1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Taskforce

Дискусија во 'Барање работа' започната од GirlLove, 3 август 2023.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.899
    Пол:
    Женски
    Не сум сигурна баш дали нема кадар за конкретниве фирми и конкретниве позиции (ова не е општа тема, ама ај) со оглед на тоа што 70% од огласите се за ваков тип позиции, значи кадар има и го наоѓаат (затоа што државата прима ли прима студенти на пример на Филилошки, па после леле куку кај ќе вработиме милион слависти, бохемисти, романисти и слично), ама ти или имаш европски пасош или си осудена на она што е на послужавник тука. Значи нема бегање. Доволно е да бидеме реални дека многу работи треба да се опраат и да се подобрат, и сите сакаме да нѝ биде супер, ама некои луѓе кај и да ги седнеш ќе нјадат триста маани, тоа е табиет, ама не реална слика. Втора работа што крјано ме иритира на темиве за работа (не кон твојот конкретен коментар) е што младиве го имаат цел свет на послужавник и информации достапни на дланка, упорно прашуваат како е таму, како е ваму, без било какво критичко мислење и искуство и добиваст одговори ко џанам фирмиве да се Алкатраз и никако никој да не се вработи таму. И што е најтрагично, не аплицираат, седат со скрстени раце и пропуштаат шанси, не аплицираст дур не добијат амин од форумов. Човек сите работи треба да ги искуси лично, особено што малку квалификуван кадар не може да пребира. Јас пошто имам ептен годинки, памтам времиња кога ништо од ова немало и знам малку повеќе да ја ценам ситуацијата, иако не е сјајна.
     
    На KuklickaSk и EmilijaKolev им се допаѓа ова.
  2. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Но затоа за тоа како треба да се однесуваме ние овде во нашите услови, имаш и потреба и бенефит да кажеш?
     
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.899
    Пол:
    Женски
    Супер, значи ти си тука уствари само за сеир и за водичка да фрлиш, дека ете има фирми каде можеш ич ништо да не работиш и шефот не смее ни да зуцне. Океј.
     
    На Mary88 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.130
    Допаѓања:
    7.265
    Пол:
    Женски
    Си отидов од слични услови. Инаку во моите почетоци и јас работев слична работа. Не само што и јас бев вратена од тоалет, притоа не сум личност која искористува добрина, туку и самите услови и плата ми беа погрешно кажани на интервју. И кога веќе ќе навлезеш, сфаќаш дека си се заебал. Затоа цели 2 месеци работев.

    Зошто да не се дискутира за подобрување на услови? Ете членката е незадоволна. Или треба да се навикнеме на се.
     
    На HelloEverybody, GirlLove, Cosmic Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.183
    Допаѓања:
    56.827
    Пол:
    Женски
    Буквално ова сѐ кажува. Да се во некоја институција или в маркет и да почекаат неколку минути одма викање, карање, оставање лоши рецензии и сл. А тие сакаат да се ганѕаат на паузи сто саати, па што дека ако некој небитен таму чекал. :D
    И не знам зошто само за Таскфорс се зборува ова кога секаде customer service не е лесна работа. Кога сакаш да аплицираш за таква позиција треба да си спремен за предизвиците, ако не си не аплицирај за тоа оди на нешто друго полесно. И не, не викам да не смееш во вц да отидеш, но не можиш да стануваш по 30 пати денот и да се задржуваш колку што ќе ти текни, не можиш гозби да правиш на биро. Тргнувам чисто од тоа на пример кога одам в банка очекувам да сум нормално услужена, не вработената да не ме регистрира оти си пие кафе уште или си јаде кифла на биро. Има време и место за сѐ, и секоја позиција има одредени предизвици.

    Смешно е да се зборува за ова бидејќи на некои други позиции е далеку полабаво, не си строго ограничен со паузи, имаш вода во секое време и во било кое време можиш да отидеш в кујна и да јадиш или надвор кафе да пиеш. И за ова некој ќе ми кажува дека било тешко, па тогаш не знам што е лесно.

