Ако барем еднаш си бил или си зборел с некој што бил за Банско Прага Истанбул ке видиш дека кошта многу повеке одколку преку овие па ке ти стане сумњиво Очигледно некој убаво ги штити а народ глуп трче по ефтини понуди Поубао букирај си дирекно во хотелот немора преу агенција
Леле што сте запнале што мислеле луѓето кога уплаќале? Па овие аражмани се уплатени од окотмври месец пред да испаднат со нив глупостиве во Банско, одкај да знаат????
Da во право си немаше ништо што да прочиташ тогаш сега само ј да напишеш ги има сите овие искуства а тој што кажува за неинформираност нека побара и нека предвиди нешто во ноември.лугето ги лажат за станови а не па за овие пари на секој чекор има превари ма како тоа арно му се направи ма дајте да се помогне да се вратат парите ,да се тужат да не се повтори не бидете смешни никој не би уплатил ако бил информиран
Еве каков меил добив од Јупитер: "Почитувани патници, Ве известуваме дека од Среда 30.03.2016година Инфо центарот на Т.А.Јупитер ќе биде отворен во Беверли Хилс на 1 кат лок.43 на старата локација над кафе 9ка.Работното време ќе му биде од 12-16часот.Намената на инфо центарот е да се проверуваат сите извршени рефундаци, до половина реализирани и оние кои што не се воопшто реализирани. Сите рефундации ќе бидат завршени со исплата заклучно со 29.04.2016.Во очекување сме на исплата на полисата за осигурување од одговорност што ја поседува секоја туристичка агенција со лиценца,,А,, Во тек се вонсудски спогодби со осигурителната компанија и нашето адвокатско друштво.Доколку не дојдеме до разумно решение и комплетна исплата нормално дека ќе превземеме правни мерки кон нив и јавно ќе ги објавиме доказите и побарувањата. Воедно ве известуваме дека патувањата за летните аранжмани почнувајќи од 01.06.2016 ќе се реализираат во целост преку друга туристичка агенција која ќе ги превземе нашите апартмани и договори.Сите доплати ќе можете да ги ивршите во агенцијата партнер и да потпишете нов договор со нив каде што Вашите уплати ќе бидат прифатени во целост.Насоки и детални упатства каде можете да го направите истото ќе добиете најдоцна до 31.03.2016 кога ќе биде финализиран договорот за превземање на клиентите и податоците за уплатени и недоплатени средства. Како што ветивме најдовме соодветен начин како да не ве извисиме, да си ги добиете уплатените средства и да си ги реализирате патувањата за лето.За разлика од сите останати ние си ги сносиме последиците по секоја цена и остануваме доследни до крај.Колку и да чини тоа. Ви се извинуваме за непријатностите кои настанаа, како и за вложеното време и доверба да патувате со нас, но едноставно некои луѓе сериозно наумилие да не уништат. Верувајте нема да потпаднеме под никакви притисоци,ќе ги отклониме недостатоците и ќе продолжиме со работа. Не постои опција компанија која постои веќе 5години и има сервисирано преку 35000патници да ја снема преку ноќ само затоа што некому бодеме очи. Ако до толку им сметаме нека го свртат погледот,не мора секое утро со нас да им започнува. Или мора? Ви Благодариме на разбирањето. Дозволете ни рок од 24ч за да ви одговориме на Вашиот email. Со Почит, ТА Јупитер" Што мислите, јас немав време да отидам, дали некој бил откако е отворена?
Не бе, овие немаат намера да се откажат. Сега некој друг им е крив за измамите што ги правеа. Па ќе се борат и понатаму.
Се јавив во Прима, прашав дали ги имаат преземено аранжманите од Јупитер и ми рекоа дека немаат поим за такво нешто, прв пат слушаат.Бев во Јупитер, затворена е. Ако некои од членовите имаат некоја корисна информација нека ја споделат, нема потреба од хејтерски постови, форумот служи за размена на информации а не за хејтање и гледање сеир!
Не кажав за превземање на аранжмани, туку истиот газда работи преку таа фирма, и реков како што слушнав, а не тврдам !
Во меилот што го добив од Јупитер се спомнуваше дека друга агенција ке ги превземе летните аранжмани, затоа кога ја спомна Прима мислев дека таа агенција ке ги превземе аранжманите, и затоа прашав. Фала на информацијата, но за жал не е точна.
Мислам дека новата Јупитер агенција сега работи како Stuff така нешто. Ми стасуваат меилови од нив инаку како би го имале мојот е-маил?
Escape travel ги презема аранжманите од Јупитер со соодветна доплата.Според мене се работи за истата агенција, само името е сменето.
@macalavica извини мила, агенцијата escape travel е лично моја, брз несоодветни етикети ќе те молам. Ние сме нова агенција, работиме 1 месец и во соработка со групер ги превземавме пропаднатите купони што јупитер ги заеба луѓето. Со тоа што ги земавме, ни помогнаа многу за почеток на нашата работа со оглед дека ни треба клиентела а и групер да си го обели ибразот што се исцрни ради јупитер. Слободно јави се во агенцијата на 070 532 693 или 02 3120 451 за повеќе информации.
Форумот е наменет за изразување на лично мислење.Јас по тоа што го прочитав ме асоцирате на Јупитер, дури и програмата ви е иста од збор до збор како што беше на Јупитер, и тешко дека некој може да ме убеди во спротивното. Дури и ако е вистина тоа што го велите тогаш од старт правите грешка бидејки со Јупитер во позадина нема да креирате добар углед на агенцијата ама вие си знаете...
Се работи за сопствен закуп на вилите, затоа и можее да играме со цени, со шѕо имаме факултативи шѕо дополнително се доплаќаат и се напишани од збор до збор на зделките. Моментално се наоѓаме на крф со група, по враќањето ќе може да се уверите дека овие етикети немаат потреба. Секоја нова агенција отворена неможе да ја споредувате со јупитер, дајте ни шанса да се докажеме. Ние сме нови и ни треба поддршка. А за тоа дали правиме грешка дека ги превземавме купоните од јупитер преку соработката со групер , како што кажав, ни помага многу дека сме нови. Си има секој на свое мислење, само ве молам, немојте да не споредувате со пропаднати агенции, и ние се бориме за парче леб како и сите