Жалам што грешно се разбираме. Нигде не е совршено сите знаеме. Емотивното не сум опседната, само сакам луѓето да знаат во што се впуштат пошто сакам да помогнам. Позз и секое добро.
Не можеш ти да одлучуваш за другите (а и да знаеш) дали нешто ќе им одговара или не. Твоите коментари се со преголем емотивен набој и не разбирам како можеш некому да бидеш од помош со одредени работи кои ги пишуваш. Дека не е совршено, не е, ама "сите ѓубриња се собрани" не разбирам како може да биде од помош, еве може е до мене. Како е можно во цел работен век еден арен да не ти се потрефи и да не се преиспиташ во врска со тоа? Луѓето треба сами да искусат некои работи и да си дадат шанса, пошто и онака работа не се наоѓа лесно. Никој не се венчава со фирма, не ги чини, се поздравуваш и си одиш. Ти ментално си уште у канцелариите на Таскфорс. Ама не ти доаѓа памет, уверена си дека светот постои само за тебе да ти става сопки. Терај си како знаеш.
Леле, што стана со темава и форумот. Човек да не смее лош збор да каже за Taskforce. Не ни кажав нешто лошо впрочем, пишав мое субјективно искуство. Што се однесува до томовите книги, јас немам проблем да се учи ако платата е добра. Но, имам проблем да те викнат на интервју и ти кажат дека си несоодветен. Пред да скокнете сакам внимателно да прочитате зошто мислам така. За да некаде те повикаат/не те повикаат главен адут или предуслов треба да е CV-то. Aко според истото се види дека си кадарен треба да те викнат, во спротивно не. Селекцијата на интервјуирачот е круцијална. Треба уште по mail да известат дека за таа позиција не си соодветен, и ако сметаат дека имаш потенцијал, дадат предлог интервју за друга уште веднаш, наместо да губат време и таму од таа позиција те спуштат на entry level. Сега ќе речете, ама често CV е неадекватно, додека кандидатот се испоставува дека има многу повеќе знаење. Тогаш грешката е во кандидадот што не се претставил, но и таквите се ретки. За крај не знам зошто ви е толку тешко да прифатите дека Taskforce има свои маани, недостатоци и отворено треба да се пише за нив. Или не смее? Како и секоја фирма не е sunshines and rainbows, и тоа е тоа.
Тогаш не требаше ниту да ме селектираат и повикаат на интервју за дадената позиција. Во CV-то не е наведено дека имам медицинско средно/факс, но е дадено дознање дека имам интерес да научам за позицијата. И уште нешто. На позицијата лично интервјуирачката кажа дека има и луѓе кои немаат средно/факс од оваа област, но учеле и ете, тука се. Така да не е секогаш црно бело, и не е баш како што напиша.
Тоа е оти премногу интерни работи имам пишуван во темава и се што ми сметал сум пишала и те исто сум се вртела. Инаку кажаа дека околу 33 или 36 е платата на кодерите. Можеби претера и јас. Затоа си ќутам сега
Па затоа и ти напоменала дека твоето познавање не ти помага туку ќе треба да учиш. Не знам кај ти е муката. Јас напишав како е, а вие што паѓате у занес треба да знаете дека секој треба да научи било кај и да влезе да работи. Предност е што овде имаш обука. Не секаде нудат и те плаќаат за тоа.
Абе како за 3 недели ќе научиш кодови ало. Како ќе правиш ти фактура врз кој основ ако не ги знаеш сите потребни кодови за него. Работиш за Америка и не знаеш колку им е комплициран ситемот очито. Не е дека не се учи, не е дека е примарно да си со медицински, треба да сакаш да научиш, а богами дека е ноншалантно да завршиш за кодер кој те сертифицира со документ кој ти е секаде признат не е баш за потценување. Ако не ви се свиѓа фирмата едноставно не аплицирајте. Јас сум без врски, ете да ви скршам табу тема. П.с. не сум кодер, ама знам што се учат и алал да им е.
Обуки имаш на интернет, да си полагаш со сертификати. Таскфорс, ги врзува со две години ко ќе влезе како кодер, и да, мора да биде таму пошо учи и им го плаќа сертификатот кој ќе им важи само за Таскфорс.
