиста превара. Порано работеа во стан во некоја зграда, сега незнам дали си отвориле агенција. Не им верувајте, мене лично ме немаат зафркнато, ама ми имаат нудено да патувам преку нив. Ми праќаа преку пошта писма. Али сум слушнал дека имаат зафркнато многу луѓе. Така да не се летајте по ефтини понуди. Распрашајте се прво пред да уплаќате со било која агенција.
Другарка патува со нив во странство. Кога беа преварите лани во Банско и Инстанбул дека агенцијата не им платила на хотелите за сместувањето со што хотелот ги задржа туристите. Не им дозволија да се вратат, тоа беше една превара, а во Банско беше мислам дека не уплатиле никакви аранжмани за зимовање. Поточно немале вклучен договор со ниту еден хотел или незнам како беше точно. Ги следам јас понудите на Групер ама другаркава им е редовен патник и кога беа овие превари со секакви статуси на фб ги бранеше. И незнам која е поентата ама доста се замрсени.
И јас да се надоврзам и мене порано ми се јавуваа сум освоила патување ова она...Исто и јас ја видов понудата на групер и бидејќи пишуваше да се јавиш претходно во агенцијата за да прашаш за слободен термин, така и направив.. Се јавувам и ми се јавува некоја девојка што како прво не знаеше да збори пола на дијалект пола на српски ми збореше(си викам кај се јавив јас) и ми вика за хотелот флоримонт дека нема да го работеле веќе не им чинел спа центарот на хотелот дека ќе го исфрлеле од употреба и да сум изберела некој друг хотел ми набројува неколку хотели а на групер понудени само 3 од кои еден не е во употреба и и викам добро дали може да дојдам понеделник да платам 15е и да ја потврдам резервацијата и ми вика па не можеме да ти чуваме предрезервација као направи преку нет резервација и викам ок кажете ми како и типката ми вика аа не знам како чекај еден колега да ти дадам да ти објасни и ми дава некој што крајно арогантно ми се испонаша на тел ми вика ги купи ли купоните му викам не се јавувам прво да прашам дали имате слободни соби за тој датум и ми вика имаме ти купи ги и прати ни ги на маил. Му викам важи. Но не ги купив бидејќи мн сомнително мо делуваа и се откажав, подобро ќе платам поскапо но не идам со нив.
Ова беше таа агенцијата што ги однесе луѓето во Истанбул и не им го плати хотелот па не ги пуштаа да го напуштат?
Таа е Неколку случки имаше мислам такви. И секогаш нешто се доплака. Кога ке видам понуда од агенциjaва одма ми текнува на истата случка од Истанбул. Jас не би идела никаде со нив
Јас за чудо, се погоди да одам две лета со нив во Ипсос, Крф. Не сум имала некои проблеми. Патот ок, сместувањето за тие пари фала богу дека не е вау, ама е чисто, нормално минимум 10-15 минути пешачење до плажа. Би си купила и сега купони за 3 недели да седам, ама планирано ми е странството за летово. А за Истанбул и Банско не знам дали би се осмелила да одам, сепак пак не ми се агенција од доверба. Мислам дека волку рано пуштаат понуди за да закрпат финансиски дупки со парите што ќе ги приберат сега, а за натаму мислат после, па затоа им се случи тоа во Истанбул. И најверојатно ако имаат некоја добивка тоа им е од факултативните излети што ги организираат. За едно место да посетиш цената е помеѓу 10-35 евра, што не е малку. Ама пак, добро е што ако сакаш одиш, не сакаш не одиш, не си приморан. Барем така беше прошливе 2 лета.
Да. Точно е ова што си го пишала. Јас бев во таа тура за Истанбул за 8-ми март, наводно ефтина преку Групер. Не задржаа во хотелите, се изгуби драгоцено време кое беше планирано за шетање. Плус имаше расправии, типката што беше водич наводно се разболе баш тогаш и не сакаше да се соочи со изнервираните луѓе. Мој совет, не се летајте баш за Јупитер, едино ако не ви се ризикува.
Јас уплатив 2 термини едно по друго, во јуни, се мислам да си уплатам и за август.Ние секако изнајмуваме мотор за да шетамо по островот така да не ми е проблем колку ке е одалечен смештајот од плажа.Битно ми е да има смештај Ми дадоа договор, се договоривме за вила Теодора, наводно 450 м одалечена од море мада мислам дека е повеке.Ти во која вила беше, се секаваш ли. како е во Ипсос,убава ли е плажата, има ли кај да се прошеташ навечер. Смештајот каков ти беше, по пат како поминавте автобусите Ок ли се за патување на таа релација?Ми олесна малце, штом си била 2 лета по ред ваљлда се ОК.Позз
Абе ајде, патување за Париз за 2.000 денари со пат со смештај, со све. Само кога ќе го видиш тоа станува јасно дека нешто не е во ред
Другари мои 2 години по ред идат на одмор на Крф преку Јупитер со купоните на Групер и задоволни се .За 1000 денари имаат 7 или 10 дена одмор.Од смештајот задоволни се до сега немале никогаш проблеми со ништо
Некои можеби навистина ќе појдат и ќе поминат супер, но многу од нив ќе бидат зафркнати. Требаше за Истанбул да одиме тргнувањето беше мислам во 16 часот, а тие ни се јавуваат во 11 да ни кажат дека нема да се оди поради што му откажале 40 луѓе. Мислам сериозно?!? во 11 часот му откажаа дури 40 и спремани си останавме дома а за парите не маткаа еден месец дури да ги вратат а рекоја за 8 дена па секој ден јавување па како менаџерот никогаш не беше таму и му кажавме дека ако за брзо не се јави менаџерот ќе има тужба и другиот ден ги префрлија парите. Тоа е моето искуство со нив.
Мене ме чуди една работа, за проблемот во Истанбул слушнаа сите, имаше на интернет,на тв, по портали форуми и.т.н ама за други откажани или нереализрани аранжмани нема ништо.Упорно пребарував и не наидов на ништо.Ако стварно прават толку преввара каде се измамените луѓе да реагираат макар со револт на социјалните мрежи? На групер имаше купони и лани и имаше многу продадени купони и никаде не сретнав критика дека не се реализирани??? Каде се луѓето кои купуваат купони? И зошто сеуште продаваат ако се толкави измамници? Јас мислам дека е повеке нашата типична македонска навика,ако еден плука сите ке плукаме? Дај споделете реални искуства со агенцијава а не нагаѓања.