Девојки, Ви се обраќам вам, како последно нешто на кое што успеав да се сетам за помош ... Имено, запознав девојка во Април 2011 сосема случајно, почнавме да чатуваме на ФБ, затоа што јас работам надвор во Македонија, и по скоро 4 месеци активно чатување дојдов во Македонија, се запознавме, и во Август влеговме во врска ... Јас морав на крајот на Август пак да се вратам на работа, и се видовме пак во Јануари ... Иако често се трудам да одржувам контакт со неа, во тој период, од Август до Јануари, таа изгледаше сосема незаинтересирано, имаше периоди кога по 2-3 дена немаше да ми прати порака, но и покрај тоа, продолжив да се трудам да комуницираме што е можно почесто .. Одморот во Јануари не помина баш најдобро .... Се караме постојано, јас во Мај би требало да се вратам во Македонија и да завршам со работата .... Проблемот се состои во тоа што, откако почнавме да чатуваме, јас не погледнав ни едно друго девојче, ни една друга не ме интересираше освен неа ... Деновиве сме на интензивни караници, таа е убедена дека јас имам друга на страна ... Пред 2 дена, го направив и последниот чекор кон тоа да ја уверам дека само неа ја сакам ... И го дадов својот FB пасворд, да ги провери сите пораки ... на 13 овој месец, една од моите бивши, за која што и таа знае ми пиша на фб, еј како си, ја раскинав со дечкото ... Јас наредниот ден и кажав на девојка ми што ми се случило и дека ми има пишано бившата... Вчера кога ги разлиста пораките, почна да се кара со мене, каде се другите пораки од твоите ''курвичиња''? Многу ми е криво што не знам како да ја убедам дека само таа ми е се во животот, ни една друга не сакам ... Имам чувство дека што и да направам, за неа никогаш нема да биде доволно .... Знае да биде злобна со зборови ... Премногу пати се направив на седум и пол, само да не се караме... Секој ден, и кажувам колку ми значи, колку ја сакам, и ги кажувам најискрените чувства .... Таа не го цени тоа ... Ја сакам, сакам животот да го поминам со неа, ама овие обвинувања, неосновани, ме убиваат, губам воља за се друго ... Не знам што да направам, да и докажам дека само таа ми е се во животот ... Воопшто не ми верува, да и кажам дека морето е сино, нема да ми поверува ... Секогаш го мисли најлошото за мене, една вечер бев до тој степен болен, што не успеав да станам од кревет, и таа беше убедена дека ме видела низ град, како се шетам .... Не сме имале односи досега, таа е невина, за неа се чувам ... Одбив понуда за работа во Западна Европа заради неа, и оваа работа ке ја терминирам заради неа ... таа и понатаму мисли дека имам друга ... Не знам што да правам, како да и докажам дека греши? Секој ден кога бев дома излегував со неа, го запоставив поблиското семејство, другарите, роднините, сите кои сакаа да ме видат на секунд, дека на 4 месеци идам дома... Се трудам секојдневно да и покажам колку ми значи, и колку ја сакам, но таа пак по свое тера ...
Хмммм, па стварно незнам што да ти кажам, неможеш со сила да ја натераш да ти верува, таа треба самата со себе да расчисти да знае што вистински сака. Само речи и дека колку и да се трудиш да и докажиш дека ти значи е залудно ако таа не ти верува или несака да ти верува. А што ако ти почнеш да се сомневаш дека не е заинтересирана за тебе затоа што во меѓувреме нашла друг и како би и било ако таа се најде во твојата ситуација постојано да треба да ти се правда. Доказ дека не ја лажеш е фб пасвордот што си и го дал, иако мислам дека си згрешил. Речи и добро да размисли и дека ако не сака да бидете заедно подобро е да ти каже искрено и да не бара причина за да раскините. Барем би било по фер. Па види како ќе реагира
Искрено мислам дека се си направил за да девојката има доверба во тебе и да ја увериш колку ти значи и колку ја сакаш, можеби младоста ја прави несигурна или се работи за нешто друго, друга врска или некој друг и се допаѓа па не знае како да те откачи па ти наоѓа триста мани и постојано сака да се расправа со тебе. Мислам дека треба да поразговараш со неа и да ја прашаш да не има некој друг проблем што така се однесува со тебе и покрај тоа што се правиш за неа бидејќи ,,нападот е најдобра одбрана,,. Ова ти го пишувам од искуство на една моја другарка кој постојано беше контролирана од дечкото и кој постојано и велеше ти ме изневеруваш, за на крај да дозне таа дека тој е кој изневерува. Разговарајте бидејќи една врска не може да се темели на недоверба и расправии.
абе не си ти 100години стар... не знам колку години има твојата девојка ама тоа не личи на нормално нешто да не ти верува воопшто после се што си направил...како прво не ни заслужила веке било што да правиш за неа и да се трудиш. Мислам гледам јас дека си заљубен и го сакас девојчето ама те молам немој толку да се понижуваш пред некој кој не го заслужил тоа. А можеби и со тоа што не ти верува не сака повеке да бидете заедно... не знам пробај да разговараш сериозно со неа и без караници. Срекно не знам што друго би ти кажала.