Не е точно дека е само за Таскфорс. А ги врзува нормално, инвестираат во нив ама и платата им е мн појака од медикал билер и customer care.
Нормално де, дека ги врзува. Оти сертификатот за каде ќе ти важе освен за во фирма? Ајде кажи факти. Ама, пример гледај, си наоѓам бојле работа бе, сакам да си одам. Ме врзуваат... Кои ми се правата? Еве кажувам јавно јас зимав 40.000 Customer Care. Кажи колку е за кодер. И кажав све и свашта примаат. Кажи ги фактите да ги знаеме за кодер, за осигурување, за Customer Care.
Значи не е твое да кажуваш кого примаат, и ти ли си све и свашта? Не пинувај луѓе беспотребно плис. Кој сака ќе работи, кој не ќе најде изговор. Инаку за сертификатите The Certified Professional Coder (CPC) certification is a nationally recognized medical coding certificate provided by the American Academy of Professional Coders (AAPC). Earning a CPC certification can demonstrate to hiring managers that you have medical coding training and experience in the healthcare industry. Без оглед дали ќе биде во оваа фирма или во друга, сертификатот не губи валидност. Додека се на обука земаат помала плата, после тоа знам дека мн јаки примања имаат . Зашто некој со јаки примања би си одел првите две години ? Дека ќе му е претешко? Од бес? Која е поентата на шетање од една у друга фирма? Ти колку време беше у Таскфорс и која година? Зашто ако си била над 2 години си останала пр ако не чинело? Не е битно се , ако идеме од една у друга фирма константно, тоа си кажува самото за нас. А јас еве тргам од себе да имам фирма, да обучам некој, да му дадам знаење , и јас ќе го обврзам да седи бар две години кај мене. Малце бидете реални, мене ми имаат побарано у фирма кај што бев менаџер да не раѓам првите три години. Ова е смешно. П.с. GLOBAL RECOGNIZED CERTIFICATE. Важи у цел свет.
Заш која е поентата на шетање од една во друга фирма? Смешно е ова да се постави како прашање во 21 век. Подобри услови ( сите знаеме дека нема прозори во Таскфорс и 5 години не е проветрено) подобра плата, подобра работна средина. Не е никој венчан за една фирма. И ако веќе е потценет во таа фирма, како кадар, може во друга ќе биде поќе ценет и подобро платен и сл. Што е битно колку фирми си сменил? Имаш поќе искуство. Жално, што познавав јаки агенти кои навреме заминаа, јас закаснав ама среќна сум.
Ги врзува бидејќи сертификатот да го добиеш кошта пари, а тие ти го обезбедуваат бесплатно. Плус, не ти важи само за Таскфорс, не шири дезинформации. Ти би обучила некој бесплатно за утре одма да замини во друга фирма? Не дека е совршено и дека го нема она балканското и тука, но не е толку ужасно лошо колку што го правиш. (И да, знам дека customer service е најтешко, ама каде не е?) Не знам кај тебе како било, ама стално ни кажуваат за сѐ што ни смета, без разлика дали клиент, некој колега или општо атмосферата, слободно да кажиме да се преземат мерки. Крај краева, ако и тоа не ти чини слободно можиш да одиш, но после толку време да ти е трн во око фирмава е сомнително. И не примаат со врски само, еве ти гарантирам.
