Јас од дома работам моментално и освен кафе што си пијам на почетокот на работното време (и в канцеларија истото) не осеќам потреба цело време нешто да јадам, еве се чудам, зар општо дома цело време грицкате нешто и јадете чоколади? Во која фирма се јади и пие цело време на биро? Три паузи има во текот на работното време, а каде што е полабаво не ни мора скроз точно да ги запазуваш. Никој не умрел што не изел чоколада на биро и чекал до пауза. Секако, во нормални ситуации, ако ми се слоши нема да ми е гајле и ќе си каснам одма тука на место. Ама нели секој ден не треба да ти се слошува, ако е така нешто друго ќе да е проблемот. Фирмата секако има уште да се подобри, но дека ок услови нуди генерално, тоа е точно. Без работно искуство е таа плата, плус секогаш навремено исплаќаат. Баш е отскочна даска и да немаш долгорочни планови таму. Реално зборувам, буквално никаква корист немам од ова што го пишувам.
Другарот да оди да провери шеќер. Не е нормално цело време да му паѓа, нека провери со доктор и нека прима терапија. За јадење никаде не смее. Е сега, колку што знам ова е работа на телефон, па не е океј да јадеш додека зборуваш со некој или да му ждригнеш од кока кола. Тоа со теписите е глупост, ако не сакаат да им се валкаат нека стават ламинат. Ќе дојде некој што згазил Гомце, и што ќе прават? Сигурно не сте со топлинки таму или по чорапи.
Пак не се разбравме, бре кој цело време да пие сок или да јаде??? Да поткаснеш и поднапиеш. Нема врска. Супер фирма за почетници, отскочна даска за понатаму во животот.
Само во приватните сектори е забрането грицкање/пиење сокови. Државните, административни, сум гледала лично како цели менија порачуваат и по цел ден јадат со многу подолги паузи од предвиденото. Зошто одење на работа е онака, лабаво искуство, нели. Инаку да, цело време гнетење чипсови, кикиритки, кока - коли, швепсови и сендвичи фул тајм не е ок, ама па и осум часа работа со толку забрани исто не е ок. Едно е работна етика, професионалност, оставање добар впечаток и перформанс, а друго е некој 8 часа да ти изиграва сурвеленс пазач дали си каснал нешто на биро, не? Не гледам никаков проблем ако си добар во работата и чистиш зад себе да имаш забрана да јадеш. Гестапо систем, лол. Крај краева, некој што работел на слушалка ќе знае дека има опција 'mute' да не слушне клиентот дур доџвакаш, па да му одговориш. Претерувате и навикнувате на третман кој не е во ред.
Ама во цела тема еден добар збор не кажа за фирмата а си работела таму долго. Не разбирам зошто, океј е да се кажат и позитивни и негативни работи но чим си седела таму толку долго значи имало зошто. За храната на биро и јас се согласувам, јас од дома работам, со флексибилни паузи па еве не грицкам на биро ништо. Ти го кажуваш тоа за ако ти падне шеќер како да се случува на секои 5 мин, а и да се случува имаш опција да отидеш до кујна. За климата е дискутабилно, ние во канц кога сме, се договараме. Ако двајца или еден имаат проблем со климата се гаси и тераме даље. Ако си се поставила пр да не можеш да имаш разбирање со луѓе тогаш подобро да си одиш од таму зошто не ти е местото таму.
