Јас уште чекам некој да ме просветли (не мора нужно ти, било кој може) и да ми каже која фирма во државата (особено па аутосорсинг фирма) или било каде на друго место ги покрива овие трошоци, освен фабриките во зона (кои се надвор од градското јадро) со некои две илјадарки за превоз и менза, на друго место не сум чула искрено. Додатокот за храна и превоз скоро и да го нема, и да го има е релативно низок, и секако е направена корекција/калкулација/израмнување со платата, така да не претставува трошок плус за фирмата, ниту заработка плус за работникот. Сосема е океј да бараш повеќе, да бараш одредени услови или нешто да ти пречи, ама да бараш нешто што никаде не постои, не знам која е поентата. Одговорност на работникот е да си стигне на работа, а храна може и од дома да се носи, што е толку драма околу јадењето не знам, што имам дома за ручек, си носам и на работа, веќе повеќе од дваес години еве, или не е модерно, се срамите, не знам.
Во Прилеп, како што знаам надвор од град им е канцеларијата, ако не се лажам,4 или 5 км оддалеченост. @HelloEverybody нека потврди
Тоа е како од Центар до Ѓорче или до Лисиче, или од Влае до Кисела Вода, или од Драчево до Кисела Вода. Мора да има некаков превоз, зарем во сред никаде отвориле фирма без никакви опции за транспорт.
Сигурно може да се комбинираш со колеги, заедно и со такси понекогаш, со автобус, со точак, 4.3 км се од центарот на градот, не е воопшто неизводливо, тоа се 45 минути пешки одење, со точак петнаесетина минути лагана вожња.
За со точак не е изводливо затоа што е надвор од градот и во таа околина навечер врие од кучиња, можеш да бидеш изеден, плус патот е стариот пат кон Битола и е многу тесен за разминување на коли, па камоли со точак да возиш. Пред неколку години тука изгазија пешак на тротоар што стоеше, па сега ти види..
Не е битно од каде си, 4 км не е некоја километража, не може сите да живеат и да работат на иста улица, и тоа се нереални очекувања. Луѓе патуваат од Тетово, Велес, Куманово секој ден до Скопје на работа, да не збориме за други разни ситуации.
За Прилеп нема превоз. Незнам како е во другите градови. Прилеп мораш да одиш со сопствена кола, да те носи некој што вози кола или со такси. Нема превоз. Фирмата е на 4-5 km од градот. Една колешка проба еднаш со точак и уште еднаш не и текна. Најде еден колега да ја вози за среќа.
Јас другар ми го носам некогаш, ама си има тој кола и си оди, сопствена кола да имаш се исплаќа да одиш, ама да плаќаш такси секој ден, НЕ. И како што реков не е изводливо со точак да одиш. Тоа можам да му замерам па да му ебам мајката милионски суми се вртат толку ли не можат да организираат превоз ?
Добро но ако во таа фирма во Прилеп работат 200-300 или не знам колку луѓе и не можеш да се организираш со никого за превоз, не би знаела што да додадам, не ќе да е до фирмата, туку до луѓето.
Не е проблем никаков. Во Таскфорс за разлика од Гентерм нема ни превоз, ни оброк, ни облека. Сам си обезбедуваш превоз, храна и облека според дрес код од правилникот. Не викаме дека мора да ти обезбедува превоз фирмата, само си ги споделуваме условите какви се и секој нека си одлучи дали ќе работи или не. Добро е луѓето да се запознаат со условите во Таскфорс и со менталитетот на луѓето, а не само да се сликаат на фејсбук демек се нешто врв а според мене се дно.
Луѓе идете на интервју, прашувате има нема превоз, локација така? Одговара, не одговара, чао. Ај ќе се вработам иако све знам, ама ќе плукам по фирмата зашо нема превоз?! Цела Скандинавија вози по 50-100 км за до работа, сосема нормална појава. 5км биле проблем еј, 5. Ко првачиња да сте…
Ама во Скандинавија не земаат 28000 денари ко некои во Таскфорс. Знам луѓе што со плата од 28 000 си плаќаат превоз, бензин, поправки за кола, храна, и облека според дрес код.
Ама Гентерм е фабрика или јас сум грешка? Јас коментирав аутосорсинг фирми од рангот на Таскфорс, никој не обезбедува храна и превоз, иако ако втора смена трае после 22 часот, тоа треба да е плус платено (тоа е по закон, важи за сите компании без разлика на индустријата). Затоа и прашав, еве во Скопје јас не знам фирми кои ти обезбедуваат превоз освен АПС кои одлучиле наместо да ти плаќаат плус пари, да ти обезбедат превоз бидејќи смените им завршуваат во 23-24 или подоцна. Ретко каде имаш оброк, и тоа најчесто кафански (што мене лично ич не ми е привлечно, ниту битно ниту потребно) или нешто за ужинка од типот овошје или благо, ама пак сето тоа стои во кујна, а ти работиш, и додека стигнеш да отидеш во кујна другите збришале све што имало, така што пак не е некој дилбрејкер. Особено тие компании во кои ти бараш работа, како агент. Не сум чула, кој добива храна и превоз еве слободно нека сподели.
Ова е веројатно слика на Прилепчани, друго не знам што би искоментирала, пошто не сум чула за дрес код во Скопје на пример, треба да бидеш пристојно облечен, толку, и тоа секаде важи, никаков правилник нема. Поправки за кола, не знам што да додадам, ти посакувам среќа и да си најдеш фирма што ќе ти ги покрива овие трошоци.
А ти знаеш дека ќе земеш 28000 така? Што е проблемот, платата е кажана си правам пресметка и или прифаќам или не.
Искрен да бидам која година сме и плус како шо реков голема фирма, фер е да има превоз, не секој се дружиицее, сака да се вози или да вози други, обврска е..