Дали ова вака им го објасни на тие од човечки ресурси, дали праша зошто те повикале да си го губите времето ако сметаат дека си несоодветна, дали побара објаснување, дали ги праша дали имале прилика да го погледнат цв-то пред да те викнат? Јас така би направила буквално Зошто побогу ме викнавте?, ич без потреба да се надмудрувам со некого, да се објаснувам или да се докажувам. Од тоа то пишуваш, веројатно имале план да ти понудат друга позиција со надеж дека ќе им упали таа опција (може грешам, ама се случува ова) Затоа што ако не си се разјаснила со нив, темава за жал освен трачарска не може да биде ништо друго, и ти си немала друг избор освен да станеш и да си одиш. Нема ништо лошо во тоа да споделиш лошо искуство. Таскфорс има премногу маани и недостатоци, тоа е факт и не верувам дека некој го оспорува тоа. Секоја фирма и секоја позиција има + и -. На крајот од денот, секој ќе процени на која страна тежи повеќе. А ако некој знае кај има rainbows and sunshines, нека каже, сите таму да одиме, ама нешто слабо изгледа. Со среќа во потрагата ако не си нашла уште ништо
Хахах што мерки имаат преземено жив ти се? Хахахаха Се виде се и унапредувања во фирмата, и кој може да иде напред. Само нека им ги накачат платите до 50 000,оти сите ќе им избегаат. Ајде секој како му годи, секој како сака. Можи сум била на суд со нив, од каде знаеш јас со што се судрив? Да, тешка позиција е и не реков дека мојата е најтешка. Зависи од клиент и мн работи. За разлика од осигурување и далеку потешко, нз шо работеш ти. Веќе не пишам тука. Бранете си го лебот и јас мојот.
Првпат влегов и не сакав да се расправам. Не сакав да се повикувам веднаш на HR, сметам дека нема потреба. Не ми значи многу еден час +/- интервју.
Не да се расправаш секако, туку баш да дадеш до знаење јасно и гласно колку е нелогично да правиш интервју со човек кој е преквалификуван/неквалификуван/поинаку квалификуван за одредена позиција. Или барем тоа може да оди на телефон "еј ориентал, сакаме да те викнеме на интервју ама за друга позиција бидејќи за таа за која аплицираше имаме поквалификувани кандидати, мора да бидат со медициски (или каква и да е ситуацијата), ај да ти пратам линк до оваа позиција што ти ја предложувам, пиши ми или јави ми се ако решиш, те молам до крајот на неделата". И сите ќе бевте посреќни. Таа немала да губи еден саат и ќе си пополнела друга позиција ако прифатиш, ти ќе си знаела малку пообјективно за тоа што ти го нуди и може ќе те бендисало. Ама мора да знае и ејч ар како да се постави.
Мене ова не ми се допаѓа вакво врзување на 2 години со договор под изговор дека те финансираат за сертификати. Надградувањето, курсевите и сертификатите обично треба да бидат како додатни бенифити покрај платата. Сега не знам колку чини овој сертификат и дали го плаќаат за секој вработен посебно, или пак е курс, еднаш купен и сите го употребуваат. И јас кога бев на почеток на кариера сакаа вака да ме врзат под изговор дека ќе треба да полагам сертификати кои се неопходни за позицијата. Ми гарантираа покачување на секои 3, 6 месеци и 1 година, ама само овака, на збор, во договорот никаде не стоеше такво покачување, што значеше дека може да ме држат 2 години со истата плата. Фино лепо си одбив, па во следната компанија го добив истото бесплатно. Не знам како е договорот, но таа плата што ја спомнувате од 36/7 000 е океј на старт, ама по две години од сега, ќе вреди буквално ништо, скоро па како минимална. И тука, на тој начин фирмата си ги враќа тие средства вложени во сертификати и дообуки на вработениот, но кој би знаел што може да се случи за толкав временски период? Може вработениот нема да се пронајде на позицијата, може ќе му се променат плановите, може компанијата ќе сфати дека не е добар за таа позиција? Затоа е многу комплицирано вакво ограничување и треба да се најдат други алтернативи како да се задржат вработените подолго, а тоа е преку добра атмосфера, добри бенефити и флексибилност, помалку микроменаџирање и токсичност.
@Billy Idol чисти глупости се сертификатите, пола и повеќе познати универзитети (од било која област) нудат бесплатни курсеви со сертификат. Па ако некој сака, буквално од сајт до сајт ќе шета и ќе собере соодветни информации околу почнувањето на курсевите. Сега добар дел се и онлајн, што значи само да се има време и да се чепка по интернет.
Зошто си отиде од претходната фирма? - Немаше прозори, не беше проветрено… said no one, ever. Да го чујам од кандидат ова, фала многу пријатно.