Мене лично 60% од облеката ми е оваа марка.Навистина прекрасна и квалитетна облека со поволни цени за секого.Што мислите вие за овој бренд?
Јас па ниту едно парче немам од маркава (ако може така да се каже) и дури не ме привлекло ни да влезам во нивната продавница. Еве од по нетов нешто што ме бендисува:
искрено, мене во овој бутик ми е претерано скапо...мозеби некад на попуст си купувам несто но најцесто не. и стварно претеруваат со цените, па и поквалитетни брендови од нив ги држат нивните цени
Мене ми се допаѓа, имаат интересни колекции. А за цените дека се превисоки, па впрочем иста е приказната како и за другите брендови од овој тип (Bsk, Stradivarius, P&B, Caliope..) - кај нас се е поскапо. Инаку јас секогаш начекувам и некое супер-штосно, поевтинко парче кое го утепувам од носење.
Стварно е добар посебно во странс,тво....имав едни преубави фармерки од Германија од таму...ама стварно е малце скапичко
Она што прво би го рекла за фирмава е: -Парчињата и нивниот квалитет, не одговараат на цената која ја дава Тејли Вејл. Треба фирмава да е дупло поефтина. Зашто ништо посебно не е. Имаат добри фармерки мора да признам, еве фармеркиве 2 години што ги утепувам од носење се нивни. И марама мислам и неколку блузи имам од нив, и еден каиш ах да и последните меѓушки. А повеќето работи од Солун сум ги земала каде е многу поефтино. Овде кај нас изгор е, таму понормални се цените и дупло подобар попуст. Aма сепак за блуза од 2000 да дадам на прерамчиња со слаб квалитет е претерано! Кога беа во ГТЦ одев често, срам да им е што ја затворија
Како што кажа росонерка, квалитетот е навистина слаб. Подолго време живеам во странство и тука е една од поефтините продавници. Ако цената на блузата е навистина 2.000 денари како сто вика росонерка, тогаш тоа е прескапо... Многу ретко влегувам во тејли. Најчесто купуваат т.е. нивната гардероба е наменета за девојки до 18-19 години (од таму имам само 1 спортска маичка)..
Ако за сите вакви "марки" имаме посебни теми ќе откажат серверите Не е ништо посебно, објективно....Ама субјективно Thanks God. Ја сакам нивната облека, бутик што најмногу ми одговара на стилот, не велеам дека имаат нешто wow ствари, али според тоа јас што го носам таму има прекрасни работи. Мене 90% од облеката ми е од тука, за квалитет сум задоволна....фустанчиња, маички, дуксери се им е океј, али за фармерки се стварно незаменливи. Таков тексас ко прво никаде неможам да најдам, најудобен е и вреди да дадам и повеќе од што треба зашто стварно ги утепувам од носење. Ова ми е непрежалено фустанче лани го видов, кога се вратив наредниот ден го немаше и не го донесеа. А уште го сакам
од ова фирма имам доста работи купено, ми се допаѓа кројот на облеката навистина се што ќе облечеш добро стои, еве конкретно за една ролка ја купив пред 4 години, ја платив 1500 денари но и ја извадив душата, нит форма изгуби нит боја и уште ме топли по најладното време, како што кажаа погоре немаат нешто запрепастувачки парчиња, интересни се, но имаат квалитет, а името никогаш неможам да им го изговорам .
може не се со некој посебен квалитет нивните парчиња облека ама јас ги обожавам,коа влегувам во тели незнам што попрво да пробам I love them
Многу убави работи има и супер што постои Тејли Вејл. Имам некои работи земено, но од странство не од Ск. А планирам и Ск да ја посетам продавницата. Но странство кога влегов во оваа продавница имаше многу убави работи. ПРЕКРАСНИ
Квалитет нула..партал до партал...уште една од парталавите марки во стилот на h and m. За ефтини и не се баш ефтини со оглед на квалитетот кој го имаат. Немам ништо од маркава и не ни планирам да имам.
Сега да не испадне како реклама ама ќе морам за да одговорам...од спортскиве addidas,sketchers,nike,the north face...а од другиве marc o polo,robert lay,ralph lauren, поефтини orsay,espirit,motivi,elle,columbia,... Мислам некои од овие за жал не можат во мкд да се најдат.
Спортска облека не носам, но еве на пример облеката во Мотиви сметам дека не вреди за парите, башка и немаат нешто WOW облека, барем во ова што е во рамстор. Затоа пак имама милион парчиња од ХМ од кои стварно сум задоволна. Последно што си купив од таму е сако, беспрекорно изработено, модерно, за 35 евра. И една сезона да го носам само, се исплати за парите. Затоа кога би споредувала еве конкретно Мотиви и Х&М, дефинитивно сум за второво. Али секој со своите можности. Ако ти можеш да си дозволиш Ralph Lauren, некој не може, но тоа не значи дека сите се облакаме во „партали“. Што се однесува на Тели Веил, си имам купено неколку кошулчиња и неколку пара фармерки. Се наоѓа по нешто
Ми се свиѓа облеката во Тејли Вејл ама многу е скапо, од таму имам само 2 пара фармерки-од МК, а и еден пар од ГР.
Само дадов свое мислење за марката,а не алудирав на тоа што мислиш. Инаку за твоја инфо од Ralph Lauren можат да се најдат и доста достапни парчиња облека особено кога е попуст некои 10 еур-15 еур поскапо од h&m .Можеш и да провериш на интернет,а квалитетот е неспоредлив,и можеш да го носиш не со месеци,туку многу години без при тоа да се соберат или изгубат на боја од перење,за разлика од h&m.