Da zatoa i aplicirav za taa pozicija bidejki ocekuvav deka se raboti prva smena, no i vo pogled na platata ne se nesto sjajni ama ajde bas ke otidam da vidam sto ke ponudat
Тоа е веројатно за Скопје. Горе долу истото важи и за Битола, ама колегите без проблем сок, кафе и чај си имаат на биро. Само за јадење не е дозволено, но како што реков, кога сакаш можиш да одиш в кујна да јадиш било што, не менува многу.
Зависи каде седиш. Еве на другаров му се слошило и барал нешто благо, ама нели не смее, го фатила такихардија и испаничил. Сметај тебе да ти падне шеќерот и ти да немаш нешто до тебе. Одма и пишал на тим лидерката, по правило нели, дека му е лошо и она му ОДОБРИЛА ДА СТАНЕ ОД БИРО. По пат до кујна каде што треба да помине 2 ремени на скали и да пројде уште 2 мин до кујна, се растревожил и почнал да плаче. Несвестица го фатило. Добро е во тој момент што дошол некој. Не знам како уште толеранција имате, ви се чудам, жими све. Па и уште ги браните, бе. Бидете реални бе, луѓе мои. Освен ако не си ти од полабавите Insurance. Овој во Customer Care е.
Не ме сфаќај погрешно, не оправдувам толку "хитлерски" мерки. Ако ми се слоши и ми падне шеќерот ќе извадам благо и ќе каснам одма тука. Јас мислев за нормални ситуации, дека ако ти се јади можиш во секое време да појдиш в кујна и да јадиш. Никој не бранам, ама не е секаде исто, зависи од град, од позиција и од клиент дури. Јас се надоврзував на членката горе која прашуваше за insurance конкретно. За customer care знам дека е најтешко.
Ви се чудам на муабетиве. Чипс, швепс, чоколадо сакале. Земете и сончоглед грицкајте си ако не пошто таму 40 000 плаќаат за грицкање и малку подработување. Најнормални мерки се ова, како што треба да биде. Се знае работно време и време за пауза
Никој не пиша за сончоглед и семки, сендвичи и пици. Од каде ти знаеш кој колку работи тамо? Или само се уфрлаш у муабет. Збориме за едно обично чоколатце малечко и кока кола. Што ако ти падне шеќер да ти бидат при рака. Еј, па уште најнормални услови А, за климите? Каде фаќаа каде не? И што нема прозорец за провев? Кажи, што ќе му е бе провев, па и уште клима... Боже сачувај, нели? Или отселена си од државава, па најде ред да ставаш.
Вработуваат деца со средно, е сеа сметај кое "ниво" го имаат тие. Не му се плаши, аплицирај и работи поќе на комуникација.
Кога е толку катастрофа што седеше 3 години таму? Барате преку леб погача. И верувај добро знам колку саати работа има на ден за толку пари месечно. Платата е и повеќе од доволна за некој без искуство и со средно образование. Супер отскочна даска за млади луѓе. Не сте мрднале изгледа од дома подалеку затоа вака се ви смета. Насекаде по светов се знае кога се почнува со работа, кога е време за јадење, кога завршува работното време. Не знам јас фирма која дозволува грицкање на чипс и работа на компјутер во исто време. Ако има таква еве споделете јавно.
И јас читам и се чудам. Сосема е нормално да има само вода на биро. За вакви збеслуци само фабрика со точни минути на пауза. Не знам колку им е плата но не работат тешка физичка работа, си имат биро во климатизирана просторија. Па пожарникар има плата 27000 ден. Грицки не им давале д агрицкаат. И скока кола да пијат. Аман .
