Да. А, тебе ова ти личи на нормално? Да те враќаат од погреб?? А ти во фирмава работиш, па шо вака реагираш?
Не е робија. Работам таму да, моментално од платата не сум задоволна, но најавуваат многу скоро покачувања, па ќе видиме. Клиентот ми е супер, колегите во тимот исто. Не планирам да останам уште предолго, но како што кажав погоре, за собирање искуство е супер, бидејќи има позиции кои се стварно платени онаму каде што бараат искуство, а тука ти бараат само англиски и основни компјутерски вештини.
Е па не знам зошто вакво искуство. Сигурно, различно е кај него. Можда нешто не е ок. Џабе, покачување ако имаш притисок, како другаров. Да бркаш минимум повици. Нема напредок. Е сега, што ќе правиш цел живот во круг? Нешто спомна не смеело чај и кафе да пијат на биро. Некој колега, кажал со време на операција ќе идел, отворил боледување, на денот пред операција му се јавиле кога ќе се враќа. Ако ова не е робија. Не знам што е. Ако, сакаш пиши позитивни и негативни страни на таа работам позиција. Мило ми е штом нема да останеш долго.
За ова зборам, дека баш бара жртва. Јас реков робија, ама јас претерувам, нели? Малку, ми нема логика, да не бараат искусни. Нели мислиш дека им е страв дека некој ќе им земе одредени позициии, дали менаџмент или не знам шеф на смена? Ако имаш икуство солидно, значи си попаметен од тие што прв пат влегуваат во фирмава , особено некој ако му е прво работно искуство. Смена , од 14 или не знам 17, да одам секој ден? ма не можам да замислам. И во право си, чим вртат огласи секој месец, нешто мириса. Не само за оваа фрима и многу многу други. Да не замижуваме пред некои факти, ви се молам.
Јас не сум со повици, осигурување сум, и важи за "полесното". Само втора смена одам 15-23ч. Ама мене таа смена ми е ок, некој не сака. Јас не сакам рано да станувам, а сакам денот да ми е исполнет. Празници (наши) и викенди не работиме. Мојата работа е главно со мејлови, документи и во системот кај што работам. Повик имам еднаш месечно. Е сега како што кажав, не ми е таква компанија каде што можиш години и години да работиш. Мене ми е веќе скроз комфорт зона и ме нервира, ама тоа сум јас. Како и да е, особено за почетници, супер за да си го пополниш сивито. Макар и неколку месеци работела.
Е, па гледаш дека има разлика? Убаво би било ако можеш да ни пишеш на кратко за твојата работа, позитивно и негативно.
Zdravo, dali nekoj znae za Taskforce posle kolku vreme se javuvaat od prvoto intervju, dali ima vtoro i koja e pocetnata plata?
Moze info dali sabota i nedela im se rabotni denovi redovni,koga imaat slobodni denovi ako rabotat samo 2 smena ?
Другаров иде недела на работа, мислам преку една недела, а слободен му е петок. Имаат луѓе што стално идат недела, или сабота. За сабота нз кој ден му го даваат, нз. Некои работат само од пон до петок, викенд слободни или еднаш месечни во викенд.
Po zakon za 40 casa rabota ,od 8 saati,treba 2 dena slobodni bez razlika koj den?Sigurno ne rabotat prekuvremeno i neplateno?
Многу ми е жал што вака мислат неколку членови тука што мислат дека е во ред да се има одговорна работа, тим менаџери кои ни висат на глава, одредени таргети, да не смееме да земеме ден за не дај боже, да работиме во смени и да не смееме да се браните кога ни викаат без врска и сето тоа за плата близу минималната со која може да преживуваме. Каков ли менталитет имаме како народ ако имаме вакви критериуми? Ова е чиста експлоатација и тоа не е во ред под изговор дека ете за почетник е ок. За некоја година вие ќе бидете со искуство но по вашата логика некои нови деца ќе се нафатат да работат за минимум и нема да можете да барате и добиете повисока плата. Пробајте прашајте во било која западна земја дали штотуку дипломирано лице е задоволен со минималец. Вистинскиот проблем не се само фирмите туку во нас што не се цениме, тие користат максимално, ваков народ да сакаа да створат нема да можеа.
Zdravo,sakav da prasam za tie sto rabotat za Taskforce od doma,dali im obezbeduvaat tehnicka oprema od firmata ili ne deka i jas pustiv cv ako ima opcija za remote work from home momentalno nekoja i dali site aplikacii gi kontaktiraat za intervju?
Значи како прво и прво пред да искоментираш нешто за тие што сме искоментирале прво погледни и читни нагоре дека немаше ништо од споменатото. И во Македонија, дали ќе ја прифатиш вистината или не, на сите ни била првата работа таква бидејќи сме немале многу избор со празно ЦВ. Е откако ќе имаш повеќе работи ќе можеш да бираш и да одбереш да не си на такво место и тоа беше мојот коментар. Јас почнав да работам за плата од 10.000 денари прва година на факултет но со Ц1 сертификат германски, и да немав слободни денови кога сакам, досадни газди и менаџери па истрпев и сега работам за тродупла плата. Значи муабетот не беше дека ти треба сето тоа да го трпиш, иако каде и да почнеш е така бидејќи не можеш како почетник да бираш, туку да пробаш да истрпиш за да си го ставиш во ЦВ па потоа да бираш работни места. И да, како дипломиран од факултет не ти е загарантирано местото работно нигде само затоа што си дипломиран, туку треба да си го испотиш газот и пред да дипломираш малку.
Jas gi prasav denes na intervju, oni davaat cela oprema samo odis ti sam do Skopje ja zemas, instalirani imaat app samo za rabota i montirani 3 kompjuteri