1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Taskforce

Дискусија во 'Барање работа' започната од GirlLove, 3 август 2023.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.835
    Допаѓања:
    173.258
    Пол:
    Женски
    И во банка немаат менза.. Ни во пошта ни во било кое министерство..
    Богами ни по маркетиве немаат..
    Освен фабриките, ретко кој нуди храна..
    Помина времето кога се плаќаше хранарина+превоз...
    Тоа памтам моите во 90тите и се до пред да се смени бруто/нето основицата за просек за пензија, се им беше одвоено ама пак иста плата земаа и откако се смени правилото..
     
    На Cosmic Girl, bookslover, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  2. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.304
    Допаѓања:
    16.626
    Искрено нз како е. Јас веќе не сум таму.

    Читајте убаво на LinkedIn за рецензии од вработени.
     
  3. Sleepy

    Sleepy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2014
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    318
    Пол:
    Женски
    Може да не ви се допаѓа работната околина, може вистина се сите муабети за лошо менаџирање, ама делот со платата е сосем во ред. Не сум работела таму, не можам ништо да тврдам.
    Рецензии на Linkedin или било каде не ми се толку релевантни. И кај нас во фирма од различни луѓе може да слушнеш скроз дијаметрални мислења. Јас сум презадоволна од лидот и менаџерот, ама ако разговараш со колешка од друг сектор може да ти каже се најлошо.
    Ни моето ни нејзиното искуство не р најрелеванто. Се е индивидуално.
    Јас кога не сум била задоволна од работната околина или платата сум го изразувала незадоволството кај претпоставените. Ако не наидеме на некое заедничко решение, си барам нова работа.
     
    На Cosmic Girl, tina2018, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.304
    Допаѓања:
    16.626
    Тоа го велам де.

    Уживај си.

    На некој мож му е пекол таму.

    Сите веќе знаат како иде назначување тим лидери, асистенти на тим лидери и сл.

    Пред вистината и боговите молчат.
     
    На Sleepy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.304
    Допаѓања:
    16.626
    И секоја фирма си праи правилници.

    Како сака така си праи и си диктира правила, кои се супер, некои не се во ред. Сфаќаш?

    Ако ти одговараат супер.
    Ако не, си се искажуваш кај менаџер.
     
  6. Sleepy

    Sleepy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2014
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    318
    Пол:
    Женски
    Јас со задоволство одам на работа секој ден.
    Ама еве ако еден ден решам да сменам компанија, би сакала да знам кои ми се другите опции.
    Како се назначуваат тим лидовите?
    И која е функцијата на лидот?
     
    На Cutiepie1 и GirlLove им се допаѓа ова.
  7. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.304
    Допаѓања:
    16.626
    Искрено, веќе одамна не се замарам.

    Еве кажи ти како задоволна вработена.
     
  8. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    2.708
    Пол:
    Женски
    За која позиција давале 43000? Малку чудно и не верувам, јас знам особа што работи таму а ми понуди и мене да влезам за 30000 почетна и секоја година покачување по 3000. Ова беше пред нецела година.
     
  9. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    567
    Имаат уствари околу 2000 вработени во Македонија, само во Битола има 3 канцеларии, а плус Скопје, Прилеп и Штип сега отворија.

    Сите тие правила за јадење, кафиња и паузи се наметнати како и обично - зошто некој ќе го злоупотребува тоа, па после ќе се одрази на сите.

    По коментариве, wow, не знам кај сте работеле до сега, ама очекувања левел 748382.

    Да, нема менза, но има кујна со фрижидери, маси, микробранови, машини за кафе (со одреден буџет од фирмата). Што треба повеќе да има? Нема фиксни паузи и не може да има менза што ќе опслужува цела смена.

    Платата се исплаќа на два пати - 10 илјади на први, останатиот дел на 15ти, секој месец. Ако работиш на македонски празник, платени се.
    Платите се тие - ништо посебно, позициите исто така. Прилично лесни позиции се, треба да знаеш англиски и да имаш две мозочни клетки.

    Проблемот во Таксфорс е тоа што помина и ќоро и сакато низ фирмата и се накотија 20 годишни деца што немаат грам работна етика, очекуваат премногу со минимум труд и вака се жалат за банални работи.

    Дрес код се пуштале мејлови - guess why? Баш ради таквите што одат со кроп топ во канцелариски сетинг, мислам треба малку сенс што е прикладно за работа, што не.

    Нормално, кога ќе поработиш подолго време кај и да си, нешто ќе ти засмета, ќе те фрустрира, ама го правите ко да ве пуштат во логор да работите.
    Живо ме интересира од каде ваквите стандарди во нашево државиче.

    И крајно, сите овие работи ви ги кажуваат на интервју, и за платата и за условите и за смените и кога ќе потпишеш договор знаеш на што се нафаќаш.
     