А што смета ако има сок/чоколатце? Не зборувам за јадење наместо работење, зборувам за грицкање од време на време. Работата не е тешка физички, но бара ментален напор и е стресна. За пожарникарите, жал ми е и навистина повеќе заслужуваат, но тоа не е вина на некои што имаат "полесна работа". Ако работата дозволува да имаш чоколатце покрај себе, што е тука проблемот? Вие ако не сакате не морате, ама не се мешајте на други. Секој, секогаш ќе си бара и ќе си сака подобро. Звучите како оние "лижачи" што ќе се отепаат да дадат добар впечаток кај претпоставениот
@GirlLove Немој да ме сфатиш погрешно, ама секој втор збор ти е за истото. Ама што ако шеќерот ти падне, ама што ако притисокот ти се качи, ама што ако се онесвестиш... Боже мој, се случуваат такви работи, не викам не, ама ти правиш како на сите нас секојдневно падавици да ни се дешаваат на работа и на носилица да треба да не изнесуваат, мислиш ко на колење да сме таму, а не на работа, па се такви случки како примери земаш. Ете спомна дека имало кујна, чим не смее да се носи храна на биро и логично кујната е наменета за тоа таму ќе се јаде. Барем јас не грицкам и не јадам чоколатца на секој пола саат, а ако ми се пријаде, ете ќе излезам на 5 минути и ќе изедам. И јас кога сум работела од канцеларија (а ни било дозволено да јадеме на биро) зошто сме немале кујна, сум ручала еднаш ама не памтам да сум осеќала потреба дотолку да грицкам или јадам чоколатца на секое како ти што го претставуваш тоа, па и да ми се пријаде, најчесто пред/после работа сум јадела или на пуш пауза. Сега работам од дома и скоро никогаш не јадам пред лаптоп, и тоа што сум дома, туку пак на другата страна на масата седнувам или одам во кујна. И ова не е дека се согласувам целосно со нивниот однос, ама во право се дека кујна е за јадење, а било каква храна, чоколади/грицки, па и сокови не се за на биро и врз лаптоп зашто може да ти падне нешто или истури врз опремата и после кој ќе плаќа, ти? Еве, мене еднаш дома што бев скоро цела чаша сок ми се истури одма до лаптопот, среќа што не го фати и избришав одма и после тоа не ставам веќе ништо во близина.
Арно, ќутев. Да, во право се. Преувеличувам јас..и за јадење и за провев и за воздух и светлина. Па и споредби праите со пожарникари,доктори и др. Колку поќе очи отвараш на народов, толку полошо. Супер е се, да си аплицирате. Супер услови и плата. Колегијалност. Исто како фамилија сме. Менаџмент одличен. Искрено, немам зборови, колку се пријатни, компетентни и професионални.
Имаш сериозен проблем со прифаќање туѓо мислење и различни ставови. Фирмава ти давала леб, каква таква си останала, доколку ти мислиш дека се нехумани односи ова си заминуваш а не пишуваш 10 страни у темава таскфорс.
Искрено, и веќе ми е криво што кажав многу вистини. Ама ако за памет. Немам сериозен проблем нит со други луѓе, ни со различни ставови. Јас не реков некој да не работи а бе слободно нека оди кој сака, каде сака. Едно е да имаш став спрема нешто што е хумано. Како што кажав во ред е, супер услови имаат и тоа е тоа. Ете го мојот став. Супер е за млади и за тој што смета дека може и сака да си оди втора смена. Секој оддел е посебно. Како што кажавме. Како и да е. Веќе сум фриленсер и ми е добро. Најубо да се избрише темата и нема поќе јас вака, ти вака.
Многу мудруваме ко ќе се отселиме од државава. Ајде кажи се што знаеш за фирмава еве ако си работела, каде? Во кој оддел? Или некој работел. Извини, ама има тука кај нас и магистри што зимаат иста плата со тие со средно што се. Што мислиш за нив? Што мораат и немаат услови да мрднат од државава како тебе? Не секој може да си дозволи или може да живее странство, а сака.
Од каде знаеш па ти дали јас сум во Мк? Прочита неколку мои мислења од пред неколку години и си зеде за право вака да коментираш? Убаво ти пишаа членкоте погоре. Ако ти се работи таму оди, седи и работи, ако не барај си нешто друго, вложувај повеќе во себе за да си најдеш работа што би ти одговарала. Работа во биро, со компјутер, не оди некако заедно со грицкање цел ден. Тоа ми беше муабетот. Кој колку сфати. Ете веќе си пишала дека си работиш друго и не си веќе таму. Супер. Не се нервирај повеќе за Таскфорсе