Прочита нешто од темава, или само последните два ипол коментара? Никој не се согласи дека платата е добра, и никој не кажа дека не може да биде подобра, баш напротив. Ако младите имаат опции, треба да ги искористат. Познавање англиски јазик не е никаква посебна квалификација, градежнине работници од Пакистан што работат на Дајмонд зградите зборуваат одличен англиски, тоа е потреба и вештина што мора да ја имаш. Секој втор зборува англиски, голем дел од агентите зборуваат минимум два јазика. Она што е проблематично на темава е перцепцијата на "ќутењето". Треба да се каже тоа што треба, таму каде што треба, на форум секој може да пише што сака. Значи ако некој не сака да биде безгласна буква, никој на форумов не може да го спречи, проблемот е што ќе се најдат триста изговори да не се избориш за себе тогаш кога треба, таму кај што треба, ќе дојдат на форум и ќе пишуваат "ради ваквите ко тебе" не сме мрднале напред. Екшли, не. Не може да се мрдне напред ради оние кои сметаат дека нивното место е вечито во вториот ред и дека сите борби некој друг треба да им ги води.
4.3 км е оддалечен објектот од центарот на градот. Ако е превозот проблематичен, вработените први би се обиделе да најдат алтернатива со шефовите, нели? Ако нема разбирачка, и ако од триста луѓе не можеш друшка да си најдеш за превоз, тоа е, на форум како би ја решиле ситуацијава не знам, стварно.
32 страни од темава прочитав. Смешно е најголем дел. Интервју имам закажано, читам саат ипол за да разберам нешто суштинско за фирмава, а разбрав само дека на биро не се јаде, дека теписонот не смеел да се извалка и дека не смеело слики и кактуси на биро. А да, преку 50 пати @GirlLove ја прочитав дека ќе ќути ама никако да заќути, па ја тероризира темава константно. ОК, кажа што кажа, си имаш право на тоа и е легитимно. АМА дај олабави со истото па истото, па истото. Од 32 страни 25 ти имаш со истата содржина. Не знам дали компанијата е океј, допрва ќе разберам, ама твојов пристап стварно е алармантен. За тебе многу повеќе зборува отколку за Таскфорс. И ова ти го кажувам најдобронамерно. Убава вечер посакувам на сите!
Нема покаурско и посеверџанско нешто од то да браниш фирма шо не е ТВОЈА и да го прајш за 30к денари. НЕМА. Да знајте колку ве продаваат на американците, не превоз, не јадење, вселенски брод ќе барате за да ве носи до работа. 2025 година сме, имате барем сега 5-6 држави кај шо можите да замините со виза и да биди од вас луѓе, а да не се брукате и потчинувате на последното партиско лигле.
Те молам најди ми работно место кое ќе ги задоволува потребите на еден Македонец, еве јас имам ок плата со почетна, минат труд, саатнини , а 28 одамна не е тука плата. Баш како што се опишува дека може храна и превоз, плата треба да е минимална 1000 евра за да имаш за сметки, за јадење, општо за нормален (не луксузен) живот, ако може се да е еве како што викате. Не ми треба демагогија на темава. Ок, Таскфорс sucks, нели, катастрофални се... Ај , која е таа фирма да ми је знати што е толку совршена? @Biljarkata мене ми е фирмата од дома оддалечена 16 и нешто км па и да бараа да бидам од канцеларија ќе се нафатев. 5 километри се пресмешни за разговор. И мене ич не ми е идеален патот до дома во темниците, ама па и не ми е ни прв ни задњи. Ако почнеме да кажуваме колку мн народ у Ск се прибира во 00 од работа, па и мн покасно или во рани утрински саати ( тргнете од Стокомак, Веро, Кам, Тинекс, Амерички фирми куп, фабрики, кафичи, казина и тн.) мислам ај да не се пренамагаме... Ние постарите, ние помладите. Какви глупави стереотипи. Не сум стара , не сум млада, имам искуство, за кај сум? За нигде. Хит неделник целиов муабет. Отворете една тема и пишувајте и за други фирми, доста добра промоција и акнавте на фирмава, човек и да не ја знаел ќе ја запознае .
Не знаеме, среќа ти дојде да нѐ поучиш. Еве помогни им на луѓето за виза и земи ги со тебе да се возите со вселенски брод и да грицкате пуканки дур работите, лабавко. Да станете граѓани за пример.
Луѓе вака, ќе се потрудам да бидам што е можно пократок и да не верглам цело време едно исто. Извинете ако ве повредам на било каков начин, ама се додека НЕ МОРАТЕ ДА РАБОТИТЕ ПО СЕКОЈА ЦЕНА, односно не ве стигне adult life problems, crisis и борба за survival, ќе продавате мадиња и бубрези. Исто така ко ве тепа некој филм дека ве чека некој во канцеларија и милионски договор, секоја чест, ама не верувам сите да сте од тој 0,5% популацијава во нашава држава. Пошироката слика, гледано и споредба со повеќе професии за обични смртници, зборувам шо не се партиски, шо не се влезени на работа преку врска и непотизам, што се борат за живот, има сосема коректни услови. Еве ќе тргнам во Прилеп, наречете ме досаден,чичко или шо и да е, 35-40 илјади да ги земаш се сосема коректна сума, еве и да сте двајца и земате и двајцата по толку ќе имате културен живот за живеење. Хејтајте ги колку сакате денеска Петко ве нервира таму, не знаете да си ги контролирате емоциите, утре на улица Саботко че ви речи нешто, па после во другата фирма кај шо ќе појдите Неделко ќе ве нервира. Мој совет: поработете на себе си и не си земајте се при срце, и поокеј ќе ви биде. Истава шема на муабет ја прајте еве и како овие што ги знам во Таскфорс шо работат, буквално истиве муабети како не ви било платено, како се биле дволични курци палци, изгледа на работа имате многу време слободно за трачарење итн. За илустрација истиов тип на времето кога студиравме, нели ни требаа плус пари, па јас одев како надничар за физички активна работа, знаеш колку време издржа истиов тип на таква работа, половина ден. Му платија цела дневница и ми рекоа за утре да не доаѓа. Некогаш треба да видиме каде можиме и не можиме да работиме и што ќе ни носи приходи во текот на месецов (во случајов солидни). Исто така фирмава како таква, најдов замерка со превозот и сеуште стојам на тоа, ама од друга страна на секој човек му дава шанса, буквално! И веќе почнав да си станувам одбивен сто пати го повторуваме нештово на темава.
Од дома си работиш и ич не ти чуе. 5км не се многу точно, ама да имаш јавен превоз, трамвај, метро итн, ама знајш кај е лоцирана фирмава во пп така? Ќе те изгазат навечер по патчено ископано и неосветлено. Работев и носев чупиња со мене 19 годишни оти немаа возачка, и ме чекаа мене уште 1 саат вон работно време..фер е? Секоја споредба на пп со ск е залудна, умрени сме во секоја смисла пп.
Па вработете Пакистанци тогаш... ох чекај тоа беа оние кој дојдоа на еден месец па фатија Германија. Сакаш да ми кажеш дека девојчето треба да се жали во фирмата а не на форумот. Аха ... Драга на работа се знае како се кажуваат работите, вистината ќе ја слушнеш само на анонимен форум. Така да ова и те како е вистинското место за жалење. А наше е да одлучиме дали ќе го прифатиме тоа или не. Зошто секој од нас има различни приоритети при барање на работа. Успат ви ја изгуглав фабриката во ПП и многу убава ливада видов. Совршена за ноќни прошетки, посебно за луѓе кои работат втора и трета смена. Нема потреба да одите да гледате хорор филмови. Најубава за девојчиња. Па ако имате и униформа со штикли, мераци. Наравоучење од Абел не е до локацијата, вие не се дружите со колегите за да ве пренесат до дома. Кога колегата ќе го затвори компијутерот во иста секунда мора и вие зошто нема превоз. Се е ствар на договор, нема болни деца и итни ситуации. А бе се си е топ. ...Инаку Абел многу пристрасна за фирмава за некој кој не работи во неа, секој еден го цитираш. Малку срам да те фатеше а??? А да и од такви како тебе не сме мрднале. Во Македонија цветаат ружи, кога ги гледаш од далеку се најубави.
Зашто ме цитираш, а се обраќаш во трето лице, да биде подраматично излагањето? Филозофија на темава има и премногу, штикли не знам кој спомна, и да е превозот организиран пак мора да се чека да се наполни автобус, така да, да, во непредвидени ситуации мораш да најдеш алтернатива или фирмата треба секој поединечно да го развозува наваму натаму во секоја непредвидлива ситуација, како го замислуваш тоа? Срам не, воопшто, јас се борам за себе и ги прифаќам последиците од моето однесување и од мојата работа и (не)резултати. Тоа што се трудиш да направиш некој чуден трансфер на вина си е твоја работа. Никој да каже што би се случило кога фирмата би затворила, баш ме интересира во која тема ќе пишуваат тогаш тие две илјади луѓе и какви би биле проблемите. Пс. Пакистанците очигледно имаат многу поголеми амбиции од Таскфорс, знаат како да се борат за себе, на вистински начин, за разлика од Прилепчани што очи ќе си извадат меѓу себе во една од сите две фирми што постојат. Ама не, до фирмата е сигурно.
Да ама ако има автобуски превоз значи дека фирмата налага да го затвориш компијутерот. И во никоја ситуација нема ти да бидеш крив дека си го откачил клиентот. Затварањето на фирмата? Навистина ќе играме на таа карта??? А да пробаме да ја подобриме наместо да се закнуваме со затварање? Типичен македонски менталитет, како што кажав и претходно, ќутете, може да биде и полошо. Не си македонски газда ако не се се закануваш со затварање или бркање. Па после не се жалете на форуми. А бе ајде.
Јас не сум газда, едноставно лаеш на погрешно дрво, не поентираш воопшто. Ако сметаш дека е лесно, отвори си фирма и ќе уживаш до крајот на животот. Или поарно е да се биде во реален живот пасивен, а на форум гласен борец за правда. И да, ако сметате дека Таскфорс е толку лошо и неподносливо, полно со кодоши и подлизурковци и не се заинтересирани да се оправат никако, не покажуваат плата, не обезбедуваат превоз, затварање е логично решение, не гледам нешто трето, ќе ги натераш со сила да променат нешто?
Полошо тогаш си од оние како ги кажаа тим лидери?...Десна рак на шефчето кои поентираат при секоја пофалба на форумот а мобингот им е омилената и единствената алатка на манипулација со вработените. Таскфорц нема да се затвори. 3000$ е плата на административец во Америка. Пресметај која заработка е во прашање овде. Премногу светка за да се затвори.
Вака мое искуство во Таскфорце Скопје. Во голема мера се согласувам со @GirlLove. 1. Кога одиш на боледување секој ден ти се јавуваат и ти пишуваат на вибер(лична социјална мрежа) не на тимс дали си подобро и кога ќе се вратиш на работа. Зборам за боледувања од 3 до 5 дена не за боледувања од 1 месец. Што е одвратно тебе ако доктор ти дал толку боледување нема што менаџери да вршат притисок кога ќе се вратиш.Колега правеше помала операција доктор му даде 1 ипол недела боледување они го скапаа од вртење, не само него туку и мене и сите. Не можеш ти над здравје и над доктор да одиш. 2. Сумата што американците ја плаќаат на тф по човек е измеѓу или барем тогаш беше 2500 до 3300 евра од кои дали 1000 одат за работник за плата и придонеси значи 1500 до 2000 евра пикаат во џеб. Покачувања во глобала даваат еднаш во година од неверојатни мизерни 4000 денари и некогаш мораш да молиш кај нив 100 пати и за тие пари ако лично не те сакаат. 3. Премногу форсираат во маркетинг место во плати. 4. Точно дека на лидерски позиции се нивни луѓе и газолизачи кои се екстремно мрзливи и неспособни луѓе од кои никој од нас немаше корист дури и кога баравме помош од нив околу работата. 5. Не даваа ташни да се ставаат на маса и јакни на столче што по мене е жива глупост. 6. На онбординг не излажаа дека се еколошки свесни и дека бараат од нас од дома да си носиме чаши, а уствари вистината е дека не сакаат да плаќаат они картонски чаши од кафематот. Што е океј голем трошок многу луѓе,ама не лажи дека ти е од еколошка причина. 7. За 1 Тханксгивинг не тераа од дома да носиме готвеници зошто они не сакаа да организираат кетеринг од тој размер(мгогу луѓе на куп). Пошо никој у Америка тој ден не работи боље дај ни го за деј офф отколку цигански да бараш да носиме готвеници од дома. 8. Фирмата е добра ако сакаш да тапкаш во место да не учиш и да не напредуваш. Државна администрација за амерички пазар. Сигурно пропуштив нешто кога ќе ми текне ќе допишам.
Зошто да не се дискутира за платен превоз? Не знам како е во Шведска, но не верувам дека патуваат толку километри без да им е платено. На мене и на мм и на двајцата ни е платен превозот. На други им доделуваат службени коли со платен превоз. Колективен превоз, ретко и да има. Но, платениот превоз е речиси морален и сите го нудат. Никогаш не ми било сфатливо. Не може превозот и јадењето да ми одат заедно со платата. Затоа што на крајот тоа се минус, минимум 100 евра. И доста хвалоспевате фирми кои работат базично. Факт е дека многу треба да се подобрат. А не, не ти чини, оди си. Па у Прилеп пошо многу избор за работа има.
Супер, сега кога ќе извреѓа мене, нешто на поубаво се смени во твојот живот? Си ги реши проблемите? Се надевам дека ти си подобар работник и подобар работодавец, да не биде баш мубаетов празна слама. Од бесмислени коментари за една полубезвезна фирма на сите тројца (од кои двајца не ни работат таму) кои коментираат за швалерајот и тим лидерчињата гревови, реални проблеми не можат ни да дојдат на ред. @Dekorado точката број два е бизнис логиката на сите фирми, така функционира светот. Никој нема да ти нуди ресурси, организација на работна сила, опрема и готов клиент, а да не земе процент за себе. Ако таа политика не ти одговата, можеш да си отвориш дооел, да бркаш клиенти сам, да преговараш и сите договорени средства да си ги ставиш за себе во џеб. Да немаше Таскфорс (Мајорел, Дамила, додаи по желба) клиенти, немаше да има работа и они одлучуваат колку ќе задржат, може да дебатираме дека не е фер и дека апсолутно треба да плааат повеќе, ама ова е муабет за СИТЕ фирми без исклучок.
Затоа што платениот превоз и храна се исто како и протестите, сите ќе се џапаат на форум ќе тераат правда и ќе пишуваат срцепарателни коментари, а протест уствари виделе само на слика на фејсбук. Промената треба да ја направи тој што е внатре, не може некој што првпат за фирмичево прочитал на темава да ги решава овие работи, а и тој што барем на елементарно ниво го знае законот за работни односи, без закон останува само слободната воља на фирмите. На темава само швалерките се битни, им е гајле за превозот, поважно е да понижиш и навредиш некој друг за ти да искочиш попаметен. Сите знаат дека треба подобро, ама никој не сака да почне прв. И секако можеш да споделиш кои тоа фирми не работат базично, би рекла сите, со одредени нијанси. Таква е индустријата. Пс. Ти не работиш во Таскфорс, ниту во слична фирма, значи работиш во друг сектор, и не верувам дека зимаш сто евра за превоз. И јас добивам пари за техничка поддршка, за сметка за струја пошто работам од дома, кои не се "морални" ама колективот се сетил да ги побара, нашол начин како да го направи тоа и проблем помалку.
Јас морам да признам дека сеирџискиот дел од мене ја чита темава, а не онај дел кој има работено тука и не онај дел кој поќе од пола луѓе шо ги знам се тука. Сум од оние "I know a guy", воедно екстремно близок, во секој еден оддел од фирмава. Се шо имам да кажам е ... можам да видам зошто не ви се погодиле колегите. Спојлер: правила и флексибилност Фирмата е та шо е. Најголем дел од работите шо се пишани се кажани дирек на интервју (плата која од лани чинам е над 30к за сите сектори последниве месеци и зависно кој сектор колку над 30к ама не сум 100% сигурна за точните бројки, локација, опции за ремоут работа, реално кои се можностите за прва смена, кои се можностите за втора и во сектори како CC или логистика во СК трета итн.); дел работи ги учиш првата недела како основен business casual дрескод за кој искрено, никој не одделва поголем буџет за алишта на работа, фармерки и маичка бркаат работа. Се шо треба е да не дојдиш ко "уличар" туку малку од малку среден. Не мора костум, не мора не знам каков бизнис фустан. Фармерка и обична еднобојна маичка се ок и да, основна хигиена да се одржува пошто имало некапени и смета упм. Исто тука те учат дека ако делиш биро со друга смена мора да си тргниш твоите работи. Впрочем секое правило кое го имаат е ради слобода која била злоупотребена. Дали мислам дека е исправно? Не. Мислам дека поќе ко предлог треба да е, ама ко ќе има голем раст како фирма стана неизбежно ваљда. Така да нема персонализирани бироа пошто имаше многу кои толку персонализираа, не си фаќаа и тој хаос влијаеше на другата смена. Замисли до тастатура да не можиш да стигниш од играчките на колегата. Или не смеј течност шо не е во шише кое се затвора пошто многу пати се истурало вода на биро, на кабли и тастатури особено од чашките од кафемат (за кој патем добиваш картичка на неколку месеци и кафето ти е free во најголема мера, не знам на колку месеци полнат и сем ако не е празен, секогаш имало чаши во кафемат лол, аспект екосвесност - се трудеа да дават шишиња персонализирани за секој вработен и велам се трудеа оти јас бев во ретките кои никогаш не добија ). Или не смеј обоени пијалоци на биро зошто неколку пати флекосале тепих. Иако не можам да сфатам поента на тепих во таков простор каде и со кал се влегва ама јебига. Исто обоена течност во затворено шише не е опасност, лименка би рекла е. Грицкање на биро не смеј оти сериозно смета на тие околу, често и смрди. Башка шо се мрси цело биро и ако делиш со друга смена не е фер во тастатура со смоки да работи другиот. Спомнав најобична маичка, пример не смеј со натписи оти со многу .... лоши и невкусни натписи, ако можам така да се изразам, иделе на работа. Башка, правилата секогаш биле лабави. Во смисла, да, постои правилото. И се дур не го злоупотребиш нема да си предупреден/казнет. Така да ќе видиш и термос шише со сок/кафе, најобични гризини или бонбони, по некоја киндер играчка итн. Спојлер: HIPPA и прозорци За прозорите можам да зборам само за Битола, пошто како дете на "транзиција" на фирмата во оддел Healthcare, сум била во сите три згради. Стрелиште, каде шо е CC - јас лично седев до отворен прозор. Зградата на Insurance не сум сигурна пошто седев до тераса и често вратата ја отворавме. Точно е дека во зградата на Healthcare (најновата) не се отвораат прозорите ради HIPPA. Према HIPPA не смеј користење телефони дур работиш, сликање податоци и праќање на чет, за некоја причина отворање прозори и ако отвораш врата мора да се отвора кон ходник, и од ходникот вратата да е отворена за надвор. Ваљда HIPPA заглавува во ходникот и не излегва до надвор. Не знам. Ова е правило кое го зеде фирмата зошто сакаше да се сертифицира и да е HIPPA compliant. Шо се случи со то - не знам. Спојлер: боловање За боловање на Вибер никогаш не пишале, не знам СК шо прајте, ама ќе ја препроверам информацијата со "my guy" таму. Иако јас би преферирала Вибер наспроти повик. А, повик сум добила само при отворено боловање на крај на месец пошто им треба само потврда за да можат да прерачунат плата. Пошто ако е 28 и јас се враќам на 31 - ако не кажам како точно ќе ми прерачунат плата за да можат на 1ви да почнат да издават плата? Платата е секогаш точна на 1 и 15 од месецот и пред та дата ако е викенд или празник (10к аванс на 1ви, и остатокот од платата на 15ти). Барем малку реални да сме. Ако не било крај на месец - никогаш не сум добивала повик. Исто никогаш не ми бил вршен притисок да се вратам од боловање побрзо. Спојлер: "шефчиња" Дека има тим лидс шо стигнале до позиција ради газолижење - има. И сите ги знат и сите ги неќат пошто и нивна фрустација се