Ако е тој случај, значи е чисто експлоатирање на работникот да се врзе на 2 години, на плата која ќе биде далеку под нивото кое ќе го стекне за тој период. Слично како мојот случај што го дадов на почетокот од кариерата. Подалеку од такви.
Никој не го спомна тоа како само како една причина. Има много. Ако тебе ти е во ред во 21 век, да не се проветрува, браво супер.
Епа кажи каде работиш де, во која струка, каде да аплицираат луѓе каде што ова се бенефициите. Кај нас многу тешко, или важи за ИТ фирми (ама и за нив полека завршува таа ера). Во моја струка на пример, не постои опција фирма да ме вработи како преведувач и да ми плаќа обука за судски на пример. Секогаш бараат луѓе кои веќе имаат печат. Или во градежна/архитектонска фирма, си бараат "готови" луѓе, со сертификатите и лиценците (мауа, аутоад, архикад, лиценца за потпишување проекти) кои им се потребни за работа. Тоа е фактичката состојба. Особено ако се работи за фирми кои треба малце повеќе ќесето да го одврзат, мислам замисли да имаш 100 вработени и да треба на половина да им плаќаш сертификат кој чини еве 500 евра. Ако мислите дека во моментов постои фирма во Македонија што ќе ги даде овие пари без да се заштити на некаков начин, мислам не сте во контакт со реалноста.
Јас како шо знам не се работи за бесплатен сертификат од онлајн курс. Се полага испит кој се плаќа(околу 400-500$) и е интернационално признат. Значи ти со тој сертификат, можиш да се вработиш и во странатво. Воедно, се берат поени за обновување на сертификатот на секои 2 години мислам беше. Е сега, ако на некој не му одговараат условите можи да си го финансира самиот процесот на полагање и да си бара работа во странство од старт. Обврзувањето мислам дека не е толку страшно, особено со редовни покачувања на платата шо ги има за сите позиции. Општо во таскфорс, мислам дека работата како работа, е најмал проблем. Многу зависи и до човекот, како се справува со проблеми и предизвици со колеги. За жал, токсичноста и притисокот секогаш се насочуваат кон најслабата алка и во вакви ситуации ќе сфатиш колку подли и превртливи луѓе постојат.
Девојче смешна си веќе искрено, а и доста очајна. Ако не се исполнети услови за работа пријави си во ДИТ. Плус, нели и ти поставуваш прашања на интервју? Наредно у друга фирма прашај дали имаат прозори и дали се отвараат да немаш ваков проблем… Ја останувам на мислење дека Таскфорс за луѓе што немаат струка, немаат искуство, работеле нешто чкљ па сега сакаат да се насочат кон нешто поструктурирано, е повеќе од одлична фирма. Ако сум сениор кој бара повеќе во животот, од интервју ќе процениш како стојат работите. Колеги сјајни нигде нема, не знам како воопшто и очекувате такво нешто.
Да, за во ИТ фирма ми беше муабетот, ама не дека целата беше само веб девелопмент, имаа и други сектори како маркетинг. И за сите имаше достапно бесплатни курсеви и сертификати по различна цена од различни извори. Во некои компании има некој лимитиран буџет годишно од 500-1000-1500€, што следува за курсеви, сертификати и учење, во други е без лимит. Некои компании веќе имаат одредено извори од кои може да се земат курсевите, други се повеќе флексибилни, па ако побараш некој специфичен курс што ти треба, ќе ти го одобрат. Исто така битно е дека културата во ИТ компаниите е таква да HR дури и те охрабруваат да земаш курсеви и да се надоградуваш. Некои дури имаат и Free Friday кој е дедициран за учење и надградување. Покрај овие бенефити има и многу други, како праќање по конференции, настани и приватни патувања, но тоа се обично за повисоките позиции. Ерата обично завршува за примање на ќоро и сакато без искуство што ништо не работеше, но бенефитите скоро никоја компанија не ги крати, напротив, се зголемуваат повеќе, како ulimited PTO, ИТ опрема од 1000-1500€ месечно која останува кај вработениот и по напуштањето на компанијата итн. итн. Повисока позиција - повеќе бенефити, и секогаш отворени работни позиции.