Значи девојче, ептен си наспана.. Не знам дали вака си се однесувала и со тие што ти се јавувале на телефон.. Во која бре фирма смееш да грицкаш чипс или чоколатце за време на работа? Сте виделе некоја во банка да има кока кола и сникерс на биро? Некоја службеничка во нотарска или адвокатска канцеларија? Некоја продавачка во пекара? Во Силбо кога плаќате на каса девојчето гарант има една симит погача и јогурт пред неа нон стоп.. Во фабрика на лента сте виделе некој да работи со една рака а со друга да пие сок? Во А1 и телеком во салон кога ќе влезам чиниш ручек имаат тука на пултот кај што се плаќа.. Аха да.. Сте нашле и сте зашле. Комунизмот само да се врати за вас, кога се седеше и се климаше со глава за плата од 23.000 Татко ми 45 години во банка работеше, еден ден не стави шише вода на биро или пак благо или грицки. Си го замислувам моментот да сум на телефон со некоја што грицка чипс и ждрига од сокот, некоја што уште залакот не го голтнала кога ми кренала.. Па уште плукате по компании а седите во нив со години. Гарант ве избркале зошто сте ждригнале сред повик, па сте се накурчиле до максимум.. Свашта.
Не сакам бе да почитувам глупави правила што немаат добра причина и смисла. Не е до јадењето или не, до ригорозноста е. И ќе плукам и ќе кажувам ако нешто не ми одговара. Не дека ќе умрам без чипс и сок, и онака заборавам да јадам додека сум пред компјутер, но самото ,,ова не смее-она не смее" е одвратно и создава одбивност. Не сме ученици, а и на училиште не ми е во ред тоа од денешна гледна точка. Третирање како мали деца, па барање одобрување од некоја затоа што била МенаЏерКа и мисли Бог е. Едно е поставување правила заради безбедност и предупредување за непродуктивност, друго е ограничувања што немаат смисла. Ако е секаде така, не значи дека е во ред. Благодарна сум што прочитав коментари кај да не се вработам. И тоа не смееш отказ да дадеш две години...
Абе какви ригорозни правила бе луѓе, небаре фабрика е ова каде што не смееш да мрдниш дури не ти кажат. Три паузи има, зар толку е проблем да се стрпиш да не јадиш до паузите? За пиење се согласувам дека не треба да забрануваат ништо, но се пие кафе и чај на биро без проблем, барем тука. Појдете Кромберг прашајте ги како им е, што до пауза не можат ни до вц да појдат, цел ден на нозе (пак зборувам за Битола). На паузата што побрзо, дали до вц да појдат, дали да јадат. За ова сфаќам да се жалиш на ригорозно. Овде цел ден пред компјутер, со клима/греење, со паузи (некаде баш и кога сакаш) и пак е премногу ригорозно. Стварно не сфаќам како замислувате да изгледа една канцеларија каде се работи нормално и не е ригорозно. Искрено ми е чудно од некои муабети. Јас сум човек што нема да трпи тортура со години ако не ми одговара и наместо да замини да се жали постојано. Имам и замерки секако, не е совршено, но дека е толку тортура не е. Ова е за позицијата medical coder, ти плаќаат курс што е инаку скап и добиваш сертификат, затоа си обврзан две години. Пишува во договорот, ако има нешто што не ти одговара нема да потпишиш.
Јас не сум против тоа да се јаде и пие на работа кај што само на повици седеш, али кога видов како ждерат и колкава хигиена имаат кога им е дозволено, си викам гнааааааси едни... убаво што забранија.
Не им придавај на важност, сигурно компанијава веќе знае дека има тема на форумов и мора некои ботови да ги бранат нели. Зошто "повеќе од доволна" е платата нека си работат таму, не знам дали да се смеам или са плачам. Или се шефови таму или се умилкуваат на шефовите не можам да поверувам дека постојат луѓе кои бранат неценење на трудот. Еј за 450€ што не можеш ни да преживееш добро било, па за искуство, па за почеток бла бла.
Ќути, на другаров му е 43.000 почетна за 2 години ама ако сака да си оде мора пред 3 месеци да каже. Сеа ти види. Платата е супер реков. Ајде доста е на темава. Позз
Ви се чудам... Мислам дека ги заслужуваме сите токсични фирми и македонски газди. Ќути и трпи систем... Нека си го сменат тепихот ако се покажал како недобар избор. Ова е лоша компаниска атмосфера... Па се чудам и на коментарите - па како мислите вие? У време на бумерите ни вода не пиеле. Тоа ви е нормално? Јас разбирам професионализам, ама вакво забегување во работи кои се извор на стрес, а нема потреба, не е нормално! Да си во операциона сала, океј, ама се останато што не е спасување живот - опрајте се, не е здраво и е точно тоа што ќе ве однесе вас во операциона сала.
