мене ми се допаѓаат повеќето работи иако сметам дека кога ќе ги донесат поновите модели се доста скапи меѓутоа секогаш се наоѓаат добри парчиња на распродажба, и голем дел од облеката ме е токму од tally weijl а еве што би сакала да си купам
и овие исто така ( и зошто не можам да ставам повеќе од 5 слики во еден пост?) и имам уште многу ама се во некој си bmp формат и не сака да ги прикачи
Јас си ја сакам облеката од Tally Weijl бидејќи е квалитетна и убава Најмногу ги сакам фармерките, прекрасни се
Последен пат тамо сум бев кога барав фустанче за полуматура и кога се изнагледав парталии си излегооооовввввввв!!! =) Но секогаш може да се најде нешто соодветно и таму.
Има убави работи.Имам неколку парчиња облека од таму,ама не ми се купени во Скопје.Ги купив во странство на попуст.На пример за 2 евра имам нова убава бела блуза
Во рамстор затворена? боже.. Имаше на уште едно место ако не грешам ама не ми текнува Иначе,имам маичка од т.в.и уште ми е океј,и ептен е квалитетен материјалот! Ама цените им се..боже сачувај
Јас имам куси пантолончиња, ракавици и едно џемперче со крзно од Тали, а инаку многу добри работи има баш како за тинејџерки што си се носат со модата Позз до сите феминки што си имаат барем нешто купено од Тали
Од овде имам само едно фустанче што го купив за втора вечер матура и сиви чизми до глужд..и толку. Немам навика да купувам од тука,дека ми се чини цените се ептен напумпани за просечен квалитет,ама има доста парчиња што ми фаќаат око... Еве ги чизмите,ма да едвај се гледаат, а од фустанчето не можам да најдам слика,инаку е црно-сиво со нитни на половината..
Ја често си купувам од таму, имам едно капутче веќе трета година го носам како ново е. А за цените го претеруваа малце дека на нивната официјална страна не се толку големи. Најчесто ги начекував на попуст повеќето работи п.с Ако дознаете дали има на некое друго место отворено продавница од Тали пишете, срцето ми се скрши кога видов дека ја затвориле во Рамстор
Ја затвориле во Рамсотр? Па каде ја има сега? Иначе имам некои работи и ок се, али мислам дека повеќето цени им се претерани...
Прв пат слушам дека постои вакво нешто ,а не е ни чудно кога не ме занимаат брендови. Според тоа што го видов на сликите - едвај 1% од нештата би се совпаднале во мојот стил. Така да не би купувала оттаму.
Имам доста облека, што купена од Скопје, што од странство донесена. Има убави парчиња кои ми се допаѓаат и бидејки не жалам дадени пари за добра облека си го дозволувам Tally Weijl! Криво ми е што го затворија тој во Рамстор, се надевам ќе го отворат на некое друго место...
гооо обожавам бутиков 99% од облеката ми е купена таму од панталони до палтинја цизми скоро се а и не е многу скап па квалитетно е.... THE BEST
Често купувам облека од Tally Weijl кога има попуст.Кога нема,цените знаат да бидат малце не реални и високи. Имам износено неколку пара фармерки и сите ми се покажале доста квалитетни.Едно што е убав материјалот и многу топлат во зима,а и не се прават колена воопшто.Убави се навистина,дури и по скапи да ги купите се исплати. Последниот пат кога бев во Солун си изнакупив многу убави работи не повеќе од 12 евра за парче.Кога има попуст го обожавам бутикот
Има голема разлика од Тели Вели во Сити мол и Тели Вели во Космос во Солун... е таму кога бев минатата година не знаев што попрво да гледам. Поскапички се работите ама квалитетни се барем. Од Тели Вели во Словенија си купив пред две години куси пантолончиња, душа им извадив и колку пати се перени, пак како истиот ден кога ги купив се, исто од Грција џемперчето со крзненце што си го купив ( презадоволна). Кај нас во Македонија очигледно е дека ги носат парчињата облека што се најмалку квалитетни. Ова посебно важи за Теранова, пред 4-5 години какви квалитетни блузиња, џемперчиња си купувавме од таму ејјј, сега ништо
Па вака,чат пат имаат интересни стварчиња,но поретко,не купувам многу често од таму,но еве ги имам овие онака за по дома ии овие сандалки
TALLY WEiJL , убедливо најомилена продавница, уште откако ја отворија во рамстор.Кога и да влезам се задржувам доста долго и се систематски и темелно разгледувам. Девојките таму, исто морам да ги пофалам, многу се фини , не се како тие во евроазија, па цело време да одат по тебе, и да се дрски, тоа досега не сум го видела дефинитивно.А и многу ми се допаѓа тоа што цените им се пристапни (тука видов коментари-прескапо е за наш стандард, нереални цени бла бла;како бе луѓе нереално, во Зара и Манго поефтино да не е ? ), но имаат и супер попусти, и навистина вредат. Сега колку фалба им удрив , ама па реално така е.Бар мене Тајли ми е супер.