A замисли да ти пишува три месеци, се труди, се интересира како што велиш, а само за лапање му било? И такво искуство имав. Подобро ќе беше да си кажеше дека му е само за лижење барем да се потрудев малку, а јас срамежливо онака Шта чеш, прв лапач
Се согласувам со @MamacitaBuena .Мене па ми се најслатки тие моменти кога ќе почне да ти се допаѓа некој, па не може да ти излезе од мисли, си фантазираш за него, таа првична еуфорија. Па, ако се немате на фејсбук, се мислиш дали да го аднеш, па после кога ќе бидне првиот муабет, тресење што да му пишеш, како да му пишеш. Со сегашниот дечко, зошто сме од иста населба, и се имавме видено неколку пати пред тоа, веќе се знаевме, и кога му пишав уште првиот ден излеговме, ама сепак пред тоа бев во исчекување. Недела дена се мислев дали да го аднам, па после неколку дена дали да му пишам, ми текнува последниот пат кога го видов пред да излеземе, сеуште бевме само познаници и пеперутките ми правеа ршум низ стомак. Слатка е оваа фаза, само секако да не трае предолго, зошто јас искрено би изгубила желба да се видам после некое време. Нека бидат еве две недели зборување по социјални мрежи, и може да се оддолжи тоа на месец дена максимум пример ако не е од истиот град или нешто слично, ама се' што е повеќе од тоа, некако ми се губи цела смисла.
@blueeparadise со сегашниот сопруг си пишувавме до недоглед,цели 3 години додека да се видиме И никој не изгуби желба,напротив.
@MamacitaBuena Јас за мене реков дека не би можела, зошто сум имала повеќе такви случаеви и лично и во моја околина, еднаш со еден дечко пишував неколку месеци и кога се видовме ми беше ептен разочарување, и ништо не се случи. Секако, постојат најразлични ситуации, од една страна кога нешто што сакаш го исчекуваш подолго време, на крај ти е многу послатко, отколку да го добиеш веднаш. Ама, од друга има и ситуации ко моиве. Ете, ти си среќлика што ти се погодила првава.
Секоја чест. Ама ти спаѓаш во тие еден процент на кои им успеало ова. А реалноста е сосема поинаква за мнозинството.
Ух, јас ја мразам фазава. Или ќе ти се погоди се, или ќе биде разочарување. Особено ако не го знаеш човекот од претходно. Може да си фантазираш и да го мислиш и на крај ништо да не се случи. Подобро е кога се некако спонтано оди, во живо запознавање, па кафе со друштво, па сами... Овие социјални мрежи понекогаш само ги комплицираат повеќе работите.
Се сложувам со @IM.TMKQ . Подобро е кога е спонтано и не очекувано. Пример јас дечко ми го знам 4 години веќе и уште од кога го запознав одма се спријателивме ама немаше ништо само другари бевме.Постојано комунициравме, ми стана најдобар другар. После 2 години, веќе сите забележуваа дека нешто се случува меѓу нас а ние абер немавме И веќе едно време ми здосади, зошто не кажува ништо а и двајцата знаевме дека си се допаѓавме еден на друг. Додуша јас бев виновна зошто не ги искажуваше чувствата, едно време имав приватни проблеми и малку се оддалечив од него па вајда се плашеше пак да не ме снема И затоа решив јас да превземам чекор напред и така спонтано се се случи, полека без брзање. Да се навратам на темата, според мене нема некој соодведен период на траење на фазава. Зависи од личноста, од ситуацијата во моментот и од тоа какви очекувања имате и што барате
