Де бре човек ти во кој свет живееш??? Си отворила ли интернет да видиш што се пишува за таа агенција??? Си пуштила ли вести да видиш што зборат за неа??? Јас како на пример секаде сум зборел дека не ја бивало агенцијата. Отвори на темата за Туристички Агенции и да видиш уште од кога пишувале за агенцијава. Никој не ти соли памет, туку ти си неинформирана и неупатена. Другпат наместо фејсбук и да гледаш штикли на гугл, отвори нешто паметно прочитај. А не сега да се правиш најпаметна тука. Позз.
Imam citano I znam kade ziveam vo zemja kade sto nemaa zakon za kriminalcite I prevarantite I kade se odi preku vrski pa taka I ovaa agencija... I otvoriv na temata I postaviv konkretno prasanje za ponudava I da ti kazam nikoj ne odgovori kade bese togas ti?
А да те прашам тебе треба некој да ти каже дека не чини нешто па да не го купиш врз основа на тоа? Не ли сметаш дека си способна самата да процениш дали е во ред некоја работа или не? Како на пример во случајов смештај и превоз 1000ден мислам нема логика...само превоз е 35евра а смештајот од 20е па нагоре..
Не е проблем прашај ме. Не,неможам сама да проценам затоа постојат форумите. Инаку понуди има по 800-900ден алл инклузив така да ова само ноќевање 1000ден не ме чуди така да со јадењето што ќе си го платиш или купуваш исто ти иде....
Кај наоѓате 800 денари all inclusive, алал нека ви е.... или цениве од памет се? Со 800 денари не можам да седнам да ручам некаде во кафанче, што се вели, па камо ли да патувам, плус се вклучено да ми биде, јадење, пиење, спиење и не знам што. Може и базени, џакузи и спа центри ви вклучуваат во 800 денари? Сериозно, не е ова иронија, туку ме интересира кој има ќар или нуди нешто за 800 денари, па уште all inclusive. Мене тоа би ми било крајно сумливо!
Едни пријатели отидоа во сопствена режија не преку агенција. Имаат пријатели од Бугарија и овие им посочиле.... Беше 800и нешто скоро 900ден така нешто ама на почетокот на сезоната не сега.
Јас платив за во Паралија 35 еур за 7 нокевања со влучен превоз и поминав без никаков проблем (аранжманот не беше преку Јупитер), на Лефкада бев за 70 еур за 7 нокевања со превоз,за Јуни цената преку Јупитер е 50 еур за 6 ноќевања што кога ке го земеш во предвид периодот и плус фактот дека се 6 нокевања а не 7 е горе-долу нормална цена ,плус се работи за рана уплата за која има попуст плус. И од други агенции понудите кои се за почеток на Јуни ако одбиеш попуст за рана уплата се тука некаде. Јас пред да уплатам во Јупитер прашував низ форуми, барав на интернет искуства, сега кога се случи ова за Банско хејтерите се јавија.Значи народов наш живее само за солење памет и за мудрување во ситуации кога воопшто не се потребни. Не се ставам во позиција да ја бранам агенцијава ама никој не кажа што се случи со тие 80 души во Банско, се сместија ли, ги вратија ли назад?Наскоро мои пријатели треба да одат во Банско преку нив, баш ке вдам како ке поминат.Што се однесува за патниците од Истанбул, мој пријател беше, точно е дека ги задржале на тргнување ама не платија ништо плус, се било ОК до моментот кога требало да се одјават од хотелот, тогаш настанала збрка ама истата беше решена, патниците вратени, без доплати без ништо слично.Убаво го прочитав и договорот кој го даваат од Јупитер, нема ништо нелогично, ако не ми го реализираат аранжманот ке ги тужам.Не ги сваќам луѓево кои не биле преку агенцијата а слушнале нешто и ако еден хејта ајдее сите ке хејтаме.Форумите служат да си помагаме едни на други а не некој да лечи фрустрации.
Јас бев два пати, и лани и прелани на Крф, по 12 ноки. И ова лето пак ке одам во јуни 6 ноки, преку Јупитер. До сега немав проблеми.