Како бе така. Па и кој што наметнува. Не си на пазар да се договараш кај да ги изедеш смоките. Па и на пазар да си ќе се тргнеш од тезгата да изедеш. Какво биро грицкање и кока кола со се ждригање. На работно место се знае каде и кога ти е пауза и оброк. Аман се понашате како деца.
За фирмава нема да коментирам пошто не ја знам, знам само луѓе што работат/работеле таму. Ама не е точно дека никаде на приватно не смее. Изминативе 10 години имам сменето 6 фирми сите приватни (за Мк зборам) никаде не било забрането едно чоколатце да отвориш или кафе на биро да испиеш. Не правиме муабет за манџа од дома да си носиш, туку на пример еден сникерс и едно нескафе. И тоа не биле најидеални некои фирми, ама тоа од други причини и во друга прилика ќе зборувам што не чинело. Муабетот ми е, секогаш, секаде кафето на биро сум го пиела, исто како и другите колеги и немало вакви правила, ниту некој залаци да ти брои. Е сега, не сум за да се манџа тавче гравче на биро, или домати од бургерот по земја да ти паѓаат, ама зошто да не смееш едно кафе или чај на биро да ставиш и да го пиеш додека работиш? Ако има такви што ја умирисале цела фирма на манџа или на бурек нека ги опоменат само нив, а не тепихот да не го валкаме, отсега строго вода. Во бутик, кај што работеше познаничка си носеа од време на време нешто за частенка, бонбони, мини чоколатца во пакетче и слични ствари, чинеа една денес, а нареден ден некој друг, донеси нешто, отвори и остави на масичка, кој што е на смена нека си се почасти, не дека гнетеле на велико пред муштерии, ама немале такво правило ниту пак забелешка од претпоставен да не смеат да јадат. И тоа во бутик во мол (една од физички понапорните работи), а овде правиме муабет за америчка фирма што (наводно) дава убави плати, треба да е пример кај треба младите да работат, ама еднаш на два месеци не може хемиско да плати за некаков си тепих, и цел персонал под казна на диета со вода, пошто некому му дошло компири да пржи на работа и не знаат со поведението на поединец што покапал мрсно на тепихот да се справат, туку ајде цела фирма под камшик. Се согласувам со тие што сте пишале дека не е културно да ждригаш ако зборуваш во моментот со странки и дека има и фабрики кај што за 30к плата не смееш ни вода да се напиеш, си на норма и однапред ти е кажано кое време смееш да одиш да мочаш, кое време да пиеш, ама тоа што се дешава по фабриките не е хумано, а не е ни споредбата реална со канцелариска работа, каде што генерално нема причина зошто да не отвориш еден ладен чај додека читаш извештај на пример, освен нели тепихот.
Кој ждрига на работно место?! Мешате култура со нормални работи. Што пречи ако јаде некој чипс на биро?! Ако го прави поефикасен, што ми е гајле ако јаде чипс?! Одите во небулози. На ниту едно работно место не ми било забрането ништо, никогаш, а ако е така, веројарно ќе си одам веднаш. Секоја фирма може да си има какви сака правила, ама вакви рестрикции каде при тоа немаш физички допир со странки вришти во ред флег. Не е нормално и не знае ништо за луѓето и е заостаната во 90тите. Се додека хирург во сала не јаде сендвич, со се останато има начин. Ваквиве бумерски муабети се заминати во минатото...
Долго, но убаво објаснето. Тажно е што новите генерации, не се свесни за своите права и слободи пред сѐ како луѓе а потоа и како вработени. Темава е доказ кога имаш токсична врска со родител/партнер/работно место (во случајов), тоа станува ново нормално.