    Да не се Таскфорс и сличните уште многу млади ќе се или без работа или ќе фатат патот странство. Не можи секој да работи на минималец ако нешто друго не му се погоди. Се зборува дека ќе се прошируваат уште и камо да е така, да живни државава и економијата и да се намали бројот на иселувања.
     
    На Mother of 2boys, CameliaMiller, Harper и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Како жена која со децении има работено Х работи на Х места, со буквално илјадници луѓе, и на надредена и на подредена функција, одговорно тврдам дека оние кои најмногу се жалаат се всушност најголемите забошанти и манипулатори, додека оние кои вистински работат не можеш ни да ги видиш, затоа што, едноставно работат. Не паѓаат во очи, си држат одредена линија, и, ако се случи они да дојдат да пријават нешто, значи сериозно има некаков проблем.

    А ова што го гледам на форумов, е слика прилика на "тражим посао, молим бога да га не наѓем", или entitled сезнајки, чие мислење е единствено исправно. И 90% пласираат некакви искривени слики од минати, сегашни, или потенцијални сетинзи на работни места, да не речам на исклучување од реалноста во ненормален волумен.

    Така да, што и да кажеш, ти, а и било кој друг овде, извини, ама и те како е да се земе исказот со доза на недоверба, особено кога ќе се земат предвид искалкулирани одговори, избегнување на детали, и ситуации за кои шансите да се специфично погодени се со доза на веројатност помала од погонот на бродот "Златно Срце" (референца од книга, самиот погон функционира со стапка на неверојатност која се граничи со невозможност).

    Да сумирам: или со конкретни примери кажете каде да се пријавуваме, не мора твојата, наброј други, сигурно има сродни кои ги знаеш, да знаеме да земаме пример од опиплив извор како и што треба да е, и да ја провериме веродостојноста, а ако е само за муабет, благодарам, но тоа е една работа која ја имаме и премногу.
     
    На EmilijaKolev и Merten им се допаѓа ова.
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.899
    Пол:
    Женски
    Јас прва сум за тоа да се зборува, ама од зборување ништо не правиме. Теми по форуми не ги решаваат реалните проблеми, затоа што тие што се најгласни на форуми само за проблеми да зборуваат, тие се најтивки по фирмите. Не можеш преку леб погача да бараш, не можеш три дена да поминеш во една фирма и само да редиш захтеви без ништо да дадеш за возврат и секако не можеш неаргументирано да бараш или да не знаеш што бараш, грицки, мензи, не знам си какви работи кои реално ретко каде има или се дозволени. Повеќето од овие компании ги нудат истите услови и тука и во матичните земји, што не е за занемарување. Така да, реално, ако немам против фирма која нема менза или не организира превоз за кандидати кои доаѓале на интервју (мислам стварно) не значи дека се навикнувам на сѐ, значи дека некои ситуации се создадени од нереални очекувања и само одалечуваат од вистинските и побитните нешта, од приоритетите. Пола форум не си ги чита сопствените договори за работа, нема поим како да погледне закон за вработување, да си ги разбере сопствените права во однос на боледување, одмор, слободни денови, отказ, спогодба, сите на готово чекаат, ни лупа з пребарување по темиве не користат, ама немало грицки и кафе кога сакаш, страшен проблем.
     
    Последна измена: 15 март 2025
    На CameliaMiller и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  8. Hoss Delgado

    Hoss Delgado Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2021
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Машки
    Ама кој збора за тебе? Никој не рече дека ти си со врски, не знам зошто само се браниш, општо кажувам има премногу со врски шо влегуваат доволно примери знам, кај мене тројца сме најдолго во истиот тим, е сега пред 5,6 месеци отприлика така неш измислија нова позиција асистент тим лид, претходно немаше такво нешто кај нас, и место да не прашат нас што сме најдолго во тимот шо ги знаеме повеќето клиенти тие донесоја едно чупе кое прв пат се среќаваше со работите и не знаеше ништо и за некој месец ја напраја асистент тим лид кај нас, а нејзината работа се состои од правење групи на тимс за собирање пари за родендени на членовите од тимот и на повик со клеинтите just sitting there looking pretty оти тим лидеро збора и секако повисока плата ќе му капи.