Ги разбирам и оние кои велат дека оваа фаза им била најубава и тие кои велат дека оваа фаза не им е омилена. Пред се зависи од личноста со која се допишуваш, бидејќи сепак треба да имате до некаде слични интереси за да има теми за разговор. За мене лично можам да кажам дека оваа фаза ми беше убава, неизвесна и возбудлива со бившиот, ама сепак не дозволив да трае премногу (кај нас фазава беше две-три недели). Како личност сум интроверт, доста емотивна и мистериозна. Не сакам да откривам премногу за себе, бидејќи потоа она што ќе го откриеш може да биде искористено против тебе. Токму затоа фазава на допишување највеќе сакам да трае еден месец, а се што е повеќе од тоа би ми било премногу откривање информации на личност која можеби нема да остане толку долго во животот. Ваквото мислење секако ми е според неколку лоши искуства што сум ги имала. П.С. Ако некој би можел само кратко да ми пише мислење во врска со прашањево. Пред година дена започнавме да се допишуваме со еден познаник. Дечково го знаев од поодамна и се имавме на фб за пријатели, но до тогаш си немавме пишувано. Разговорот ни траеше околу две недели, и ми спомна за излегување. Јас му реков дека би можело да излеземе. Но неколку дена по ред тој ми пишуваше но јас бидејќи немав многу време, му враќав на пораките со задоцнување. Неколку дена така, а потоа тој престана да ми пишува. Мислев дека се налути и сакав да му пратам порака, но поради премногу overthinking не направив ништо. Подоцна дознав дека всушност престанал да ми пишува бидејќи не знаел за мојата врска со бившиот (со кого биле роднини). Е сега бидејќи дечково многу ми се допаѓа, што мислите дали да направам нешто за да му дадам на знаење дека ми се допаѓа или пак да не се трудам воопшто?
Не постои френд зона, тоа е безвеза мит, или одреден лик и се свиѓа на некоја или не. Ако не го свиѓа тоа што е добар фин и паметен нема особено да помогне...и тоа е тоа.
Јас пак не сум се влечкала вака никогаш. Овие периоди траеле релативно кратко, по неколку дена да речеме или 2-3 видувања. Такви дечковци ми се погаѓале, најчесто тие отварале тема за да дефинираме на што сме. Во такви ситуации не ми било до повремени излегувања и дружења, штом сум решила да почнам нешто со типот, сум можела и да се замислам со него во врска. Не сум гледала причина за такви недефинирани излегувања и средби. Мислам глупости, ај ќе пробаме како ни иде па ќе размислиме. И врска да почнеме, ако не оди работата во секое време може да раскинеме, не стапуваме во брак па за толку да се мислиме.
Според мене ова е многу детска и незрела работа. Па вака се допишувавме кога првпат искочи интернет кај нас, со мирцови и МСН кисневме се допишувавме, се запознававме. Ова го прават машки со ниска самодоверба, кои немаат храброст уште веднаш да ве поканат на кафе ако им се допаѓате или машки плеери кои се допишуваат со 10тина девојчиња истовремено па каде му проџе му проџе. Јас разбирам се, да се запознаеш на социјална мрежа, да почнеш муабет и се ама реалнооо ако навистина му се допаѓате веднаш ќе ве викне на кафе, се друго се празни маубети. Не би имала интерес да се допишувам со некој толку долго време, немам време за такви работи едноставно, за тоа време ќе искочам и во живо ќе ми се пушти некој. Но вистината е реално таа, 90% од тие мажиња се допишуваат и со други девојки, пишуваат на се што е женско, колку се погодуваат само коа ќе седнеме со другарките дека ни пишуваат исти фаци, исти мабети, исто се. Пазете се и не се опуштајте многу, ако е толку муж ќе те викне на кафе за краток период, ако не не ни намерава, си има други опции и чека да види кај која ќе му упали.
Прашањево мислам ќе го преместат во љубовни совети, но сепак да ти одговорам. Според мене дечкото има дознаено за бившиот и кој е тој. Па како и ти што си враќала со задоцнување, најверојатно се има откажано за да не прави проблеми. Ако ти сакаш да пробаш со него слободно пиши му.
