1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Tae Bo

Дискусија во 'Фитнес' започната од gabi.t5, 29 ноември 2009.

  1. dorjanka

    dorjanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    7
    Зумба

    Здраво до сите ,јас сум нова на сајтот и многу ми се допага.Имам испробано секакви вежби ,аеробик,фитнес,и ништо од тоа немаше ефект еден пријател ми го препорача ТАЕ БОтоа е всушност комбинација на бокс,карате и аеробик али е нешто феноменално .Имав проблем со долниот дел од телото али за само една недела имасе ефект,одма ми се зацврстија мускулите,салото од стомакот го снема а задникот се подигна.Пробајте нема да се покаете. Поздрав
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  2. strange-woman

    strange-woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    7
    Јас вежбам и многу е добро :)
     
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    За девојки е ТаеБо феноменално :).

    Ем играш (во ген на скоро секоја девојка) ем ги учиш повеќето движења од бокс што те припрема супер ако некогаш прејдеш на некоја борбена вештина.

    Одлично замислено и ти го прави телцето бонбона :).
     
  4. dorjanka

    dorjanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    7
    Здраво.Јас ги вежбам Тае бо вежбите пет дена во неделата по еден час.Тоа одприлика се вежбите од 1/6.......до 6/6 навистина ми се топ.а за релаксација во некои денови кога не ми се вежба толку или немам време па набрзина ке ја извежбам серијата 1/5,2/5и 3/5 и ми е супер.
     
  5. wild.cat

    wild.cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    28
    Вежбав порано Тае Во за релаксација и отргнување еден час од некои мисли е супер :)
     
  6. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Hема ништо поубаво од Tae Bo :)
     
  7. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    760
    Пол:
    Женски
    Да ви се пофалам и јас вчера вежбав ТаеБо и ми беше баш интересно. Секако жива вода се направив и одма под туш.. но до вечерта верувале или не јас едвај седнував на шоља :D Сите мускули денес мислам дека ќе ми прснат :) Ама како што пишавте погоре кога боли тогаш е добро и се надевам дека ќе го скоцкам телово мое ;)
     
  8. LadyEj

    LadyEj Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    128
    Некоја информација за џудово во Велес, колку кошта, како одат тренинзите?
     
  9. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33
    тае бо вежбам секој ден скоро 3-4 месеци. Во почетокот одвај издржував 10 мин. а сега вежбам цел саат тае бо а потоа и нешто од пилатес. Пуштите гласна музика за време на вежбите и времето минува многу побрзо. И мора да ви кажам дека после секој завршен тренинг се чуствувам одлично и по самоуверено . :) Ви го препорачувам...забавно е
     
  10. Brojce

    Brojce Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    19
    Епа доста е аеробик цело време иста музика,исти луѓе на цедето со вежби ми се здосади и се решив за Тае Бо. :D
    Гледам доста го фалат па се убедив и јас да почнам ама прво да се обратам тука да се допрашам зошто и не сум доволно упатена и информирана за овој вид на вежбање :D
    Значи не сакам веднаш да го зацврстам телото!Салото се надевам ќе го снема ама нозите дефинитивно сакам да ги ослабнам уште малку само се плашам да не ги зацврстам вакви како што се после за кај сум..
    Да не ми замерувате за моите прашања ама ме депримира една пријателка се трудеше да ослабне летото , трчаше на игралиште па ниту ослабна ни ништо се направи како билдер на ништо не личи нозите какви што и беа такви останаа само сега поцврсти ,абе заникаде... :x
    Тоа и сакам да прашам,дали во обем се намалува или повеќе е на зацврстување :?:
     
  11. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33
     
  12. queennn

    queennn Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    0
    Може некој да ми даде линк од вежбите за зацврстување , бидејки сакам да се зацврстам ? благодарам однапред :*
     
  13. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33
    http://www.youtube.com/watch?v=sLvl9Ycii1A

    вежбај ги овие вежби некое време,не се многу тешки,потоа оди на левел 2 - брзо ке завележиш резултати ;)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    Малку доцнам со одговоров, но сепак. Тае-бо во Велес имаш на две места во салата на гимназија, тренинзите ги води Дејан, месечно се плаќа 500денари, а од тренинг 70денари, три тренинзи неделно, вторник и четврток од 20:30, а во сабота од 19h. Има и во 25-ти Мај таму тренинзите ги води Раде, цената е иста, деновите во кои што се оддржуваат тренинзите се исти, само не ги знам термините на тренинзите.