Смени ја малку тактиката, покажи и дека може да те изгуби и да видиш дека ќе ја пецне ако и значиш и ќе се сменат работите. Никако не и докажувај дека ја сакаш и се слично на тоа. Зошто да не ти верува ако не си и дал повод за тоа? Биди малку поладен, не се возбудувај, не ја барај ти, не и пишувај ти секој ден прв, почекај да видиш кога ќе те побара, ќе видиш дека ќе се зачуди и ќе те праша што ти станало, па тогаш речи и не можам јас да те барам секој ден, и да се карам и да се правдам, твое си е дали ќе ми веруваш или не јас доволно вложив во нас. Биди малку посмирен, па машко си бре или што си, немој да се лигавиш(извини на израз), плус не си престар. Пробај вака мислам дека многу ќе се сменат работите. Па на крај краева и ако не сте за заедно, ќе си ја прифатиш другата работа, девојки има еден куп, барем знај си на што си.
Понекогаш ние девојките знаеме да претеруваме за многу работи, но, ова што го прочитав е претерано. Твојата девојка или е премногу љубоморна или пак тоа го прави затоа што не е заинтересирана за тебе. Лично јас, така би му правела на дечко ми ако веќе воопшто не ме интересира и не сакам ништо со него. Ако навистина се трудиш толку околу неа за да и докажеш колку многу ја сакаш таа треба да биде најсреќната девојка на светот, бидејќи го добива она за кое сите девојки мечтаат. Ти веќе си направил се, но таа и покрај тоа се сомнева во тебе. Дали размислуваш за тоа дека можеби таа не те заслужува? Немој да се повредуваш самиот себеси, бидејќи колку и да е силна твојата љубов кон неа, не вреди за тоа да го жртвуваш времето кое можеш да го поминуваш со своето семејство и твоите пријатели. Мој совет е да разговараш со неа за тоа што навистина ја мачи, можеби проблемот не е во тебе туку во некое нејзино лошо искуство.
Таа не заслужува ваков третман од тебе. Ако мисли така, остви ја, можеби и малце ја гушиш од толку изјавување љубов. Оладете малце, ти се си направил за неа и многу пати си и покажал и докажал дека ја сакаш. Не сака?-Не мора! Премногу млад си за толку да се затрескуваш и да се откажуваш. Таа не цени ништо, епа не заслужува дечко како тебе. Можеби и не и се допаѓаш, не чувствува исто за тебе, како и ти за неа... Ама се си мислам дека ако еден период не и пишуваш, не ја бараш дека таа ќе се освести и ќе сфати што изгубила и сама ќе те моли да и простиш. Сведок сум била на мнооогу вакви случаи.
Се слагам со девојкиве. Нејзиното е претерано иако ја сфаќам до негде но и твоето докажување има граници. Си направил се за да и докажеш дека треба да ти верува и пак истата песна ... Е вака, престани да се правдаш и да објаснуваш, олади малку дистанцирај се од неа ... Или кратко и јасно кажи дека ако продолжи така врската нема да може да опстане. Без доверба ништо. Па ќе видиш нејзина реакција. Во краен случај ако не се соземе, прекини има девојки колку сакаш ... А таа откако ќе сфати што губи, ќе те бара под дрво и камен.
Лелее исто како да се прочитав јас од другата страна..Хм,исто јас во мојата врска немам потполна доверба во мојот дечко иако досега не ми дал повод за да се сомневам во него. Цело време осеќам како некоја нестабилност,како мислам дека ме лажи,а уствари нема врска.Иако знам дека никаде не излегува без мене,не знам шо ми е,се осеќам како фрустрирана,како испалшена.Па јас мислам дека те сака и тоа премногу,ете и ти како и мојот дечко објаснуваш,докажуваш,се правдаш и да те сфаќам дека ти е мака постојано да објаснуваш нешто за што нема сомнение но сепак пак постои екоја несигурност.Јас мислам дека сер аботи пред се за нејзината самодоверба,бар според мене и јас како се осеќам.А можеби па и пред тебе немала некоја врска постабилна,па сега е исплашена да не те загуби.Мој совет ти е ако ја сакаш,а верувам дека ја сакаш според твојто пост кој ми делува како многу искрен е да си малку повеќе стплив,т.е.ете велиш дека ќе си дојдеш во мај,па мислам дека сето тоа подруго ќе се одвива кога веќе ќе бидете во постојан контакт и близина.Една замерка,па не си морал и бившите да ги имаш на фб,сега извини вака ако претерувам,али па зошто уште повеќе ја ставаш во недоумица со тоа што си и кажал дека бившата ти пишала дека раскинала со дечкото?Па по автоматизам девојката ќе си помилси ете бившата сега е слободна,па отворен и е патот.Второ не се карај,не влегувај во расправии,јас мислам дека се ќе среди кога че си дојдеш,а дека е заинтересирана за друг па јас и не би рекла,азтоа што ако е сигурно нема да се замара со твоите објаснувања,мислам дека не би била толку упорна,едноставно би била ладна.Бар според мене.. good luck!!!Па пиши што ќе биде,али јас мислам дека се ќе се среди..