Имам другар во insurance шо работи, само прва смена оди. Не знам која позиција е, ни дали има активни огласи за вработување.
Кратко околу 15мин комбинирано со македонски јазик, на англиски да се претставам и продолжи како разговор краток со подпрашања од факс до работно искуство немаше конкретно едно прашање туку повеке да те наведи што точно сака да знае... дадов одговор на се, ама не се јавија еве неколку дена да ме побараат за второ интервју. Немаше ексел @peperutce777 day shift пишува на огласот за прва смена
Јас без на интервју пред 1 година и не ми остави впечаток фирмава, затоа ми е чудно што има толкав интерес тука. Конкретно фирмата е на Македонци кои живеат во Америка и нормално работат за фирми од УСА. Јас бев повикана на интервју и тоа 3 месеци после апликацијата буквално и заборавив дека сум аплицирала. Иако ми беше чудно и си помислив дека едноставно не можеле да најдат па сега тие што не ги планирале ги повикуваат решив да отидам. Од она што ми го кажаа се работи во смени и секој си е задолжен за посебна фирма и комуницира со вработените во таа фирма и е одговорен за пренесување на информации (помежу добавувачи, превозници, магационери) и за внесување на податоци во софтверот. Е сега бидејќи јас сум со искуство нормално си кажав плата која ја очекувам и мислам дека ги шокираше мојот одговор а реков минимум 35000 а реално би прифатила само над 40000, ама по говорот на лицето и телото на девојката што го правеше интервјуто ми беше јасно. Сепак таа беше фина и ми рече дали имаш во предвид дека единствено што бараме е англиски и ексел, ниту образование ниту искуство не бараме од кандидатот. Така ми стана јасно дека не е тоа за мене а и затоа и претходно не ме побарале бидејќи не сум почетник а тие тоа бараат некој што ќе му биде ова почетно искуство и да знае англиски и ексел и нормално да се нафати да работи за плата околу 22 до 23000. Во меѓувреме пред 2 до 3 месеци една познаничка се вработи во аминистрација односно работи сметковоство за странски фирми во Таскфорс и со факултет и совршен англиски и зима 30000 што реално не е некоја плата. Исто така после ова интервју бев и во уште една фирма Тен екс и таму газда Македонец од УСА и таму останаа со подотворена уста од очекуваната плата а башка си на определено и секој месец потпишуваш нов договор. Очигледно ова е мое искуство дека нашите во УСА фаќаат тендери и работа по нивни цени со големи компании во Америка и се со очекувања да се збогатат максимално искористувајќи го Македонецот да работи за 300 до 400$. Не вреди да се потценувам прифаќајки плата што не е реална со обемот и одговорноста на работата што се очекува од мене особено ако станува збор за работа по америчко време тоа бара доста жртви и одрекување. Се надевам дека повеќето се тука некаде со размислувањето како мене зошто едни исти фирми постојано ги вртат огласите веројатно неможејќи лесно да пронајдат жртви. Извинете на долгиот пост но се надевам на некого ќе му требаат информацииве.
Нели платата во Таскфорс беше некои 27 000 до 30 000 почетна во зависност од позиција и потоа растеше на секои 3 месеци? 23 000 е скоро па минимална плата. Ужас е тоа за некој што знае англиски јазик, компјутерски вештини, ексел и плус работа во смени.
Знам луѓе што биле таму и си отишле за 1 година, прашање ако издржиш до тогаш. Обука една недела те ѓаваат каков камион, што се палети, на ексел па не знам што. Ќе те пуштат после да работиш со некој колку да те пази како мало дете и крши глава. Таа ти е таа фамозна позиција, а ми кажуваа дека имало луѓе што незнаеле два реда англиски. Платата минималец во тоа време кога си се вработил со празници, трети и недели сигурно ќе стигнеш до 30000. Во Скопје овака им беше пред 3 години сега не знам изгледа малце се подсредија. Камцеларијата им беше строг Центар до пошта, сега накај Тафтариџе се. Според мене, логистика да работиш за нив не вреди, но ако сакаш да стекнеш искуство идете слободно. Поубаво е Medical Biller, од понеделник до петок е сега остануваш до касно 2 навечер мислам, ама плата им е поприфатлива.
Има некоја вистина во тоа дека се "потсредени". Смените им се прва-втора, а трета смена е посебно. Трета смена работат пет дена во неделата, три се слободни, а платата им е повисока. За сите смени, доколку така ти доаѓа по распоред, се работи и во недела и за празници кои се соодветно платени. Почетна плата не им знам сега, но со околу 2-3г искуство во логистика во Скопје, се стига до кај 50000-55000. Во однос на medical biller, ако не се лажам, потребно е да се помине посебна обука и да се полага за меѓународен сертификат кој кошта $, а ти го подмируваат тие, но затоа те обврзуваат да останеш кај нив во фирма x години(не знам колку точно).
Да смените им се по ок сега, порано им беа двојки. Точно, но ти со тој сертификат можеш да се вработиш во друга фирма. Реално колку да се пробиеш во која било професија што ја нудат ти даваат детална обука. За некој кој ништо незнае за американска логистика стварно ќе му помогне, истите тие што си заминуваат се доградуваат во други фирми.