    Претходно вежбав аеробик, но за два до три месеци веќе ми стана досадно, се тие па тие вежби, се таа па таа музика. Некако ми стана многу монотоно. Од пред нова година почнав со тае-бо и можам да кажам дека е феноменално, секој тренинг се вежбаат разни партиции, се применуваат разни вежби, музиката е баш мотивирачка, а богами и она гласно броење и викање уште толку повеќе мотивира. После нова година тренерот почна постепено да ни го покачува нивото на интензитет на вежбите, веќе сме стасани до суперкардио. Мускулчињата ми се веќе значајно зацврстени, уште некој месец и ќе бидам како оние од видеата што вежбаат заедно со Били :D
     
  15. L.u.K.r.E.c.I.j.a

    L.u.K.r.E.c.I.j.a Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Освен што е добро за горење калории, Тае бо-то е супер и за истурање на стрес, нервоза, негативна енергија, баш да се издува човек и по вежбањето ко нов си, смирува ептен, ко испразнета вреќа се осеќаш после тоа и све ти е рамно.
     
    На Lallly му/ѝ се допаѓа ова.
  16. linija

    linija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    19
    Дајте некој линк каде да ги спуштиме , или гледаме везбите плссс
     
  17. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Еве овде имаш некои торенти

    http://thepiratebay.se/search/tae bo/0/99/0

    А имаш и на youtube
     
    На linija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Јас од замунда си симнав тае бо клипче со тој црнецот лани вежбав, а еве и оваа година почнав пак. Интересни и напорни се овие вежби, знам лани од почеток до крај вежбав пола саат колку што ми траеше видеото и жива вода се правев. Супер е Тае Бо за вежбање :)
     
  19. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Од тае бо нешто поубаво здравје ај ако може дајде ми некое ликче ама со потешки и понапорни вежби...
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.927
    Вчера ми летнаа неколку мушички низ глава и решив да почнам да тресам г'з на сред колоквумска. Сфатив дека иако факултетот ми одзема премногу време, секогаш можеш да одвоиш саат за вежбање, (на пр. наместо да го потрошам на седење на интернет и гледање серии :)) плус и гледам се растресло тука мешето, а да бидеме реални, тоа со диети не се губи, а и кога речам дека никако не можам да си ја подредам исхраната не е до мене, ниту до недостаток на волја, туку е до дневниот распоред на обврските.
    Инаку, немам вежбано ништо веќе година и половина. Пешачам постојано, ама да бидеме реални тоа не е доволно. И се нафатив вчера, со она зумба скалп енд тоун и ми се виде некако премногу лагано, кондиција сум имала јас :) Па денес се мислев пак да го терам пак, затоа што чувствувам некој мал напор во мускулите, ама не бе, вжештена глава - полна со еуфорија, не можам да учам додека не се извежбам :) па се фатив за Тае Бо кардио, директива. Си се бодрев со црнчето, стискав заби и херојски го издржав целото. Таман почна да ми се плаче на крај и да си викам не можам веќе, гледам се смири типчето и почна да се оптегнувањето. Како мерачки си се оптегнав, перверзии :) Горда сум си на самата себе, се надевам ќе ме држи мотивацијата. Ама утре не знам како ќе биде :) Инаку на план сум Инсенити програмата да ја почнам во скоро време, ама сакам малку со нешто полагано да се припремам, да не запаѓам во депресии :)

    Сега си најдов на темава еден мој стар пост од лето 2011 кај што сум пишала дека само 20 мин сум издржала првиот пат. Си се радувам 'ко мало дете :) Ај да направам сега неколку стомачни и да мавам туш, па на учење :) А утре ќе ми се плаче знам, ама слатка болка е тоа :)
    Онака мотивирана еден поздрав до моето злато да упатам
    не знаеш што ти мислам вечерва :devil: