Се сложувам. Да бидеме реални, да не се Таскфорс и сличните на нив (Транском, ТаскАс, Телеперформанс, Вебхелп) во државава ќе биде ептен тешко да се егзистира (особено за оние кои имаат некаква јазична струка). Пред 25 години кога јас студирав, овие прилики ги немаше, како студент или млад дипломец можеше да сонуваш за вакви фирми, кои за повеќето млади се супер отскочна даска а и извор на егзистенција. Платата може не е голема, ама барем имаш стаж, здравствено, не си стечаец и можеш дури и кредит да си земеш, за кола, за кров над глава, за било што. И најважно, не мора да сите да се селат во Скопје, со триста плус трошоци. Не знам точно за Таскфорс, ама пак да си кажам, треба да си психички стабилен да се расправаш со луѓе, по цел ден, секој ден, многу оптеретува. Чисто информативно, освен по фабрикиве, во која друга фирма кај нас, а и во други држави, има менза? Кујна да, платен оброк од фирма со достава да, ама менза, искрено, за овие 20+ години не сум чула. За жал, тоа е. Овие правила гарантирано важат и во другите европски земји во ваков тип компании. Сум мочала на штоперица, а не сум работела во фабрика. Не е од вчера, само ти може го перцепираш како такво дека тебе ти се случувало во реално време. Ама и тоа е така, зашто некој ќе отиде у веце, па ќе си запали цигара, ќе игра игрици на телефон и така натаму, додека линијата "гори" и чекаат повици on queue. И тоа правило е смислено поради некои луѓе и нивната вечита потреба да забушаваат. Климата е причина поради која луѓе дури и се тепале во други фирми, ова сериозно, главна причина за омраза меѓу колеги, откако постои клима уредот. И ова е кај сите фирми од ваков калибар, многу луѓе, многу мислења, многу микроменаџмент, многу очекувања.
Јас би само да напоменам дека Таскфорс не е само customer service каде што има притисок и ограничувања, ама затоа се доста повеќе платени. Останатите позиции во healthcare и insurance се реално доста лесни, има одреден таргет што реално се фаќа за пола работно време и прилично лабава атмосфера. Како што што спомнав и претходно, да после одредено време доста работи фрустрират. Овие натегањата за правилата се нивна работа (тим лидери, менаџери) зошто така сакаат да им функционира фирмата, еден наредува на друг и се пренесува на вработените, впрочем како и во секоја фирма. Се повторува како расипана касета оти вработените упорно не го почитуваат тоа, не дека е нешто којзнае што освен усна опомена, ништо друго не превземаат. Големата работа. Кога влегов таму на работа, мозокот си го одморив. Слушалки на уши, сработи тоа што ти е работа, заметни еден шал ако ти дува климата и терај. Во меѓувреме барај си друга работа, оти реално цело време втора смена отепува после одреден период, тоа е најголемиот проблем. It's that simple.
Да да, затоа реков, не им ги знам позициите, ама реално и да си во најубавата фирма на светот, после одредено време ќе ти здосади, ќе те фати апатија, ќе сакаш да смениш, ќе мислиш дека на друго место е поубаво, или ќе те примами поголема плата и така само си се калемат фрустрации, што не е океј. Битно да не си земаш ништо при срце. Пс. Јас сум многу зимурлива и кога работев во канцеларија, си имав џемпер таму, со го облакав кога ќе ја ставеа климата на 15 да дува цел ден. И стално со чорапи. Пс. Леле да, само втора смена, тоа е доста лошо. Ама па и само прва смена на пример мене не ми одговара, за сенешто работа што треба да завршуваш преку ден (администрација, банки, испити) треба слободен ден да земаш, значи да молиш да ти дадат.
Oo и како сум зимурлива дури и во Таскфорс климата ми дуваше директно во врат. Офф топик, ама да доловам - Претходно работев во мала фирма забуткана во оние старите згради каде што воопшто немаше дневна светлина, сопче, стаклото гледаше на внатре. Клими и две греалки не не' топлеа, тој студ во коски го носам уште, не џемпери, не врагови, ништо не помагаше. Настрана што воопшто не комунициравме со клиенти, секој од вработените си работеше сопствен проект, не колегијално, ама упорно не не пуштаа од дома да работиме, оти нели "работата од дома не е работа". Платата смешна, ама ете ради искуството, седиш и трпиш зошто за мојата струка на прсти се бројат отворените позиции.
Тој што на пауза "сокапал" телешка чорба или хамбургер или десетка со кромид и литро кока кола, да не почнувам да раскажувам, не од тоа што сум видела од колеги, туку тоа што сум чула пошто работев QA, фала богу повици сум се изнаслушала, меѓудругото одредени системи снимаат и кога нема никој на линија. За тебе не е нормално, за повеќето аутсорсинг фирми, и кај нас, и во светот, а па за америчките муабет да не правиме, ова се basic правила. Тоа е, не смееш да јадеш освен на пауза (ова додуша е само за нас проблем, во Италија на пример не сум видела некој да посака да грицка), за течностите објаснив погоре зошто тешко се дозволуваат вакви работи. Замислете и канцеларии кои се океан систем во кој има и по 50 вработени во една смена, без паравани. И замислете СИТЕ да отворат по еден чипс или едно чоколадо. Како ќе го контролираш тоа, некому ќе дозволиш, некому ќе забраниш? Кои критериуми ќе ги примениш? Не гледам како е ова систем што може да се смени, кога функционира и со децении, на многу места и на интервју ти кажуваат за clean desk policy што вклучува и нема телефон, нема youtube, нема гезмиња.
Исто, да можам и хулахопки би си носела Ама со сигурност тврдам дека во сите фирми сме се карале за климата, тоа нема да се смени никогаш
Јас пишав во мислењето дека не зборувам за customer service, знам дека е напорно тоа секаде. Ама од другите позиции толку да се жалиш треба навистина да немаш мака во животот видено од работа. За млади луѓе да почнат од некаде е супер можност, да собериш искуство, стаж. Потоа секако можиш да си бараш подобри прилики. Не смее никој да ти се дери и изживува со тебе. За тие да те избркаат треба ептен да оплескаш. Е сега, реално менаџментот може да е подобар. И тоа што некогаш стварно треба да ги молиш за да ти покачат плата. На тоа им треба доста работа ако сакаат да се стварно добра фирма. А тоа што немало персонализирани бироа, менза, превоз, забрането било јадење на биро ми се толку глупи работи со кои треба да се замараш кога од друга страна седиш цел ден, може да имаш и само 4 ефективни саати работа и да не си строго ограничен со паузи.
Еве директно од западна земја, во Италија по закон не ни постои минималец, значи работодавецот може да ти даде и 500 евра почетна плата ако сака. Ова е исто често, и скоро секаде пракса, не е до Таскфорс само. Зависи кои странство, мислам дека многу се лажете со странство. Таму секако нема пиење кафе и јадење на биро. Не е само до егото, јас познавам мои колеги со 15+ години искуство што не ги примиле. За некои фирми постои и преквалификуван кадар, и тоа може да биде одлучувачки. Па тоа е супер, не сум чула за 60 повици во корисничка поддршка. Тоа е пак исто, на многу места, да не речам секаде. И тоа е секаде пракса во контакт центри, мора метрика да се прати. Таква е работата. Толку, се одјавувам од темава
Како некој што работел и со повици и во хотели никој до сега не ми забранил да јадам или пијам. Основна потреба е, не ќе се онесвестувам гладна на биро вајда.
Зборуваме за јадење додека работиш, не на пауза, нормално си имаш, две-три паузи и можеш да јадеш Залудно ќе се објаснуваме, во горе споменатите фирми е забрането, и кај нас и во Европа. Јас работев во Концентрикс и Мајорел Италија, и забрането е додека си во канцеларија, океан систем, храна ич, течност, затворена. Во хотели јадење и пиење, на рецепција? Каде ако смее да се знае? Кај нас, во кои хотели, во кои фирми? Во Италија (споредувам со тоа што го знам) ни под точка разно. Си имаш два саати пауза за ручек која не влегува во работното време и јадеш пиеш колку сакаш. Основна потреба е секако, ама не ти е ускратена, си имаш пауза. Нема потреба нон стоп да се јаде и да се мези.
Работам повеќе од 10 години на такви позиции, и сезонски и full time. Значи зборам од лично искуство. Нормално сам имаш осет еве конкретно хотел ако доаѓа гостин ќе тргнеш на страна храна или кафе ако имаш да не се гледа. Кога сум работела со повици исто саати во денот кога сум приметила дека е полабаво сум пиела кафе, јадела.. крај краева и да пијам кафе и зборам тој од другата страна не те гледа. Некои правила ми се стварно смешни и како некој што му е битно тоа не би седела на такви места. Еве јас јадам 8 пати во ден и ако ми кажат само еднаш јадеш на пауза уште истиот ден ќе им дадам отказ.
Осум пати јадеш, колку пати одиш во веце, и тоа све бројчано со осум сати дур си на работа? Да не ме сфати некој погрешно, ама ти повеќе си на пауза, отколку на работа, колку луѓе сте во тим што можат да покриваат цело време. Плус имаш екшли пауза, така што веројатно ја користиш и неа за јадење. Кафе разбирливо, најчесто не смее отворено ради опрема, што до некаде е логично. Работиш корисничка поддршка, на телефон? Кажи де каде си работела, што е толку тајна, еве да се знае каде е лабаво, нека си аплицираат луѓево. Колку ви е KPI, колку таргет имате во денот? Мислам на повеќето проекти на кои сум работела, што како агент, што како QA, што како консултант, не знам како е возможно ако треба да сработиш 200+ тикети. Фирми кои дозволуваат све сигурно има, ама овие погоре спомнативе, не се од тие.
Фирмава е океј опција за entry level канцелариска работа за студенти и луѓе дипломирани во области за кои е тешко да се најде вработување. Платата не е ништо посебно, задачите се лесни за учење но монотони, ама мене барем ми даде чувство на стабилност по години мака мачење да најдам нешто асално. Единствена сериозно негативна страна според мене се смените, втора смена (15-23 ч.) е смртна пресуда за социјален живот, прва (од 6:30!) и да не зборувам за трета - ужасно напорни за биоритам... ама тоа е неизбежно во секоја работа со Американци. Можам да зборувам само за Скопје, овде атмосферата е многу по chill во однос на правилава дискутирани погоре. А за менаџмент подлабоко искрено не ме ни интересира, не сум corporate ladder girlie, секоја работа ја гледам како нужно зло и сум максимално резервирана кон колеги, па за среќа досега сум немала проблем. All in all, би ја препорачала на луѓе што очајно им треба удобно и стабилно вработување без огромни очекувања и амбиции.
Најреален коментар, во право си. Башка што сето ова "негативново" што е легитимно, го има во повеќето компании, што кај нас, што по светов. Да се биде со реални очекувања најубаво
@Someonespecial Здраво те молам пиши ми и мене, пробав да те контактирам но неможам. Имам едно прашање за некој кој во моментот е вработен или работел лично таму. ФАЛА
Toa е медикал кодер? имам комшивка што работи само прва смена , од пон-петок , плата 36.000 (ова кажано од нејзе лично искуство немам)