Ми изгледа доста интересно но и малку напорно. Вреди да се проба. Да не знае некој колку калории се трошат ако се вежба ова саат време?
Со оние полесните околу 300 минимум. Сепак зависи од напорот што го вложуваш. Во просек со висок напор се губат околу 500
Вежбам веќе две недели по 4 пати неделно тае бо, плус 20тина минути зумба, си јадам нормално како и секогаш, а вагата покажува кило ипол помалку Црнецов навистина мотивира и плус од што е така затегнат какви му се движењата како по лента.Ама сигурно не е ваков само од Тае Бо Како и да е, супер е.
Баш го симнав видеото и јас, кардио тае бо хир ај кам И јас ќе зумбам паралелно со тае бо, само некако да ги распределам. Изгледав за сега што и како се движењата, не ми се нешто посебно нови, истите ги имаме на микс аеробик и од она вежбање таму на микс аеробик можам само да кажам јес, тоа е тоа ок беше пред некој месец тоа Али дефинитивно не ќе да се ни тој, ни стегнатине мишичави девојки такви само од ова, згора на се не вежбаат ни со тегчиња мааа и без тоа нејќУм толку мускули .. а можда и сакам, само тешко до таму да стасам ехеее! Вежбам два месеци активно и после ме фаќа досада, два месеци ме нема, па па после два месеци и кој прави така убаво, такво тело, никој нормално Ајде да одморам малку па ќе се тае бобувам и јас.. дали само претходно да зумбам се мислам Двете... ту мач некако ентузијазам ми се чини Воља и само воља, ама за јачење онака, иначе на дело јок!
Да предупредеа дека човек може да заврши ранет во биткава, а не ми пуштиле некои стегнати тела, лиги да ми течат дур маваат боксови на сите страни, па и јас мислам ако се размавам низ дома, те боксови, те клоци одма и мене ќе ми п’ркнат тоа мускулите од сите страни. Е, не жабо, жабо за кај трчаш. На фотосесија да не ќе одиш нареден месец. Идиот!!! Ме боли
Распрашај се. За кај вас не знам. Види во местата каде што има фитнес и аеробик, веројатно имаат и ова. За Скопје можам јас да ти зборам. А, Алиса, многу се уфилмав слушајќи го црнчето, како треба да се трудиш и да ја дигаш ногата се повисоко... и се беше ок деновиве, ама е денеска една жила, се жали од сабајле одам така малку разштимано, пошто се затега, оптегнува... ќе помине Не ми е прв пат мене со вежбањето така. Само ако ме боли, мене тогаш ми е знак дека е добро
Дечки, а по колку минути вежбате тае бо дневно? Јас имам едно видео со бајаги ужасен квалитет, ама трае 8 минути, и супер ми доаѓа во комбинација со зумбата. Ама 8 ми се малку, а тоа од 40 минути - премногу. Колку издржувате вие?
Јас ги издржувам тие од 40мин до 1 саат. На почеток по 20мин вежбав, не можев повеќе, и после наредниот ден продолжував од таму каде што застанувам
Колку што можеш толку за старт и секој нареден пат труди се по повеќе. Ама најдобро ти распореди си ги кои денови ќе си зумбаш кои денови ова. Пошто, од она што знам за тренинзите, активно трошење калории ти е дури по 15 минута. Па ако вежбаш и едно и друго, Тае Бо и зумба, не дека нема ефекти, ама подобро да му се запнеш на едно од овие и да се испотиш поштено дента со еден целосен тренинг, пошто не напразно се направени така од по толку колку што се, а бидејќи тоа ти е комплетен тренинг. Пример, ако се запишуваш некаде на микс аеробик, што е прилично слично на ова три пати неделно ти се часовите по некој си еден саат траат.. можеби да е и помалку од саат. Поима немам. Ама баш затоа е три пати неделно, пошто е интензивно вежбање три дена од недела кое е доволно за слабеење и богами се слабее и се затегнува телото. Што знам, јас така мислам и така знам. Е сеа е друго е што понекогаш и јас имам бубачки во главата, пак сакам се одеднаш.
Ова клипот за тае бо со црнецот ги вежбате или имате некои други? Не можам да ги симнам вежбите со линковите што ги оставивте.
Јас моето го симнав преку БитКомет програмчето. Само во прозорчето што е за пребарување напишав Тае Бо кардио и ми излиста повеќе варијанти симнав една и е со црнче, можеби баш истoвo од овие тука. Не знам Пробај така. 40 и нешто минути е мислам дека ова кардио тренинг и прилично е добро http://thepiratebay.org/torrent/6076602 ... k%29_video едит: Ина, баш тоа е од оние Алиса што го има постирано неколку страни поназад, баш првото е. Тае Бо кардио.
Колку е само овој црнецов мотивирачки настроен, аууу. Таман ќе помислам неможам веќе тој one more, yes, good. Иначе сега почна со видео од 10 минути а потоа планирам да зголемувам
Тае Бо е 5 пати понапорно од Зумба. Зумбата сите ги минев до крај од прва, а Тае Бо сега првпат и од 20 минути не можев повеќе, ама сега правам една мала пауза па ќе си продолжам пак. Едит: завршив со видеото, некако... жива сум добро е... ми се чини дека вторите 20 минути поминаа побргу од првите. сега само уште неколку стомачни и склекови и готова сум. Спојлер се надевам дека утре ќе можам да станам од кревет
Ги симнав Tae Bo вежбите што ги постираше Zhap4e и успеав дури 24 мин да извежбам, цркнав ,се направив жива вода .Навистина се добри. Мала пауза па продолжувам со остатокот.
Го обожавам црнчевоооо! Да се стави ова во записникот. Баш кога мислам крај! не можам повеќе! ... ете ти нешто прави тоа човече мускулесто да ми се смири срцето да не ми пукне Ќе зголемам вежбањево со овој. Пошто ко шо приметив на видеово нецели 36 минути се вежбите остатокот е тегнење - мир со себе - мир со светот Чим осеќам малку ми е... кондицијата се вратила back in the game уште телово да се врати во игра ко што треба и да остане НАЈБИТНО!
значи стварно ме мотивира почнувам и јас од денеска со вежбање супер ми изгледа а и јас обожавам вежбање во музика сигурна сум дека ќе показе резултати ајде ја отидов на вежбање
И јас сум презадоволна, мерак ми е да вежбам и како што кажа Жапче таман ќе си речеш готово пукнав, следи полесна вежба и така не се откажуваш А како изгледа, да не коментирам