Скроз се согласувам со тебе, не ги спуштајте платите да им работите за џабе. Не знам фирмава за што е конкретно ама ако работат транспорт и логистика тоа е стварно стресна и захтевна работа со голема одговорност, за која платата во Уса е 4000 долари, па рачунајте колку заработуваат само преку кратење на плати. Да не пишувам детали, знам како работат сите наши таму, укради ваму, скрати таму, не за џабе милионери станаа сите. Не им спуштајте под 800-900 долари за една смена, за повеќе смени ич да не збориме. Не ценат наши вработени, знаат дека ќе те заменат без проблем.
Повеќе од јасно е дека најголем дел од странските фирми во МК, почнувајќи од вакви диспечерско-логистички центри до фабрики се тука поради поевтина работна рака за сметка на голем профит. Воопшто не ја оправдувам ваквата појава, напротив сметам дека редно време е да се побара соодветна цена на образованието, вештините и искуството. Меѓутоа самата појава не е новитет и е производ на потребата од вработување на неквалификуван и необразован кадар, па затоа и се нудат такви плати. Едноставно самиот концепт не е дизајниран да вработи голем број на луѓе со соодветно образование и искуство, за жал.
Напротив, се вработува квалификуван кадар за административна работа или customer support. Не знам зошто компјутерските вештини, Excel, Data Entry во соодветен софтвер, комуницирање и support со клиенти, плус одличен англиски јазик да се смета за нискоквалификуван кадар? Нека најдат некој со овие квалификации во САД и нека видат колкава плата ќе бара. А згора на тоа и дали така лесно ќе можат да најдат ваков кадар.
Мислам дака е зошто стана норма, сите знаат да куцаат, сите знаат најпрост Ексел, сите знаат како да комуницираат, англиски веќе втор јазик е на секој. Тоа е впечатокот што странските фирми го имаат за некоја просечна балканска земја. Напротив, многу од помладите немаат најпрости компјутерски вештини зошто се навикнати на таблети и телефони. Не ни знаат како да куцаат на физичка тастатура за чудо, нема да знаат како јазикот да го сменаат. Таскфорс знам дека вработуваат ептен млади 18-19 годишни, завршиле средно и лесно им е зошто можат да се правдаат дека се без искуство па ќе ги плаќаат минималец.
Се согласувам, ама работодавачите за жал не размислуваат така. Тие овде отвориле фирма/и со поразлична “визија”, да експлоатираат млада работна сила. Да барале нешто поразлично, тогаш ќе отвореле во САД.
Таскфорс е супер за собирање искуство за понатаму. Има и потешки позиции да, но и за нив не ти бараат искуство од претходно, има соодветни тренинзи и тестови за полагање. Супер е за да почниш од некаде, лично не знам многу колеги што се повеќе од 3-4 години тука, на пример. Има многу и помлади од мене. Платите не се нешто вау (и ова зависи сепак од позицијата и искуството) иако се најавуваат покачувања. Ти треба знаење англиски, основни компјутерски вештини и само малку да ти фаќа главата, така да супер за да почниш да си го пополнуваш сивито, но не баш за на долг рок (според мене).
Јас се согласувам со тоа дека фирмава за почетник којшто нема никакво работно искуство е супер од причина што се бара само англиски познавање и ексел. И да е платата пониска со самото тоа што ќе поработите да речеме 6,7,8 месеца и ќе го ставите во ЦВ тоа за понатака имате многу предност за друга повисоко платена работа. Башка мислам дека е доста погодно за студенти што пример живеат сами да си стекнат поголемо искуство + плус приходи.
Имам новост за Customer Care. Идат само втора смена. Сега се на 40.000,00. 10.000,00 им даваат на први, а другите на 15 ти. Задоволително е тоа. И тие што ќе влезат псоле тебе и на нив му ја покачиле, ги израмниле за 5,6 месеци. Празници,трета смена се се плаќало, по закон. Све и свашта се примало, секакви, и малку да знаеле ги примале. Буквално, другар ми вели, сето ѓубре го собраа. Зборуваш со медицински лица, закажуваш термини нс пациентите в болница. Имало статистика што мораш да ја бркаш и ако си направел некоја грешка, демек као не си го закажал пациентот, крателе 15 %. Паузи имаш две по 15 и една од 30,и тоа е убаво. Требало многу да ќутиш и да ти вика некој иако не си виновен, ќе кутиш. Повисока позиција, нема хахах. Оценки се давале на крај од година, нереални. Неискусни, тим лидери. Деца од 20, без искуство . Имало и искусни. За слободни денови, морало пред 2 недели да кажеш кога ти треба. Муабет беше дека некоја колешка и починала тетка и во Скопје и нели не следи ден. Морала да се врати од, читај, ПОГРЕБ дирек на работа, ако пример била од 16ч,морала до 17 да се врати. Значи, нема кој да те замени. Тим лидерот, нема шанса. Значи, не можело слободен ден да пишеш, ниту боледување. Опција имало и за од дома. Се чудам, што барав да аплицирам... Што ќе праам ако ме стаат од 12 ч на работа? Живот 0. Ќе ви пишам покасно имам уште
Ова е чудно бидејќи во договорот има дека следи ден за вакви случаеви. За баба ми ко почина зедов ден без проблем. Ова за во Битола. Инаку да, за замените треба тим лидерот да организира, негова одговорност е тоа.
Не знам, искрено. Ова е за тетка. Валјда, бабата е поблиска. Дно и ужас. Ќе им откажам интервју. Или пиши позитивни страни... Да се предомислам. Ти значи работиш таму. Што ќе ова робија бе.