    Па ако напредувањето ти е замарање тогаш терај си ТФ, таму ќе напредуваш колку и сите други, јас искрено сакам повеќе во животот и не се гледам цел живот таму, оти кај шо има многу луѓе таму и нема многу пари, затоа учам паралелно курс со работата, се надевам дека ќе бидни неш во иднина, да не ми биди мачењето на факултето за џабе и тф да завршам на крајот хаха. Имаше оглас баш внатрешен за ИТ во најпогоден момент аплицирав тогаш бидејќи кај што бев на првиот клиент си замина и немав клеинт тогаш, па ме врткаја де ваму де таму, ми спонаја дека иако е огласот споделен веќе се знаело уште пред тоа кој ќе биди на таа позиција, ама ова демек ај фер да биди ќе огласиме колку да речат еве го одбравме најквалифиукваниот преку селекција xD yeah right, кладоја едно чоече таму со приказна дека не бил задоволен од клиентот и мораше негде да го позиционират на работа хахаха а го знам дечкото ама то е си се снајде и со среќа нека му е.

    Иначе да платата е на време, работата не е тешка и парите се океј за оваа работа, привремено да ама за постојано не, оти комфорт те обзема, а во комфорт не можиш да постигниш многу.
     
    На HelloEverybody, GirlLove и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.308
    Пол:
    Женски
    Не знам што толку те разлути мојата објава? Јас ја кажувам мојата вистина и искуство. Дали некој ќе поверува или не, не е мој проблем и немам потреба да се докажувам со никого и да споделувам лични информации за да нешто наводно докажам.
    Премногу етикети и предрасуди ми изналепивте, еве гледам и во млади ме ставивте. Веројатно сме поблиску јас и ти по години ама во секој случај фала лепо за комплиментот. :D

    Не ме вреѓа ниту тоа дека моите ставови за работата се поблиску до оние на помладите генерации. Не го сметам тоа за недостаток, напротив. Мислам дека е одлично тоа што младите имаат повеќе опции за вработување па може да кажат слободно кои им се границите кои нема да ги поминат за пари. Кој е вреден ќе си најде работа, нема да пита за леб.
    Мислам дека е прекрасно што овие генерации не растат во тоа време кога имаше огромен процент на невработеност и што алчните директорчиња и газди не можат да го злоупотребуваат тоа за да ги молзат. Што нема да му се заканува со отказ ако не сака да се помири со минималецот и со неплатената прекумерна работа. Многу ми е мило што не мора да се во таква ситуација.
    Доволно сум стара и го фатив тој период и добро знам како изгледаше тоа. Многу добро памтам кога прашав зошто не ми е исплатена сумата за плата што е договорена на интервју да ми речат - толку е, ако не ти чини оди си. И потоа истите тие да зборуваат јавно дека вработените што не си ги знаат опциите, не гледаат излез и што се во состојба на очај се најлесно злоупотребувани работници кои ќе се сложат на најлоши договори и плати само за да работат. А они тоа го прават на своите вработени во фирмата, затоа знаат. Епа затоа јас излегов од таму после пола година. И тоа им беше многу од мене. Во огромна загуба бев, не само финансиска. Ослабев 10 кг од темпото на работа, вратена од пауза која е веќе overdue и се тресеш за храна, праќана на службен пат без надомест, работев 12+ часа последните 3 месеци без надомест, децата не си ги видов тој период како пораснаа, тодлер беше син ми. Чекав само да се разболам, да ме лупне нешто од замор. Е овие нешта немаат цена.
    Кога барав пракса ми бараа да им платам за неа. Колегите од Германија ми се чудеа, зошто кај нив практикантите добиваа плата за работата. Добива новиот знаење ама ти добиваш негов труд, добиваш работна сила плус, .

    И на таквите газди само новава генерација им е чарето. Границите им се отворени, работа има за кој сака да работи, умеат и не се плашат да менуваат. Ај нека им кажат сега оди си ако не ти чини платата откако ги заебале и излажале, па да видат дали ќе им останат и наредниот ден.

    Треба да се прилагодиме на промените во однос на работата и промените во однос на пазарот на трудот или нема да опстанеме. Просто тие фирми нема да опстанат што не следат промени а се од динамична поширока средина , особено од областа на технологијата и ит, каде промените се случиле вчера и ти треба да се носиш со нив.

    Јас не зборувам дека нема забушанти, тоа го пишав и повторно го пишувам. Има сегде такви, сегде . Ама таквите не виреат во работна средина каде што тоа не се поддржува. Или сами си одат или ги бркаат.

    Зборувате дека паузата е луксуз?!:drunk:

    Не, има причина зошто е законски регулирано времето за пауза. Зошто очигледно премногу вака мислеле и не им давале пауза на вработените, морале со закон да ја регулираат.

    За работните места каде има потреба да се работи без пауза подолг период и постои ризик по здравјето на вработениот заради самата работа имаш помалку работни саати во ден, недела, подолг одмор, бенефициран стаж, додаток на плата за различни основи. Што не им ги дадат тие работи на вработените, бе ? Ама не, ќе им дадат 25-30000 на денешнава инфлација, к-15 што ќе ја врата и ќе им речат биди среќен и со толку. А газдата ќе оди да се кочопери со новата кола и ќе се сунча у Бали.

    И фала Богу што има синдикати, кои се борат за правата на вработените. Гледам еве и тие ви сметаат. |(

    Најдобро да ќутиме, да трпиме, да прегоруваме за минимална плата зошто недај Боже може и тоа да го немаме? Заврши тоа време.
    Па се чудиме после зошто ни бегаат високо квалитетни и квалификувани работници.
    Зошто не се неинформирани и очајни. Затоа.
     
    Последна измена: 16 март 2025
    На CameliaMiller, andromedae, GirlLove и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.899
    Пол:
    Женски
    Дали ти воопшто прочита што напишав и зошто ти е толку тешко да ми одговориш на прашањата кои ги поставив? Младите имаат прилики за вработување какви што не сме имале ние, баш благодарени на ОВИЕ компании кои погоре ги споменав, (инаку ете кажи каде ќе се вработат дваесет илјади луѓе во државава ако тие си отидат, слободно можеш да споделиш кои македонски компании имаат такви капацитети), ама ете и тие сега не чинат. Ниту една од овие фирми дава 30000 илјади, ниту приморува вработени да враќаат к-15, ниту се вршат исплати на рака, се исплаќа минат труд, зошто имаш потреба да користиш аргументи кои тотално бегаат од темата само за да бидеш во право? Убаво си кажа, пет минути пауза на секој саат со молење од шефот да станеш да прошеташ за да не се умориш од работа е твојата вистина и твојата реалност, ама не знаеш и очигледно не сакаш да споделиш кои се тие толку убави компании кои работат така, најлесно е да кажеш одете си не чини, иако поим немаш за кои фирми се зборува, ниту пак имаш конкретен предлог за тоа каде би оделе луѓето кога би дале отказ. И овде не се зборува за високо квалификувани работници (факултетска диплома знаеме колку вреди), не се работи ниту за специфични струки, ниту пак дефицитарен кадар, се работи за млади луѓе најчесто без искуство или со малку искуство кои имаат познавање од англиски и компјутери, тоа е практично 80% од светската популација која е на пазарот на трудот, ние не сме ниту поубави ниту попаметни ниту повредни од остатокот од светот. Нашиот најголем непријател е премногу високото мислење за себе изгледа. Пауза луксуз, тоа си го смисли сега, ама добро, коментарите си стојат, кој разбра разбра. А и заборави да пишеш дали во супермаркет чекаш да си испушат цигара, дали во банка исто чекаш службеникот да испие кафе. Јас се чудам каде се сите овие смирени луѓе полни со почит и разбирање за правата на работникот кога влегувам на овие места, ама изгледа стварно може мене не ми се потрефило.
     
    Последна измена: 16 март 2025
    На Stark и Amellie13 им се допаѓа ова.
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.308
    Пол:
    Женски
    :D:D:D:D
    Ти викаш ја не те разбрав, јас ти викам ти не ме разбра.

    Нигде не ги оправдувам забушантите, не ги оправдувам тие што злоупотребуваат паузи и сл.
    Ама од тоа до некој да не ти дава ни пауза што законски ти следува има огромна разлика. Тоа се две крајности.

    Упорно овде ме етикетираш, пишуваш кава сум или не сум. Јас тебе лично не те нападнав ако не примети, нигде не ти судев дали си вредна или не како работник, не те провоцирам да ми докажуваш со тоа што ќе ми кажеш лични информации. Не си ми ти целта на муабетот. Не сум ни јас, ама упорно се фаќате за поединци (за мене и другите членки) па да кажеме каде сме работеле.
    За себе само ова ќе ви го споделам, мислам дека и тоа е премногу, зошто не сакам да се правда пак ќе кажам.
    Но еве ќе кажам па сфати го како сакаш- никогаш не сум била некоја снегулка што се жали на секоја ситница, која ја мрзи да работи и која бара начини како да не работи.
    Не е тоа мојата реалност.
    Баш спротивното било.
    Немам излузии дека сум незаменлив работник ама сум многу пати докажана во различни фирми, сегде сум напредувала со личен труд, со многу работа. Сум била во различни работни средини со најразлични луѓе и сегде сум се прилагодувала без проблем.

    Ако за вас факултетската диплома е безвредна (тиа беа твоите зборови буквално, ги болдирав), а Македонците се потпросечни во однос на остатокот од светот како вработени, јас не го делам истото мислење.
    Аутсорсинг фирмите знаат зошто не вработуваат нас. Ефтина работна сила а квалитетна. Да се е тоа пазар и утре може ќе им се смени математиката и ќе речат одиме во Индија. Тоа е ризикот кога си во оваа работа.

    Особено па не дозволувам некој да ме става мене лично во такви категории, зошто имам доволно самопочит за себе. Сум се запишала на факс во први 10 и сум завршила факс без врски и со учење. Многу мои колеги не стигнаа до диплома.
    Моето негативно работно искуство имаше само една добра последица - ме научи повеќе да не дозволувам некој да ме експлоатира понатаму. Премногу ми е битно моето физичко и ментално здравје, моето семејство и времето со нив. Тоа е мојата граница.
    Работам, не се штедам на работа, ама не за сметка на овие нешта.

    Кога ќе си го земе данокот тоа изживување, шефот ли ќе ми плати за лекување? Не. Ќе те смени со друг.

    Ете тоа е мојата животна реалност.

    Фирми со име нема да објавувам ни оние кои се позитивни, ни оние кои се негативни примери зошто сакам да си ја сочувам анонимноста. Секако не мора да значи дека на некој друг во тие фирми ќе му биде исто како мене што ми било. Секој со своите искуства и очекувања...

    И да- ако службеник пуши, пие и јаде во време кога му е пропишана пауза не се замарам, си чекам. И кога ќе отидам на лекар и пишува пауза не ги колнам лекарите и сестрите. Си чекам културно да се вратат од пауза. Во маркет милион пати сум видела како кога некој треба да напушти едно место, друг го менува. Значи може да се организираат ако сакаат и да продолжат да услужува без да е оштетен вработениот.

    Никогаш не сум нетрпелива кон луѓето што работат со луѓе. Тоа е една од најтешките работи и тие се луѓе а не наши робови и роботи.
    И се само такви работни места ги кажуваш. Синќир само со тие вработени се строги шефовите. А уствари вака им прават и на луѓето што работат на други работни места каде нема потреба да им дишат во врат. Сите имаат по некое такво искуство еве читај ги тука. Тоа стварно не е во ред.
     
    На CameliaMiller, GirlLove, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.899
    Пол:
    Женски
    Никој не ти крати пауза, воопшто не е таква ситуацијата, само се очекува паузата да се почитува, од една многу едноставна причина, не си само ти вработен на кој му се јаде, пие, спие, оди во тоалет и слично.