Може дека ние сме генерација на социјални мрежи и виртуелна комуникација, па така ни е многу полесно да се изразиме или во случајов, да флертуваме , мене воошто не ми е чудно ако некој на фејс (кој ми се допаѓа) ме покани на кафе. Кафето е ритуал, начин на социјализација и запознавање. Ако ми се допадне типот, како размислува, физички итн ќе излезам пак, ако не ќе остани на пријателство. И да, точно е дека си пишуваат со повеќе девојки ама секогаш имаат една која им е фаворит. Така да, тоа нека не ве разочарува воопшто.
Мене ми е омилена. Имаш простор за грешки тука. Значи ако не ти се допаѓа типот ако не чувствуваш ништо или нешто не ти штима имаш две опции - го враќаш во френдзона и после постепено му додаваш ладна вода дури скроз не го изладиш - му велиш Каква другарка иам за тебе брее? или Што да правам бившиот ме бара? и слични муабети. Од друга страна ако има хемија и од двете страни пак интересното е , гледаш да се покажеш во најдобро светло, интересно ти е што конечно после некое време пак мислиш на некој и си правиш филмови, си се зафркаваш на секакви теми , интересно е...
Зборувам од машка страна, тоа со пишувањето со повеќе девојки истовремено е практично дека полесно можеш да увидиш со која имаш повеќе или помалку хемија. Ако пишуваш со една, фидбекот што се добива може да делува како ОК а всушност ако се спореди со фидбек од друга/и може да испадне дека имало и многу подобро. Се разбира, истото е кул и за девојки т.е. и они да си зборат со повеќе и да видат каде повеќе иде. Друго, не знам зошто одма се гледа негативно на он сака само мување/секс и слично. Зарем е задолжително да се сака и врска? Тоа е само една од опциите и зависи која страна колку сака да тера. Ако се погоди да им одговара на двајцата кул, ако не нема везе - секој по свој пат. Истото важи и за муабет на чет, истото не подразбира да мора дејт итн. Како и да е, мување/секс е заемно задоволство што се случува по обострана желба (и дозвола). И двете се супер сами по себе и сами за себе, а за понатаму е друг муабет. Освен ако некој отворено не праша однапред, па после да има друг исход, што дефинитивно не оправдувам, но дека треба да се подразбира - тоа не. А и искрено, неретко само муабети зезање со некои девојки знае да е многу подобро и поинтересно отколку all the way through со други.
Немам трпение како некогаш за оваа pre-dating фаза, поготово делот од ова кој се одвива на социјалните мрежи. Сè почесто се фаќам во ситуација како не ми останува време да седнам на телефон и да проверам апликација која како за промена не е мејл или последен повик. Плус тоа со пишувањето и демнењето по социјални мрежи ми е соу хајскул. Ќе го чекам да се уклучи или ќе чекам да објави нешто па да го излајкувам од глава до пети - соу 2009та. Оваа фаза ми била најинтересна кога се одвивала лице во лице, некаде на класичен дејт - кафе, сок, кино, прошетка низ град. Тоа секогаш ми било најдраго и најубавите спомени пред почетоците на врските ми биле токму од тука. Не мора да значи секогаш, но сметам дека токму од тука, најмногу може да се дознае за потенцијалниот дечко.
Еве јас од јуни пишувам со некој, некое време не комунициравме ама од пред 2 месеци повторно почнавме.Имаше муабети за излегување,запознавање она ова.Дечкото е од моето школо и се гледаме секој ден,таму почнавме да зборуваме.Очекував да ме викне да излеземе или нешто слично..Ме фати шок кога тој директно ми рече да славиме заедно нова година. Многу ме интересира како ке заврши ова
Цела вечер беше со мене се беше нормално ама на крај беше мртов пијан и тој и скоро сите други.Пред да си одам јас го видов у ходник со некоја друга ама сега не се сеќава.Му ги дадов обетките затоа што јас немав кај да ги ставам...и после 5 души ги вадевме од неговоте џебови затоа што од инат не сакаше да ми ги врати...Сега сум му лута а тој ми пишува реферати по фб.