Изгледа немаш работено таму и солиш памет. Ама ако. Велам, сами си се туркаме себеси. Читај во 21 век, не им дозволуваат воздух на вработенте да дишат и плус нема вентилација. Ти го ценам мислењето, сепак сите имаме различно.
Види, ако постојано мора да се споредуваме со ИТ компании, тешко нас. Второ, ако муабетот постојано се сведува на "некои компании" исто тотално е небитно, пошто по темиве се сонуваат некои ситуации кои веројатно им се случуваат на 10% од вработените и не можат да бидат репер за сите останати, си изнапишал она што најчесто стои во оглас за некоја ИТ позиција, ама темава е Таскфорс, пишуваш за погрешна струка и погрешна фирма. Значи промашена ти е темата, инаку ти убаво си пишал. Кажи убаво на македонски, кои тоа компании плаќаат обуки од 500-1000 евра, зошто е толку тешко да се споделуваат конкретни информации. Ова што ти си го напишал "некои фирми вака така" повторно за повеќето не важи, сум работела како консултант за tech во Европа, многу приказни сум се изнаслушала, во пракса слабо. 25 години работам, не сум добила буџет за образование. Јеби га, кој знае како нека сподели конкретно, ама на темиве за работа нема ништо конкретно.
Па затоа нагласив дека не беше само ИТ, туку имаше и маркетинг тимови кои работеа и ги имаа истите бенефити како девелоперите. Taskforce како што си напишале на страната се исто така компанија која дава маркетинг услуги, па е доволно слично за да се направи споредба. "Taskforce е компанија која обезбедува консултантска и административна поддршка од разновиден карактер, вклучувајќи здравствeни услуги, осигурување и маркетинг." Генерално тоа се сите ауторсинг компании кои нудат консалтинг услуги поврзани со дигиталните сфери: ИТ, Дизајн, Маркетинг. А за имиња секако дека не можам да делат првенствено поради тоа што овде сме анонимни, а второ затоа што се работи за период од минатото, од пред короната, иако верувам дека уште даваат вакви бенефити, ако не и поголеми. Ако толку те интересира, ете отвори листа со огласи на топ 20-те најголеми ИТ компании во Македонија, и ќе видиш дека горе - долу сите имаат таков бенефит. Не знам зошто воопшто и ви е чудно дека се нуди тоа бесплатно. Мене ми е чудно што постојат компании кои сакаат да им наплатат на корисниците за курсеви кои се во корист на компанијата. Ако веќе толку им треба кандидати со такво знаење, нека вработат искусни, ама нека им дадат и соодветна плата.
Били, најодговорно ти тврдам дека аутосорсинг фирмите кои работат во Македонија и се "најпопуларни" на форумов (Таскфорс, Концентрикс, Мајорел, Транском, Телеперформас, ТаскУс и слични), немаат сервиси од ИТ или маркетинг, мултиканал support се овие фирми, туку корисничка поддршка (со нешто малку back office), не нудат услуги како дизајн, маркетинг или ИТ, само корисничка поддршка (мултиканал) или ако е врзана за ИТ најчесто се услуги како не ми работи интернетот, не ми работи ајфонот (tier 1, ретко tier 2) и имаат свои интерни "академии" односно посебни портали на кои се креирани курсеви најчесто за меки вештини, затоа што тврдите вештини ги учиш на онбординг и во корисничка поддршка, не постои хард скил што ти можеш да го користиш во сите фирми бидејќи тоа се работи исклучиво врзани со проектот, а проектите се најчесто ексклузивни (Транском работи букинг и никој друг во македонија не го работи), ретко се делат вендор тимовите во различни аутосрсинг фирми, единствено да биде обука за Џира, Salesforce, Asana или некоја интерна алатка за работа. Пишуваш за ситуации кои воопшто не му припаѓаат на овој свет, не знаеш ни што точно работат ни како работат, значи зборуваш за твојата струка која нема апсолутно никаква допирна точна со значењето на аутсорсинг во овој случај. Само им создаваш конфузија и нереални очекувања на оние кои читаат вакви работи, дека "некаде, некои фирми" плаќале обуки. Не нудат обуки ни за нивните клучни играчи и менаџери од кои им зависат клиентите, а камоли за агенти. Кој сака да му плаќа фирмата 1000 евра за опрема, 1000 евра за обуки, нека стане девелопер, а не агент во корисничка поддршка. И Сивус даваше опрема и обуки, ама нешто не сте многу гласни кога којзнае колку колеги биднаа отпуштени од денес за утре. Нема тема на форумов за Сивус ( и да не ги редам), а нема ни да има, пошто во ИТ не ни смее да се зборува колку е токсично.