    Јас тебе те судев како работник? Каде точно пишав за тоа каков работник си ти, ти се пофали дека со колегитњ од ЕУ и шефовите сте станувале на саат време и сте гледале од прозорец, јас работам во ЕУ 25 години и ете, не сум имала такво искуство. Затоа и пишав, тоа што ти го опишуваш е твоја реалност, а не сечија.

    Не ти барам лични информации, туку те прашувам ако овие компании си змаинат од Македонија, каде ќе се вработат тие дваесет илјади луѓе кои во моментот во нив работат. Ти по овие писнија што ги пишуваш, имаш увид за тоа дека постојат фирми кои нудат подобри услови и можеш да ги споделиш, тоа не се лични информации. На темава пишуваат членови кои не се вработени на места за кои пишуваат, информации црпат од својот круг, и фала богу никој нема проблем со анонимноста.

    Тоа што ти си прочитала дека јас сум напишала "безвредни" е твој проблем, јас не можам ништо да сторам околу ова. Но, да негираш дека 80% од студентите во Македонија се стекнуваат со диплома едноставно е негирање на чиста статистика.

    Ниту тоа не го кажав, кажав дека Македонците НЕ СЕ ЕДИНСТВЕНИТЕ кои се паметни, убави, вредни и учени луѓе, такви има многу.

    Си работела во аутсорсинг фирма? Овие фирми прво вработуваат во своите матични земји (Германија, Франција, САД), па потоа мислат на ширење на бизнисот. Според платите кои ги даваат, не би рекла дека сме "ефтина" сила, практично сите овие компании плаќаат повисоки плати и бенефиции од било која друга македонска фирма.

    Не се работи воопшто за експолатација, се работи за природата на професијата. Зборуваш напамет. Просто е. Ако не сакаш да работиш само втора смена, нема да бараш работа во американска фирма. Ако не сакаш да работиш на телефон, ќе си бараш друга позиција. Ако не сакаш да одиш во канцеларија, ќе бараш rеmote позиција.

    Повторно, овде многу членови споделуваат искуства и никој нема проблем со анонимноста, ама полесно е да се повикаш на анонимност отколку да признаеш некои работи.

    И бидејќи веќе ме мрзи да зборувам напразно, само да ти кажам дека буквално ниту еден напишан твој збор во овие неколку поста не е поврзан ниту приближно со Таскфорс, со outsourcing индустријата, со конкретната прифесија, со конкретно искуство на оваа тема. Ти едноставно само за себе зборуваше, конструктивен и конкретен предолг како да се решат проблемите за кои се дискутира не.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.308
    Пол:
    Женски
    Леле леле :D
    Ти само мене да ми кажеш, за моето искуство и за она што јас го пишувам.
    Ај занимавај се она што ти го пишуваш за промена.
    Ти болдирав твои зборови за дипломите. Не те тепа по уста да ги кажеш. Сега си повлекуваш зборови, а јас не сум арна со видот 8-|

    Да сум работела во аутсорсинг.
    За различни фирми - странска и домашна.

    На една од фирмите ( странската) временската разлика беше и една од причините зошто им одговараше да им се тука дел од луѓето. Дел работеа прва смена само,дел втора зависи од работното место.

    И не е точно дека странците прво регрутираат од матичната земја зошто тие вработени ги чинат неколкукратно повеќе од македонските.
    Тоа е причината зошто и доаѓаат овде со бизнисите: заради помалите трошоци. Иначе ќе си работеле само во матичната земја.

    Исто беше и со странските фирми од автоиндустријата кои отвараат кај нас (и во еден куп други земји низ светот) свои фабрики. Ниските трошоци.
    И да - и ова од прва рака го зборувам и од лично искуство. За нас платата е солидна ама за фирмата е помал трошок за плати него вработени од матичната земја.

    Не зборувам напамет.