Како бе не научивте дека ЕВТИНО и УБАВО одат заедно само во 5% од случаите? Уште кога тоа евтино и тоа смешно евтино значи дека нешто не е во ред! И тие аранжмани за 800 денари all inc да ги поставите тука, а не да зборите од памет. За 800 денари во било кој туристички центар едвај ноќевање со појадок ќе добиеш а не алл инк. Не ме зезнале Јупитер, ми се имаат јавено 100 пати и секогаш љубезно ги откачував. Но моја другарка беше во Истанбул и си помина .. па знаете како. Нема што да се раскаже. За нив 100 удри 1 број.. 100 стапа по туѓ грб не болат, ама нека ги прашаат разочараните патници! Уште полошо е што Групер соработува со нив, веројатно имаат некоја многу голема корист, искрено заслужуваат сите во затвор да завршат!
Агенцијава е катастрофа!!!! Но, изгорете се па ќе видите за што станува збор. И јас бев една од оние во Истанбул, каде ни беа задржани пасошите и не можевме да се одјавиме затоа што не било платено?! Во понудата пишуваше дека сместување е во центарот на Истанбул, но бидејќи господиве од агенцијава не уплатиле таму, луѓево кога отидовме во хотелот беа збунети одкаде толку народ спремен да престојува без никаква резервација. Чекавме 5 часа да се среди, но ништо. Бевме приморани да отидеме во друг хотел. 50км од Истанбул! Ма ајде!!! Отидовме и таму па некаде за уште 6-7 часа се среди работат да останеме таму. Менаџерот си отиде, никаде го немаше, ги собра парите за посетите низ градот. И на крај што?! Ништо не се виде!!! 400 луѓе бевме изиграни будали. И после велите дека се супер?? Па сега и читав и во Банско ги изиграја... незнам која позадина ја има агенцијава, која нема ни веб страна за известувања и сл. ниту телефонски бр да исконтактираш, туку само со маил. Ха бе.... Од вакви лажговце пропаѓа државава....
Јас незнам дали некој сеуште се осудува да мрдне преку овие некаде. Па ни во Скопје не би шетала со нив, не пак настрана. Незнам како сеуште имаат дозвола за работа.
Прочитај погоре и види дека уште има луѓе што би се осудиле да одат, оти според нив да те заебе агенцијава, не било ништо страшно, луѓево биле хејтери, агенцијава си била ТОП
Погоди колку ваучери продадоа за Банско преку Групер? Над 900!!! А не е дека народов не слушнал за сите досегашни глупости на Јупитер ама ете, повторно и повторно се прелажуваат со евтините цени (три дена во Банско за 700 ден, јеа рајт)
Тензична атмосфера и расправии во туристичката агенција „Јупитер“. Десетици граѓани од Неготино, Битола, Велес и други градови обвинуваат дека се изиграни од агенцијата. Тие денеска во 15:30 минути требало да заминат за Прага, за чија понуда платиле 2000 денари за две ноќевања. Раскажуваат дека залудно го чекале автобусот за тргнување, бидејќи тој не дошол, а патниците воопшто не ни биле известени дека турата е откажана. http://telma.com.mk/vesti/revoltirani-gragjani-na-protest-pred-agencijata-jupiter
Јас немам никакво искуство со Јупитер, а не ни сакам да имам. Прво Турција, па Банско, па сега Прага и уште ли не им е јасно на луѓево дека не треба да им се верува
Веќе, после ова, стварно сметам дека не е крива агенцијата.... па кога има овци, ќе има и волна Кога има прост народ, зошто да не искористат... не се будали
Ако така им е кога не им иде памет. Нека ги колат. Без пари нека ги остават дур не им дојде памет у глава. Така му треба на нашиот народ за да се опамети.
Добро бе луѓе, па никој не е ненормален да оди ако знае дека лажат. Ете не слушнале, информацијата не стигнала до некои од нив. Како можете да речете дека така им треба? Па се лакомеле за поефтино. Абе се чудам со коментариве цело утро. Гледа ефтина понуда и уплаќа. Ете, не секој ќе помисли дека може да има вакви идиотски измами.