Ти не работиш во Таскфорс. Ова е анонимен форум, како што ти имаш право на анонимност, така има секој член. Закон не постои, затоа немаш што друго да пишеш освен глупостиве.
Има далеку потешки и помакотрпни професии воедно и физички и психички, овие како тодлери во градинка запнале зошто не им донеле ручек на биро. И не, ниту ја бранам ниту имам врска со фирмава, да не ме цитирате џабе дека и јас сум некој шеф таму.
Обично не коментирам по овие теми, ама во темава се фрапирав од желботекиве. Јас ќе разберам поплаки за булинг, кодошење, неетички однос кон работник, ама ова плачење за ручеци, па за декорирање биро, па за 5 км од работното место до дома? Па ни овие трач муабети не ги разбирам, никогаш за никој не ме интересира што прави се дури не ме дира. Оди изработи си и толку. Цел ден работат во Таскфорс, доаѓаат дома и пак времето вон работа го трошат на Таскфорс.
Доста ја тероризирате темава со глупости. Никоја фирма во Македонија не ти плаќа поправки за кола, облека, и ручеци со превоз (освен фабриките). За превоз (иако е добро да има организирано но ради распоредот на смените не е баш изводливо секогаш: има луѓе шо работат и меѓу смени) се снаоѓаш со колеги или со сопствен автомобил, макар и да немате ќе се соберите и со такси. Не е скапо така. Дрес кодот не е којзнае што, можиш и поспортски да си облечен, забрането е дуксери, тренерки, маички со логоа и сл. Фармерки, обична маичка и патики никој не ти забранува да носиш, не мора костумосани да одите. За храна можите да си готвите дома, или ако ве мрзи секој ден да готвите (ако сте сами и немате кој да ви готви) постои евтина добра готова храна дури и за 150 денари или заедно со колегите да си порачате од некој ресторан. Не е којзнае што да не можиш да се снајдиш па и угнетено да се чувствуваш за овие услови конкретно. Можеби ако си сосема асоцијален и со никој не зборуваш. Крај краева ви ги кажуваат условите на интервју, ако не ги одговара не прифаќајте.
Дечки никој не бара ништо од никого. Само споделуваме искуства. Тука работам меѓутоа имав интервју за во други компании па ќе видиме што ќе биди. Значи многу далеку заминавме со расправиите и навредите. Сметам дека е добро да бидат информирани луѓето дека во таскфорс владее непотизмот, фаворизирање роднини и пријатели. Ме прашавте и до денар ви ги напишав и како се движат платите на сите позиции. Исто така ме прашавте за превозот и храната и јас само ви одговорив дека тоа фирмата не го обезбедува. Тие трач муабети за швалерај на некои на повисоки функции во таскфорс, ги знае цел град и не ги мислете многу тие што се швалерисуваат дали ќе бидат оговарани на фемина, бидејќи искрено на таквите ич не им е гајле што ќе речат другите. Еве цел таскфорс ги зборува, тие пак си го тераат истото, ич не им е гајле. Тоа е тоа. Исто како и @GirlLove го споделувам моето негативно искуство во фирмава. Ако на некого му е погодено овдека, супер за него. Толку од мене, ви кажав доволно. Поздрав и толку од мене на оваа тема.
Аууу значи што нема да прочитам. 81749247917483 фирми у Мк , Таскфорс вака та Таскфорс онака. Значи има фирми и 24300 сега по ново што даваат почетна, па ако ти чини аплицирај, ако не ќе се најде кој му одговара. Simple as that. П.с. Секаде кај се може секогаш ќе си го пикнеме блискиот на убава функција. Ај да не се правиме светци дека ќе му свртиме грб. С и т е. Кај и да работите ако сте канцелариски треба да изгледате професионално. Не може да се облакате како за на фудбалско игралиште, ко за на пазар, ко за на плажа. Тоа е исто ко да идете до продавница со пижами, да се возите у автобус или друг јавен превоз и сл. Кога ќе најдете фирма што дава хранарина и превоз, плата од 800 евра нагоре, кај што ќе ви даат да јадете пред пс и да седите на камера, да пушите внатре и не знам што год друго да ви угодат, викнете не и нас другите. И ние сме душички. Ама ја гарантирам дека и се да е дозволено, и 7 саати да одмарате од 8 работни а еден да работите пак нема да се погоди. Вака гледано Македонче си е Македонче, или сака да стане чоек, или ќе си остане кукач. Дека не ве навел животот да МОРА да работите било каде и било што само да дојдете до парче леб па ќе заоѓате. Срамотилаци.
Знаеме како се облекува в погон во фабрика, знаеме в канцеларија. Има некој што не го почитува дрес кодот, и идат со пирсеви на уво и со кроп топ, и не им се земаше за зло. Затоа, фирмата за некој е мајка за некој маќеа. Имаме работено и за минималец, не се грижи,јас кажвам за себе. И не ги ставај сите луѓе во ист кош. Сум влечела вреќи, сум била на каса за минималец. И секако селската работа, што воошто не е за потценување, па некои луѓе што живеат на висока нога, не сметаат за селани. Сегде има кодошлаци и дупачлаци, и лижење за позиции, па дури и давање сексуални услуги за повисока позиција. Јавна тајна. Македонче, како Македонче секогаш ќе биде експлоатирано и ќе го користат до максимум, реално. И ќе ќутиме пошо има бетар. 10000 века да поминат нема да се научиме да се бориме за себе. Државата ни појде удоле. Зошто во фабриките да не важат закони бе? Имам слушано кај што припаѓаат од немање воздух, па ги носат со Брза Помош. Нека одат сега по фабрики да видат дали има услови и какви за работниците. Дали им е доволно светло, дали има прозори..
Исто не коментирам обично во ваквии теми но.. очигледно е дека повеќето што ја критикувате фирмава за глупости сте немале работно искуство како минималец во државава посебно по приватни фирми кои те регистрираат на пола работно време, каде што ни 20 дена одмор не ти се дадени, не ти се платени плус сати ни па бонуси кои ти следуваат, дури знам и примери каде што при покачување на минимална плата требале покачената сума да ја вратат назад бидејќи направиле 'вербален договор' со газдата од почетокот за фиксна сума. Значи во оваа држава на секоја работа си те третираат како обичен смртник и гледаат да те искористат максимално физички и психички, исклучок на тие што се на позиции со врски. Превоз и храна има само во фабриките и не можете да ја правите таа споредба, за ваквии фирми имам многу аплицирано и истражувано 90 посто немаат ни седишта во МК, не си осигуран него работиш freelance и плата ти праќаат преку мани трансфер каде што пола % даваш на даноци за да си е земеш - и луѓе пак се нафаќаат. За ваквиите основни законски работи Таскфорс барем не е за жалење ем си осигуран ем фиксно работно време, ем платен празнично итн. опција за ремоут, немаш физичка работа а другото е све индивидуално колку ти сакаш да се замараш со Х работи дали ќе ти е да трачараш и да се нервираш. Секаде има кодекс и никаде не е перфектно во државава ниту бранам некого ниту сакам да завземам страни, целта ми е да кажам да ги балансирате малце критикиве на иста вага и дистинкција на правда со кодекс.
Бев во маркет привремено и душа ми извадија, 10 кг ме симнаа за 4 ипол месеци ... За фабриките, тие луѓе се за мене херои. Кој ги прашува дали можат да стојат на нога, дали ќе се повредат физички трајно, дали ќе останат инвалиди, тие што работат во градежништво, сонце ги печело летно време , познавам инфаркти што доживувале на место работно, зимно време се мрзнат како глувци, јадење даваат некои и низ нос го вадат после тоа... Конкретно во фабриките пример од моја блиска, доаѓа на терен газда, вели види колку се примерни, дај да им зголемиме плата, менаџерка наша одговара дека нема потреба зашто и овака работеле луѓето. Јас и камион возев, и се сум пробала зашто не се срамам од работа и знам како се стига до парче леб. Цел месец ќе ринташ за мизерни плати, на крај показалецот и иди си ако не ти одговара. Е затоа си ценам лебот тука, боледување за дете платено 100%, колективно осигурување 100 денари, работата не е ни тешка, ни захтевна, јас лично сум од дома, затвори пс и легни си, не е кај секој идеално, да ми речеа и од канц и таму ќе одев, ама летно време клима ме лади, зимно ме грее, плата на 1ви дел, втор дел на 15ти, ако паѓа викенд и порано се дава, се наградува тимски, еднаш годишно се качува, не викам дека е совршено, никаде не е, ама па што сум видела и поминала, за мене ова е жива смешка. На секој даваат шанса, не се вработените само од 20тина години, вработуваат и над 50, секоја чест за тоа, за Прилеп и Битола знам дека немаат прозори за разлика од Скопје, ама со сите што зборам од овие два града погоре, сами велат дека не е совршено, ама од фирми најдобра е оваа и некоја фабрика (за кабли ако памтам убаво) . Ретко кој плаќа минат труд и overtime саатнина, уште има луѓе кои немаат ни социјално зашто платите им се доцнат по други фирми, така да има и мн поубаво, ама има и мн полошо. Мене лично ми е ок, кога нема да ми биде ќе си се спакувам и ќе си одам. Тоа е тоа. А кој како напредувал, кој чиј е и што се случува интерно баш ме заболе. Јас мојот леб си го бранам и не ме интересира ама буквално ништо.
Ајде вие арни, ние не чиниме. Ко така дојдете кај мене на викендичка, ко ќе имаме пипер, компири, грав и друга работа.. Со живина.
Јас пре би 50км во скандинавија, отколку 5 км надвор од Прилеп. Јер фактор јавен превоз е битен фактор.
Инересно колку сме различни со помладите генерации. Да ви кажам во право се. Ако нема превоз нема потреба да одат да работат таму. Млади се, знаат јазик и дефинитвно нема потреба да трпат нечии фрустрации. Нека им е јасно на работавачите дека младите имаат опции. Не се како нас старите што цел живот живееме со ќути може да е полошо. И наместо да ги бодрите да продолжат да пишуваат за глупостите кои ги прават фирмите вие пак сакате да ги замолчите. Да бидат безгласни букви и да трпат се. Фирмата очигледно не ја бива. Самото тоа што се работи во втора и трета смена постојано и што ти треба најмалку Б2 за да зборуваш со клиентите платата од 28к е мала. Па побогу продавачки и келнери веке земаат 30к не па овие.
Баш.. што е подолу келнер од седење в канцеларија на телефон? И тој зборува англиски со луѓето, плус, едно е на телефон да слушаш некој каде што се жали, а друго е во живо да го слушаш. А и во денешно време да знаеш англиски јазик и не е нешто, бидејќи 99.9% веќе знаат. Никој не вика да трпи тоа што не се трпи, но од толку пребарување и не можност да се вклопиме во едно место, никаде не сме задоволни и ништо не ни е погодено. Работа како работа, верувам дека ама баш никаде не е идеално и дека сите имаме колеги со кого не ни оди муабетот и тоа е нормално.
Не навлегувам во плата и услови. Ама логикава да туриш фирма негде уџум ( да, 5км надвор од Прилеп е уџум) е логика фаќање риби со сув газ. Односно просторот им е за ич пари, а реална причина да биде надвор од град нема (не е погон, не праи врева, чад). Смените ги разбирам, ок, да се погодат со америчко време, ама надвор од град у ниедно време, за женско е на пример особено проблем. Мене би ми било.
Види за да бидеш келнер или продавач не ти треба јазик, ниту пак образование. Самото тоа прави овие да земаат помала плата од овие другите. Според тебе кои треба во државата да бидат најниско платени? Баш ме интерсира.
Не знам индексот на оценување кој колкава плата да зема, ама верувај во животов имам работено секакви професии и ми се чини ако си со две бројки тежина можам да те земам на грб и да сработиме за денеска и да те ислушам кај шо се кука константно. Ама потценување и самопрогласување дека си на една скала повисоко не толерирам.
И за таму не ти треба образование (најверојатно за повеќето позиции) туку јазик само. А не верувам дека денес газда на ресторан не би претпочитал келнер што знае јазик
Не беше потценување само споредба со нискоквалификуван кадар. Затоа те прашав кој е за тебе ниско квалификуван кадар? Па ти направи споредба со нив. @Merten незнам каква е политиката на фирмата ама за да зборуваш со некој во Америка и да си претставник на некоја фирма ти е потребен деловен англиски кој не е баш лесен.
Ма кој деловен, овде со средно се поќето, без некое посебно знаење, буквално има тим лидери со дрвно ( не потценувам) а агенти со Филолошки факултет. Све и свашта примија, јас дур бев. Сето беше, лигуши се и упикувај се, ако сакаш за повисока позиција. Нема потценување, сум била продавачка со факултет, не ми е срам да кажам.