    На LadyC, martty06, bookslover и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Sleepy

    Sleepy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2014
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    318
    Пол:
    Женски
    Јас можам да кажам за компанијата во која работам како оди хиерархијата.
    Тука не сум работела, ама сакам да слушнам искуства од сегашни вработени и незадоволни поранешни вработени.
    Не е тешко да ми одговориш на прашањето, кога веќе нафрлаш информации.
     
  11. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.304
    Допаѓања:
    16.626
    Не знам уопште што барам на темава.
    Да, така е 20 годишни, неодговорни деца се тим лидери, никој не бара менза, супер е со кујната, машините за кафе, масичките.

    Да, пијат само вода на деск

    Е сеа, ако имаш потреба од друг вид на пијалок ќе си чекаш пауза. За да се стаиш на Follow up work, треба да им кажеш каде ќе идеш.

    Платата супер на два пати ја даваат.

    Имаше и со пирсеви јас коа идев на работа, и да кроп топови, и носеа на глава очила за сонце коа работеа или дур да појде до биро очилата им стоеа на глава, да се знае нели кој влегува.

    Нема прозорци.
    Некој е стоплен од климата, некој што седи подалеку му студи пошо е далеку исто и за во лето.

    Коелгава до мене што седеше, од климата доби воспалени синуси, мораше боледување да вадит.
    .
    Го преместија, и друг дојде и него го преместија.

    Нема светло, ден и ноќ завесите мора до доле да не не гледале луѓе од надвор, а надвор коли минуваат.

    Неорганизираност.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    567
    Сето ова е точно, ама и сето ова се минорни работи. Ете и самата велиш, му дуваше климата, го преместиле.
    Тука е дел оти нигде не регулираат каде и како се прават тие објекти, кој ги проектира, на колку вработени колку прозори треба да и има и слично, што според тебе е решението на фирмата, ќе ги рашетува сите де ваму де таму? Пр. ако можат да се отворат прозори, еден ќе сака да отвориш, друг нема, на еден ќе му дува, итн., на некој ќе му смета сонцето и слично.
    Некој ќе мора да се прилагоди.

    Убаво е да се пие кафе, сок на биро и слично, ама не се умира.

    И многу поретки се фирми што имаат мензи, него ли што немаат.

    Крај краева, на некој што сака да аплицира и бара искуства на темава, не верувам дека му менува кафето, сокот или промајата, туку платата, односот, условите.

    Не е најдобро, ама не е ни најлошо.
     
    Последна измена: 1 февруари 2025
    На Cosmic Girl, Dust, lovely91 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.304
    Допаѓања:
    16.626
    Не коментирам поќе.
    Секој како сака нека си прави и нека ги игнорира мислењата негативни.
     
  14. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.193
    Допаѓања:
    3.964
    Пол:
    Женски
    Ами превоз и храна се става у плата, сите плаќаат.
     
  15. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.667
    Допаѓања:
    15.161
    Пол:
    Женски
    Во Taskforce искрено седат од што платата е солидна. Другар уште од пред година и кусур го вели истото што и @GirlLove, што значи не дека она сега бара влакно во јајцето од што не ѝ чини.

    А и ако не се лажеме, идеално работно место нема. Но, доколку платата е солидна и те како ќе седиш дури не најдеш подобро и поплатено.
     
    На elenaklasik, NoirSerpentine, Cutiepie1 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    1.368
    Пол:
    Женски
    имам пријателка што работи таму, и од сите работни места кои сменила тука е најзадоволна! Сама си се искачи на убава позиција без врски без помош, чисто со мнг труд и дисциплина. Вика дека помлади дечки не се задоволни баш ама за разлика од неа тие доволно не прошетале по други раб места па да видат дека уствари во таскфорс е доста пристојно и со платите се солидни. Се разбира има мнг фактори, ти треба и среќа и тимот да ти се погоди, клиентот итн и ти како ќе се поставиш и ќе растеш ама ете јас имам убав впечаток од нејзиниот муабет и уште 2 познајнички имам што раб таму и од сите раб места само знам дека таму најдолго се задржале да работат
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    2.708
    Пол:
    Женски
    Колку е тоа солидна плата, т.е.колку даваат сега? Искрено прашувам затоа што кога мене ме викнаа пред 1 година беше 30000 плата што е малку, да знам ако зголемиле нешто повеќе за во иднона да размислам.
     
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.667
    Допаѓања:
    15.161
    Пол:
    Женски
    Почна под 30000, турбо се со работа. Околу 35-40000 да зема сега.
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    1.368
    Пол:
    Женски
    Мислам е 70илјади почетна..
    Барем така ми кажаа мене...иначе незнам, се зезав погоре
     
  20. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    70000? Одма се нафаќам!