Ако е така како бе колешки мои се жалат на промаја од прозорите? 100 пати денес ги затворија и отворија... Инаку кога аплицираш кога ќе видат какво шарено СВ имаш не знам баш дали ќе ти влијае убаво и каков впечаток ќе оставиш. Секој сака лојалност.
Дефинитвно немам коментар. Познавам луѓе со повеќе од 3 фирми сменето па никому ништо. Не значи ако си во една фирма цело време дека си супер работник. Жално, што job hoppping се потценува.
@GirlLove сега сфаќам дека зборуваш за канцеларијата во Стрелиште и имав шанса да поработам таму 3 дена и стварно е како кутија, I'll give you that. Ама healthcare е целосно префрлено во канцеларијата во Довлеџик, каде што е каде каде порастеретено, има прозори и вентилација и фала богу и таму не е сјајно, ама во споредба е доста поубаво и по пространо. Пак стојам на тоа дека за регионот Битола е една од подобрите фирми за работа, позициите се лесни, почетната плата е солидна во споредба. Поголем проблем од персонализирани бироа и вентилација, за мене е немање доволно паркинг за сите вработени, почетната плата расте пропорционално со платата на сегашните вработени што значи дека може да работиш години, а утре некој почнува со иста плата, платата се качува исто на сите независно кој колку работи што значи еден куп вработени се на принцип клати врата земај плата, ама како и обично, на сите им сметаат најбаналните работи. Ете пошто гледам дека си од Битола, каде има подобри услови во регионот моментално? И не е вработувањето со врски, јас не сум родум од Битола ниту па имам некој тука за да ми фаќа врски, влегов со CV и апликација. @Oriental Јас влегов така, аплицирав за една позиција што во меѓувреме ја снема, па ми понудија друга, во моментов ми одговараше и прифатив. Валјда и тоа им е некоја стратегија, да те фатат на финта - ептен ми треба работа, па ќе прифатам и друга позиција.
Ништо лично, но последнава изјава ти е дел од целиот проблематичен македонизам. Седеле луѓето порано во државни фирми со години, високи плати, бенефиции. Мене па не ми е нормално да седиш со години во иста фирма. Освен ако постојано немаш напредок и покачување на плата. За што да дремам на исто место? Јас имам шарено CV, одличен работник сум, но после одредено време станувам скапа за одржување. Кога очекувањата не се косат со нивните, си барам нова работа. Менувањето работа ти отвора и нови гледишта, создаваш искуства, учиш нешто ново. Мислам не сум венчана па да треба лојална до гроб да им бидам. Тоа од жените и мажите нека си бараат, јас одам за плата, воопшто не ми е гајле за било какви емоции поврзани со фирмата.
Само тука е така, а странците ценат job hopping и го гледаат од позитивен аспект - за нив тоа е отскочна даска и можеш да им се најдеш во многу сектори измеѓу. Плус, те прашуваат отворено за мислење - значи не манипулативно, туку како можеш да придонесеш да се направи некоја конкретна промена.
Кои се тоа "странци"? Си чула дека е така, ти работиш за странци кои те "прибрале" со шарено сиви, во која индустрија тоа? Мене повеќе "странци" ми приговарале заради "многуте позиции", чак не ни разбираат кога им збориш дека ти си бркаш клиенти и дека договараш проект и резултат кој треба да го испорачаш, па формираш цена односно плата. Дури и на Апворк почнаа со небулози, некои чудновати услови за ексклузивитет и disclosure разно-разни, па дур работиш со нив, да не работиш со други, и некои тотално безвезни ситуации.И баш напротив, македонските фирми со кои сум работела рекле браво за искуството. Така да не може да генерализираме до тој степен, не е ич црно и бело. @ArabellaStarfall и јас се сложувам со ова, ама не се работи за македонизам, ама ич. Од мое искуство и моја струка, странците се тие кои имаат вакви ставови. Впрочем они ги измислија прашањата од типот How do you imagine your future in our company 5 years from now?, па нашиве почнаа да препишуваат по интервјуа. Да бидеме искрени. И странците се тие на кои ич не му чуе ако дадеш отказ, утредента он више те заборавил и си нашол друга овца.
Не знам за фирмава ама баш ништо, ама ќе кажам општо на темава оти ја имам читано. Прво ова со врзување 2+ години треба однапред да ви го нагласат. Па ако ви одговара супер, ако не, ќе одбиете. Јас на едно место вака ми понудија, дека обуката е долга и макотрпна, па сакале барем 3-4 години да седам. Одбив, ама ради други причини, зашто се работеше за работа поразлична од мојата струка, па неќев да се врзувам толку време за нешто што не ми лежи. Второ, ова со немањево прозори. Ако работите во лето на +40 без клими, без прозори, да, изживување е. Ако има клими, не е. И јас кај што сум работела немало секаде прозори, знам и колку ми се сушела кожата од вентилацијата ама на крај на ден, барем во моја фела, затворен простор со минимум контакт со надвор е неопходен, исто и мора да се одржува температурата постојано. За канцелариска работа со повици и компјутери, барем клима треба да има. Трето, имам читано некои се жалеле не ви давале храна и пиење на биро. Тука сум ај поделена. Мене ми е многу шубе да носам кафе и сокови на биро со компјутери и документи, оти може да се истури. Нит па сакам да грицкам и да фаќам после документи со мрсни раце. Ама сметам дека треба да се има флексибилност да станеш да се напиеш вода и да грицнеш набрзина. Исто и за одење во веце. Не знам за вас ама мене почне ли да ми се моча, не сум раат. И одам мочам, не чекам пауза. Кај мене барем можеш кога сакаш да отидеш во веце, нема официјална пауза туку како имаш слободно време. Битно е тоа што имаш во текот на денот да го сработиш. Плус мора да сум многу смирена и фокусирана дур работам па нагон за мочање може само да ме деконцентрира. И уште шареното CV Мислам дека треба да разбереме дека не по секоја цена треба да останеш на работно место. И некогаш не мора да е до тебе, едноставно не си се пронашол во средината, што сакаш да работиш, особено ете кај луѓе што тек почнуват да работат. Јас со нискиов притисок, седечка или стоечка работа во место со саати ми е убиствена. Ама среќа си се пронајдов на правото место. Мене ако ме прашувате поголем ред флаг ми се оние со 20+ години во иста фирма, баш ми изгледаат на луѓе што тешко излегуваат од комфор зона и се плашат од нови работи.
@Munchmallow20 само да дополнам, не само што мора да ти кажат, туку обавезно, најобавезно во договор да биде ставено. Ништо усно договори, со никого, само во договор црно на бело. Пс. За вода, мочање и слично, за жал на телефон кога работиш и имаш 150+ повици во ден, ова е покомплексна ситуација. Мораш да се договараш со тимот и работата подеднакво да се распредели, ама да бидеме фер, постојат луѓе што одење во веце и по вода го користат за да забушаваат. Кога горат линиите, и ако те видам дека ти си нон стоп у веце, ќе ти кажам, еднаш, петпати, а повеќето ќутат пошто не било "колегијлно", затоа луѓето ги фрустрира таква работа.
Леле аман, не е логор. Никој не ти забранува во WC да одиш кога сакаш, апарати за вода по неколку на спрат има и секој вработен добива персонализирано шише за вода (perks, ова не го кажувате) Има 3 паузи, 2x10 минути и една од 30 минути. Единствено што не е дозволено, е кафе/сокови и јадење на биро. Атмосферата е доста лабава, let's be real. И телефони не се дозволени во healthcare, се оставаат во шкаф ради американското Hipaa (доверливи медицински податоци). И секој вработен си има шкафче со клуч така да не знам што е проблем толку да се приберат работите од биро во шкаф на крај на работно време. Колку ова се почитува е дискутабилно, ама не е крај на свет.
Прашај кога примаат дали гледаат. Некогаш на dream job тоа шаренило ќе те за*бе. Обично у новокомпоновани фирми и очајни како Кам, Стокомак и сл (не вреѓам никој) што никад немаат работници примаат било што само да им работат. А кога сакаш скапа да бидеш треба и лојалност да се покаже. А не "добра е платата " кога ќе влезеш па по неколку месеци не чини. Па знаеше колкава е и на влагање у фирма нели?