1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

TA Сафари

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Irrepleceable, 3 јуни 2013.

  1. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Има ли некои што веќе патувале со оваа туристичка агенција,зошто летово планираме преку неа да идеме на одмор,па ме интересира колку се сериозни во тоа што го нудат? :) Имав лошо искуство со претходни агенции,па подобро да се спречи,него да се лечи :D
     
  2. irena85

    irena85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Јас две години одам преку нив во Олимпик бич вила Теодора, првиот пат пред 2 години супер беше , и вода
    чисто беше , газдарицата не ни правеше проблеми , бевме презадоволни плус и многу ефтино беше,затоа и лани викаме проверено пак ќе одиме на исто место, но повеќе од пола одмор имавме проблеми со водата ни ја искучуваше баба Теодора :D и кога се буневме и викавме се правдаше како наводно се правело нешто и цел реон немало , како може се исто време да нема капка вода сабалје очи да неможеш да си измиеш и после плажа да се истушираш,се жалевме и во агенцијата ама незнам дали е средено сега тоа.Доколку одиш во оваа вила прво прашај си ја ова , бидејќи за другото немам лоши збориви.
    Вилата е на мирно место со големи тараси .Се надевам дека ти помогнав .Поздрав
     
  3. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360

    Јас планирам да одам во септември,во Паралиа,во еден хотел (не ми текнува во моментов како се вика),и од причина што имаат навистина ефтина понуда,затоа да прашам..зошто лани отидов преку една агенција,немаше ништо од тоа што го нудеа...буквално бевме оставени сами на себе..секакви има :o

    Ени веј..фала за помошта :rofl: