А каква култура е да џвакаш чипс, да се слуша кај што крцка? Абе било каква храна не е културно на работно место. Ама еве кај нас толку е културата а и има нешто што се вика осет. Ако не сваќаш зошто чипс не се јаде на работно место, тука на форум нема ни да сватиш. -Добредојде Америко повели седни на биро со чипсот и кафето.
Се додека не им смета на колегите и не џвакам пред клиенти е во ред. Мене култура и такви бесмислени работи и правила не ме интересираат. Се додека не повредуваш никој е во ред. А глупави правила скриени позади култура и професионалност, не фала. Тоа се само ограничувања. Не е културно, кога се работи за нешто што не повредува никој ми е на исто ниво како тетоважите се непрофесионални и треба да си замине во минатото.
Прво, сите знаеме дека ко ќе си на повик, не е културно и не смееш да јадеш и пиеш. И никој не вели за тоа. Постои копче мјут,, со случај да пиеш еве ВОДА Инаку, како што ми кажаа последно, не ѕвони до три пати телефонот па да кренеш, туку АВТОМАТСКИ ОДМА КРЕВА СО ЕДНО КРАТКО ТИИТ, ВО ПРАШАЊЕ Е СЕКУНДА. Значи седеш и иде повик и наеднаш крева автоматски. Никако не се разбираме на темава значи. ЗБОРИМЕ ЗА КАСНУВАЊЕ НА ЕДНА КОЦКА ЧОКОЛАТЦЕ. . Да знаете американците какви мрзи се, нив се им беше простувано, и прекорачувано време, и грицкаа оние шо работеа од дома, ко ќе се уклучевме на камера, на состанок, се гледаше, еднаш една беше облечена во пижами. Коа се буневме за тоа, добивавме одговор ГЛЕДАЈТЕ СИ ЗА ВАС, ЗА НИВ ИМА КОЈ ДА ГЛЕДА. И секако, ко бевме на тренинг ни кажаа :ДА ЗНАЕТЕ АМЕРИКАНЦИТЕ СЕКОГАШ ЌЕ НЕ ПОТЦЕНУВААТ И ЌЕ НИ СТВАРААТ ПРИТИСОК ЗА СЕ. А, тоа во фабриките е така, пошто сме народ што не знае да се брани и потклекнува. Наместо да се сплоти и работи за себе. Многу ми е жал за нив, имам познати многу што работат по фабрики. @Oriental @MarigoldA @Lilit
А сте имале lunch&learn сесија на работа во некоја фирма? Ова обично фирмата го организира. Не седнуваат цел тим во сала за состаноци за некоја тренинг презентација од 40тина минути и нарачуваат оброк за секој од тимот, и си јадеш додека презентираат. Демек интересен да е тренингот, додека слушаш презентација си јадеш, и да постои интеракција меѓу колегите. И секако никој не влечка за јадење тој ден пошто најавено е. *потем ова ланч енд лрн Америка го измисли, не ние некултарата во Македонија. Ма ко што сфатив вие таму немате проблем со Американците. Не е ич типично за нив таква рестрикција. Трчаат на работа со мока фредо капучино милкшејк од Старбакс и наџетсите од КФЦ или Чикфилеј ги јадат на работа, ич не им чуе Кај вас правилото со тепихот е од македонски менаџмент измислено.
Американците се последни од кои треба да земеш пример за како треба човек да се однесува на работното место а и општо за култура.
Па он треба да ти каже д те изменаџира на работно место. Уффф ја да сум ти претпоставена. Има да ти кажам убаво. Извини вака
Ниедна фирма не дава леб. Платата не само што си ја заработуваш, во 80% од случаевите работиш многу повеќе од тоа што го добиваш. Со исклучок на работа на државна цицка. Се додека вака размислувате, нема да не' биде.
Апсолутно фирмата ти дава леб со тоа што те исплаќа за твојата работа. Твоја работа е да одлучиш дали ќе останеш во таа фирма или ќе си одиш од истата ако условите не ти одговараат наместо да кукаш на форум. И да, работодавецот како и фирмата ти дава леб што ти си го заслужуваш.
Апсолутно никој ништо не ти дава, сам/а си заработуваш. Освен ако си швалерка на газдата, али и у тој случај пак си заработуваш на овој или оној начин. Моја работа е каде ќе работам и дали ќе работам, да, ама да го сведеш на „ако не ти одговара оди си“ е претажно. Не секогаш човек може да се вработи одма на друго место и не во секој град постојат исти можности. Од ваквиов менталитет пропаѓаат многу компании или работат со мизерен квалитет. Впрочем не ни работам во Taskforce, само се надоврзав на мислењата погоре, и уште многу имам што да кажам но да не ја терам темава офтопик.
Многу е смешно колку пати повтори за мојот менталилтет заклучно со едно мое мислење напишано, алал да ти е. Ако скролнеш малце во темава ќе видиш дека девојката не работи 2 месеца таму туку 3 години и постојано се пишува и жали дека во фирмава не ѝ е ок. Ако немаш можност сам ќе си направиш можност да заминеш од фирмата. Не зборам од аспект на тоа дека газдите се вакви или такви туку како работата влијае на нејзино ментално и психичко здравје. Така што мислам дека пред да коментираш за менталитети убаво е да прочиташ што се пишувало и погоре па да видиш на што е сето тоа базирано.
Боље со дете да работиш неголи со некој си постар од тебе што ќе се праи дека многу знае! Држам обука на една си што нема поима од англиски, технологија нула. "Била многу искусна" да бе, и покажувам како треба, што треба да прави се понаша арогантна и важна. Сите колеги пробаа да и помогнат, неќе да прифати обука бе. После една недала, на клиентот вака и вака, следен ден леташе од канцеларија. Им потенцирав млад да најдат.
Може и млад да е и да се праи дека се знае. Нема врска годините. @Amellie13 пошо работев во америчка фирма и слававме Halloween, St. Patrick's day и сл. Не мислиш дека е логично да имаме и таква атмосфера, американска? Не мислев на грицкање чипс, еве нека не е тоа. Нека им дозволат на колегите да носат пантолони надколена во лето, како и американциве. Ако веќе сме во фирма со американска култура.
Работам во приватна (странска) фирма тука и на самиот старт со обуката, ни беше нагласена ова Clean desk policy. По правило, како е замислено по нивно, смееш само вода, и тоа во провидни шишиња. Ама тоа никој не почитува. Пиеме што сакаме. Јадеме, или барем јадевме до скора што сакаме. Кога има посета од странци, се расчистуваат бироата додека не одат. Е сега, кажав јадевме, бидејќи малку и надлежните во последно време не стегна околу ова. Разбирливо, бидејќи се претера и се злоупотребиле сите привилегии. Ние, народов, буквално знаеме да ги пречекориме сите граници. Не може да внесуваш храна со јаки мириси да јадеш внатре, кога имаш и топ кујна со сите услови, пауза од саат време која ја ти распоредуваш како сакаш и кога сакаш, тоа не е убава работна атмосвера на никој, освен оној што јаде во моментов нели, бурек со месо или хамбургер. Аљкави сме и безобразни, има луѓе коишто се однесуваат на работа онака како дома сигурно не се однесуваат и прават. Чистачките нон стоп чистат, генерално луѓето немаат ниту почит, ниту некоја основна култура. Е па затоа -само вода. Не кажувам дека е совршено, ама ги гледам двете страни. И стојам зад тоа дека ние сме неодговорни и разгалени генерално. Ок е да се бориш за себеси и своите права, ама во моето работно опкружување се што гледам е дека луѓето се со се незадоволни. Ако имаме treat day, а тоа е често, и разни празнични настани, е зошто е ово јадење, зошто не направиле овака, зошто не е онака. Да е и било така како бараат, сигурно пак ќе барале зошто не е поинаку. Не знам што да мислам, да ли е тоа некој наш синдром само, ама страшно смо себични и некултурни, негативни кон се и нон стоп незадоволни. Генерално, ко што кажав, као народ. немаме основна култура. Порачат пица, ја јадат во кујна, сите кутии позади себе и отпадоци оставаат по масите. Мислам, па не е ваљда толку тешко да собереш позади себе и фрлиш во канта која е од тебе на метар оддалеченост, чисто да оставиш простор за другите во фирма кои ќе дојдат на пауза за ручек. За вециња, посебно женски. да не зборувам. Гарант така дома не остават позади себе. Буквално чистачките не постигнуваат, и на крај они криви што ме чистиле убаво. Итн итн. Така да не ме чудат и "хитлерските" мерки некаде, веројатно има позадина како и зошто настанале.
Дали некој има информации за секторот логистика во taskforce ? Дали некој од тука има искуство за тоа какви се условите, платата, смените... конкретно за логистика Гледам имаат огласи постојано за Logistics Associate, ме интересира дали оваа позиција е понапорна за работење од customer care?
Не е понапорна, само трета смена е напорна и цело време им бегаат од таму. Плата е мех освен ако си трета смена.