Не успеавме да стапиме во контакт со нив, дека има околу 800 лица зафркнати од јупитер, па дури и освен купони купувале и факултативи како што добиваме маилови од луѓето. Колку што знаеме, не постојат, не работат. Така да луѓе, слободно исконтактирајте не, се ќе ви биде објаснето
A пари вракате ли вие за купоните на групер? Ако не напуштетего форумот и рекламирајте се на друго место овде има толку што се изгореле што не ни требате и вие истите јупитер.си има други долгогодишни агенции и повеке нема ризикуванје.надвор од форумот ке ве молам не ни ширете дезинформации наведувајки не кон друг пат само за да си се промовирате а можеби сте јупитер лажовите
Некој што води бизнис и води борба да придобие клиенти, треба да има повеќе сенс и комуникациски вештини при било каква провокација. Превземањето на било што поврзано со и од Јупитер, Ви е исто како да имате маркет и да сте превземале од некој друг пропаднат, производи со поминат рок.
Дај Боже да е така и убаво да ви оди работата. Форумов има многу членови, па и гости кои читаат. Тоа што имавте доблест да го пишете е знак дека сакате да работите, верувате во својата работа... но такво испалување не е одлика на професионалец. Како сакате...само кажувам. Јас не би играла така. Ја знаете онаа еден оди 100 води? Една лоша претстава и отиде трудот во аут.
Во последните 5 поста се објаснувам со убаво, дека сме нови и за 1 месец успеавме да направиме тура од 50 патника, со однапред купени вили на крф за цела сезона. И на секој пост бев нападната дека сме јупитер ! Па веќе незнам како да рњагирам, дали да се радувам за успејот или да се нервирам (плус сум бремена 7ми месец, хормони ме маваат) Луѓе, толку од менр, проверете на фб фан страна, прашајте од веќе тагирани луѓе што биле патници. Не не бележете, дајте ни шанса. Убава вечер
@NanaMia Браво, ако вака си дрска кон потенцијални клиенти, биди сигурна дека само потенцијални и ќе останат. А цел форум те чита, ако не коментираат сите. Дај запиши некој курс за пи ар. Дури цело едно патување стои во биографијата? Wow. Нека фала, има еден куп агенции со долгогодишно искуство. Ако не друго, врзувањето со Јупитер ви е страшно лош почеток.
Па не е грев што имаат едно патување во рефернтната листа. Од едно се почнува Нека им е лесна работата и нека имаат многу задоволни клиенти. Искрено посакувам. И мирни хормони
Агенцијата Јуптер НЕ ПОСТОИ. Нема такво правно лице. Бришано е. А која е таа Агенција @NanaMia ако не е тајна? A зошто би била тајна ако се работи за туристичка агенција ??Нели треба да се рекламирате ?
Немојте да ја напаѓате. Непријатно е. И они се луѓе. Ви се исповика зошто ве следам што пишувате и стварно ја напнавте и изнервиравте. Не мора одма со карање. Може утре ќе ви се најде. А и пријателка ќе ви стане. А и попуст плус ќе ви даде. Не одете одма на таа карта одма да се расправате. Јас сум неутрален во оваа ситуација. Убаво ви кажа девојката. Дајте им шанса. А ако се од Јупитер, одма ќе се откријат. Мала е Македонија. Тоа е се, понатаму вие си знаете.
Фала ти за убавите зборови. Рзгледајте на фб што понуди имаме. Исто има и фотогрфии од патувањето викендов
Да си направите сајт со понуди Вака , тој што има ФБ ќе знае за Вас, ама тие што немаме тешко да разбереме Со среќа Агенцијата !!
Имаме сајт со поскапи цени , www.escapetravel.mk На групер, во категорија патувања ги имаме со попуст. Фала ти најмногу !
И јас сум една од зафркнатите од Јупитер,уплтивме аранжман за Прага но се деси тоа со затворањето со агенцијата и до ден денеска ни ги немаат рефундирано средствата. А да прашам јас оваа новава агенција Escape travel ги рефундира средствата или аранжманите ги превзема? И дали некој бил во тој Инфо центарот да провери?