Секогаш пред да се лапам со некој се чатам добро иако знам дека пак ќе испадне сељак ама не се замарам. Лапај шутни
Интересна е оваа фаза пошто делумно дознаваш со кого си имаш работа. Пред две години се допишував со еден дечко околу три недели и мн. ми се засвиѓа начинот на кој размислува за мн. работи и се тоа. Ми пиша да излеземе ама не прифатив, еве не знам зошто. На крајот на февруари пак почнавме да се допишуваме, се беше ок. Ми пиша ајде да излеземе и ко заден идиот му вратив дека ќе искочиме кога ќе се стопи снегот, онака како на шала. . Можеби требаше да прифатам да искочиме на едно кафе.
Обично трае 2-3 недели се подолго од ова ми станува досадно и знам да прекинам контакт, и не се надевам на нешто wow баш за да не излезе разочарување.
Па и не би требало да трае подолго од 3 недели пошто нели здосадува, губиш интерес и се тоа. Ако си кажете се преку пораки после во живо ќе нема некоја интересна тема за разговор. И за летањето во обаци во право си.
Имав едно такво пријателче. Откако почнавме да се допишуваме за брзо време се запознавме. Ама во живо муабетот не ни одеше и тоа значеше дека нема да има други средби. Некогаш во живо е поинаку.
Со дечко ми три месеци се допишувавме пред да се запознаеме. А во ист град сме и буквално единствена пречка да се запознаеме порано беше мојата несигурност по подолга врска и моите тогаш прилично сериозни commitment issues. Од самиот почеток за време на првите разговори можев да видам како размислува и како се однесува и знаев дека ако сум со него ќе бидам со него за сериозно - и не сакав да го загубам а сепак не бев спремна. Знаев дека ако преминеме на друго ниво и ја продолжиме комуникацијата во живо ќе се заљубиме до уши и ќе бидам во сериозна врска. Неколку пати го имав извисено за средба чисто поради тоа што се кочев себеси и се осеќав како да ќе уништам се што ќе се сретнам со него. Имавме период од месец дена каде што не комунициравме и не знам кој кому му стави лајк на пост и пак почна... И на крај - по случајност се видовме на ист настан. Всушност, тој намерно се појавил таму затоа што знаеше дека таму ќе бидам и јас. Нејсе, поминавме некое време заедно таму и ме бакна. And here we are. И не знам, навистина не знам. Ќе кажете глупости се тоа само и нема поента Фејсбук запознавање но ние сме ПРЕкомпатибилни. Стабилни сме, не сме ни имале посериозна кавга од причина што комуникацијата ни е одлична и целата врска е премногу зрела. Тој самиот ми вели дека не знае да се „пушта’’ во живо туку само на Фејсбук и дека кога би се запознале во живо и не било така како што бидна веројатно немало да има ништо. Интересна фаза, како и да е, немојте да одолговлекувате. Јас можев многу лесно да се залажам и повторно да го „откачам’’ овој прекрасен човек, без никогаш да дознаам колку среќа, љубов и позитива тој може да ми донесе.
Порано бев waste time person. Ќе се запознаев со некоја девојка на фб или инстаграм, комуникацијата траеше неколку месеци или недели и тоа е тоа, немав храброст да ги запознаам во живо, неможев да разговарам во живо како што разговарав виртуелно. Чудна фаза во која незнаеш што чувствуваш. Не си ја видел личноста но сепак чувствуваш љубомора, емоции, те интересира со кој излегува, што прави и слично. И сега да започнам разговор пак ќе бидам истиот само што несакам да почнам да бидам истиот како порано.
Баш така здосадува и губиш интерес, а и додека е она "еуфоријата" заинтересиран си за личноста, имаш прашање, ќе се развие некој муабет ... нели ако е истата личност и позади монитор и во живо, некогаш позади монитор е муабетчика а во живо ...
Фазава некогаш или можеби најчесто, значи тепање време. Барем тоа го имам забележано кај некои момци. И нема ништо поодбивно од пуштање на фб, а во живо ако те сретнат или вртат глава или се осеќа дека им е непријатно. Така да, подобро е запознавање во живо, комуницирање на фб, па пак комуникација во живо, за да решиш дали сакаш да идеш на некст левел, отколку вака. Некогаш и разочарување може да донеси.
Дојдов да се демантирам сама себе. Уште летоска почна да ми пишува еден тип, и на почетокот си пишував онака од досада, си правевме општи муабети, не ни ни беше во план да се видиме. Со текот на времето почнавме да правиме по deep муабети, дури останувавме до 5 саат сабајле зборувајќи. Еден период мене ми здосади, односно се исфрустрирав на некој начин, зошто ми немаше поента и прекинавме да зборуваме. Пред скоро месец дена пак ми пиша, и дури ни се врзуваа по 12 часа како зборевме на ден. Отворено го прашав дали му е во план да се видиме, и ете до сега имаме излезено веќе три пати. Некако кога излеговме првиот пат не се чувствуваше онаа "тензија" што обично ја има на првиот дејт, туку зошто веќе знаевме толку работи за нас се чувствувавме ептен опуштено. Искрено, никогаш не ни претпоставував дека ќе испадне нешто од ова, така што пријатно се изненадив. Можеби имало исклучок од правилото.
Да има такви примери каде што личноста (без разлика дали е машко или женско) на социјалните мрежи се претставува поинаку од она што е во реалноста и според мене тоа е губење на време. Нема потреба од глума. Најчесто се тоа луѓе кои сакаат да им се допаднат на другите, немаат самодоверба и имаат некои комплекси. Кога се зад мониторот имаат поголема храброст и затоа како што викаш ти на пораки е муабетчика, а во живо е ќутук.