Немам зборови значи за фустанчињата од Tally weijl. Прекрасни се Некогаш претеруваат со цените. Зашто секогаш ние мора да сме најскапи? Кога беше отворена продавницата во Гтц често одев и мислам дека цените им ги знаев на памет Имаше едни маички така есенски, со долги ракави, ништо посебно но беа 210 денари Си купив 3 во разни бои Одам после 2-3 дена пак, маичките уште си стојат таму ама цената им беше 799 Не сум била одамна да видам што имаат, но ме нервира тоа што не ги носат сите работи кои ги има на интернет. Еден вид на гардероба е секогаш на попуст. Сте приметиле нели?
да приметив дека пола од тоа на интернет не се носи тука, како ќе се носи кога имаат огромна залиха на гардероба која уште не се продала, а не им се троши заради високите и нереални цени. тоа е Македонија, сиромавиот секогаш два пати плаќа.
Од тејли ми беа двата пара најубави обетки, висечки беа ама од толку носење ги изгубив, ми остана само една од едниот пар со срце што виси, и си ја чувам ако е само една.А облека мислам дека немам купено, онака моделите како модел му се добри ама за квалитет не би рекла баш, и кога ќе ги облечеш некако не се ефектни.По некое фустанче така летно се наоѓа ама па тие поубавите скапи му се
Фармерки носам исклучиво од тејли и презадоволна сум.Од било кое др место да купам се пуштаат,побелуваат никакви се прават од тејли не мрдаат и после година дена како нови се,значи дефинитивно најдобри фармерки имаат а имам зимано и маички,кошулчиња и јас лично многу си ги сакам баш ми се по мој вкус.
не памтам кога последен пат сум купила фармерки а да не се од тејли,најдоброто е што не се опуштаат по перење и бојата си останува иста.. Кај нас е многу поскапа од странство а и не е снабдена многу, во Париз ке се изгубиш у тејли исто е и една од поефтините продавници.
Многу често си купувам облека од тејли затоа што има многу работи баш по мој вкус. Последните три пара фармерки ми се од таму, имам многу маички, сукњички, неколку фустанчиња и обетки што си ги купив пред некој ден. Мислам дека вреди за цената.
Ја сакам продавницава од проста причина што ми го држи стилот Не би рекла дека има цени за сечиј џеб,но сепак не е прескапо. А и квалитетот не е баш нешто на високо ниво , тек кога се отвори кај нас на почетокот да,ама после го зезнаа Фармерките си го задржаа квалитетот Имам многу гардероба од таму,всушност најголем дел ми е од таму,ама сепак многу почесто купувам од нивните продавници надвор од нашава ни држава.Ем се поефтини ем поквалитетни
Имам неколку кошулки, фармерки и кратки панталончиња.. Не сум задоволна бидејќи не вредат за парите. Се зачудив кога прочитав за фармерките дека сте задоловни.. мене фармерките после неколку месеци почнаа да ми се кинат меѓу нозе, не знам дали била некоја шкарт серија..Инаку во другите земји има многу голем избор и ниски цени, а тука се што ќе донесат на почеток е изгор скапо. Пример од новата колекција имам кошулка, тука е 900 ден а јас ја земав од странство дупло поевтино и тоа не беше на попуст..
Имаат доста убави работи, но цените понекогаш се малку повисоки. Имам неколку парчиња од овој бренд, не ги зедов нешто многу поскапо отколку во другите продавници, а сум задоволна од квалитетот.
Ми одговара со мојот стил не сум била таму ,но дали е вистина дека немале поголеми бројчиња мислам една другарка и кажувам за дуќанов и ми вели таму нема големи бројчиња. Вистина ли е тоа ?
^ Колку големи. Јас имам видувано L. Баш пред некој ден видов едни панталончиња ама само L имаше За XL не сум сигурна. А XS има, имам такви маички...
Хм имам многу облека од оваа Марка искрено по мој вкус Во Македонија немам купено ништо од бутиков ама во Германија Често се слуЧува да си купам иако овде е еден од поефтините марки ама шо има везе мене ми одговара на стилот
Значи прашањето ми е некој одел ли е наскоро? За оние кој се оделе случајно да виделе дали има убави костими за капење? Цена да знаете
Не сум редовен купувач од таму, но имам неколку парчиња. Последно што си имам купено од таму е една блузичка како кошулка со светло розево-портокалова боја. Нешто вакво моделче:
Редовно купувам од tally , особено фармерки бидејки носам xxs . Квалитетот не е на некое завидно ниво, но во однос со цената, океј е, особено ако фатиш на попуст. Инаку во tally во ск имам влезено еднаш и никогаш повеќе.. лански колекции а цени како нова колекција..
Имам неколку парчиња облека од Tally. Од се сум главно задоволна освен од фармерките си купив два пара од грчко Tally Weijl ги начекав на попуст и едниот пар ми се попуштија и сега пливам во нив а не дека нешо особено сум ослабнала, а другиот пар ми се искинаа на колениците имам две огромни дупки и планирам да ги скратам да ги направам кратки панталончиња
sekako vozrasta i vkusot imaat presudno vlijanie za izgradba na licniot stil. Site se razlikuvame, i ne se diskutira na taa tema. megutoa ne mozam da se slozam deka vo germanija ovaa marka se gleda kako kvalitetna, ili dobra. ok, eftina i pristupacna megutoa bez nekoe voodusevuvanje