    Ама јас немам појма.
    Ти имаш. (facepalm)

    И веќе не ти враќам.
    Со среќа
     
    На andromedae и GirlLove им се допаѓа ова.
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.899
    Пол:
    Женски
    Сѐ успеа да пишеш, само не успеа да пишеш кои компании нудат подобри услови од овие. Значи на конкретната тема, одговор нема. За проблемот, конкретно решение нема.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.200
    Допаѓања:
    16.453
    Пак ќе пишам.....
    Customer Care оддел.

    На колешка, брачеда му од СК почина, беа информирани "менаџмент " и после погреб колешкава мораше да се врати на работа..сеа сметај ти од Ск до Бт да мораш од погреб на работа да идеш.
    Единствено, му дозволија 1 саат покасно од смена да дојди.

    Плус, на таа итна ситуација, му ѕвонеле да пушти меил за тоа дека ќе касни на работа, поради погреб.

    Синќир, нема да пушти во текот на денот или нз што ќе се деси.

    За ова објаснувања имате?
    Хумано е ова?
     
    На Hoss Delgado му/ѝ се допаѓа ова.
  16. HelloEverybody

    HelloEverybody Активен член

    Се зачлени на:
    20 март 2025
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите! Ве гледам сите пишувате за Taskforce па и јас нешто да пишам. Работам неколку месеци во Customer Care во прилеп и сето е корумпирано. Системот е тој тим лидер а брат му асистент, тој менаџер а жена му тим лидер, друг менаџер па швалерката асистентка си ја ставил. Овај му бил на овај роднина пази се, овај му бил на овај најдобар другар пазете се. Сите заедно шефчинава еден едноставен проблем незнаат да решат. Дебело се платени за да тресат глупости, ништо не покажуваат и само оговараат и измислуваат лаги за сите. Си давам отказ од Taskforce за брзо. Со намера сум да се селам во Скопје со надеж за подобар живот, подобра работа и далеку подобри колеги, овдека е хаос со колегиве неможам ич да ги поднесам. Таскфорс Прилеп било исто ако не и полошо од Gentherm. Се надевам Скопје има подобри call centers.
     
    На Ole.grbeva, tina2018, Oriental и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Oriental

    Oriental Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2023
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    977
    Нема Скопје подобри кол центри, бетер се.
    Ако можеш да си најдеш друга работа супер, ако не, имај доза подготвеност да те експлоатираат.
    Таскфорс CS тука не знам дали се сето роднини, братучеди, ама сите се газолижачи и со врски. :)
    Ова конкретно CS, за другите позиции во фирмата не знам како е.
     
    На eliesaab и GirlLove им се допаѓа ова.
  18. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.200
    Допаѓања:
    16.453
    Се знае дека ќерките на Додовски се главни таму и непотизам е и таму.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Oriental

    Oriental Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2023
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    977
    Така и јас слушнав, и за жал затоа и не прифатив да влезам иако имав шанса.
    Искрено, исклучиво II смена е живо малтретирање, па уште некој над глава да ми стои и дава заповеди, нека, фала, има и други работни места.
     
    На HelloEverybody, eliesaab и GirlLove им се допаѓа ова.
  20. HelloEverybody

    HelloEverybody Активен член

    Се зачлени на:
    20 март 2025
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Машки
    Немам проблем да ми дава заповеди некој професионалец што разбира. Ако е професионалец, слободно и нека ми се развика. Ама ми даваат заповеди некои шефчина што главна ствар им е да манијачат по женските, да им одат на биро да ги заведуваат без никаков срам, некое одвратно шефче со врски шо ич нема осет за со луѓе и не ја разбира работата. Ние обичните работници пак сме лоши и само измислуваат лаги за нас, вака напрај, така напрај. Да станиш до ВЦ на 2 минути ќе речат овај 2 саати зеде пауза. А тие шо сакаат си прават. Колегиве па и уште им се лижат на таквите. Некои пак фини деца, обични работници што сакаат да помогнат, цело време се провоцирани од другите. Ужас од колеги, асистенти, тим лидери, менаџери, ресурси. Жалосно.
     
    На Oriental, eliesaab и GirlLove им се допаѓа ова.