гледа. Дека има и тие шо стигнале до таму пошто ги бива - има и то машала. Јас сум ја имала среќата да работам со вторите. Сакам да кажам за некој да стани тим лид има два начини: 1) се гледа кој екстремно го бива со потенцијал за напредок во тимот па се промовира во тој конкретен тим или почесто е 2) има интерен оглас каде секој заинтересиран и амбициозен се пријавува и после има рунди интервјуа со менаџмент, upper management и дур после то се прај селекција од пријавените. Спојлер: празници За работа за празници, порано имаа "пакети" клиентите од кои бираат. Сега стварно не знам како е. Ама, клиентот одбира кои празници ги работат луѓето. Другар во Insurance не работи наши празници, а работи нивни. И кога не работи на наш му се трупа работа за наредниот ден. Кога работи за нивни - умира од досада оти нема работа. Ама то не е одлука на фирмата. Секој клиент има свој "календар" и последен збор како сака да идат вработените. Јас бев на клиент шо работеше наши празници (со договорени исклучоци како Божиќ, Велигден), а не работеше Американски. Исто секој празник е платен како празник, секоја сатница после 10 е платена како 3 смена. Кај тие шо имало предлог да идат во Сабота, било платено соодветно. Спојлер: "blank"day За храна која ја даваат како "мотивација" (pizza day, doughnuts day, sandwich day) е забавно, дефинитивно. И инклузивно. Јас оти имам одредени рестрикции во искрана - секогаш имало вегетаријанска опција, веганска и без свинско. Не памтам да имав видено без глутен додуша. Иако, лично, јас радо би ова да е како паричен бонус ама сфаќам зошто го прат. Ова е како одговор дека неќеле да напрат кетеринг за Тејнксгивинг, а еднаш буквално за 1к+ луѓе имаа организирано burger day кога славеа не-знам-колку вработени, и редовно има некаков ден каде во фирмата на сред смена носат одредена храна за сите. Најчесто пица додуша. Не е редовно, настан е, ама постои. Сакам да кажам сликите кои после ги објавуваат не се фејк. Менза нема, ама во outsourcing фирма не ни очекувам да има. Во фабрика да, иако ако бев во фабрика со мое ниво на пребирање - пак свое ќе си носам. Ама при толку тешка физичка работа - мора фирмата да обезбеди или храна или средства за храна. Во фирма? Искрено не знам фирма или друг бизнис шо не е фабрика да обезбедва то, па никогаш кога се вработував не одев со такво очекување. Спојлер: превоз Најблиска автобуска станица од зградата Довлеџик е 10тина минути, би рекла со бавно одење можи има и 15, од Стрелиште е точно пред зграда. Одамна сум немала потреба да се возам во гратски превоз Битола за да знам колку е редовен и точен од друга страна (се ми се чини блиску и акам сегде пешки). Најчесто колеги одат заедно пошто поефтино е делење трошок ако живејте уз пат или во близина. Не можам да зборам за други градој без да прашам за автобуски станици и оддалеченост. Е са, сметам дека ако е над 2-3км оддалеченост од дом треба да следува некаква доплата/бонус/патен трошок на месечно ниво за тој кој вози до работа или месечна картичка за автобус (дали воопшто Битола има таква?) ако некој оди со автобус. Иако за многу вервам нема да е deal breaker пошто сем фабриките како Кромберг, ретко кое друго работно место има свој превоз или платени патни трошоци. Спојлер: недостатоци Е сега дали фирмата има свои недостатоци? Апсолутно. За многу втора смена е рестриктивна, и за мене беше. Во Довлеџик зградите голем проблем беше паркингот. Обезбедија еден ама кога е врнежливо е кал до колена (цел круг со муабетот за теписите). Стрелиште ми се чини уште имат проблем со паркингот и константно карање со околните згради околу то. Многу се жалат за покачувањата и дека блиски на тим лидс ги добиваат најголемите, па годинава наводно гледале подетално продукција (секој тим има свој "буџет" кој се распределва во тимот кога има покачувања). Реално, ако работиш совесно и колку шо треба и притоа само ти порамнуват платата со новата повисока почетна без реално покачување - воопшто не е мотивациско. Али наводно се сменало то. Ама ок, са тие другите ќе се жалат. Проблем е греењето/ладењето, ама не од аспект дека нема, туку од аспект дека сите сме различни и дур едни се жалат за ладно, други се жалат за жешко. Во последно ја прашвам другарка ми дали им отвориле една врата која зимава ја затвориле пошто од постојано отворање камен ладно било, да не дува. Такви "глупи" проблеми има многу. Mildly inconvenient. Покрупни вака пробвам да се сетам и сем ова со паркингот и платата не ми текнува. Ама ваљда е то така оти то било проблем за мене. А, mildly inconvenient има. Као еднаш се жалеа дека не смеат да пушат низ цел паркинг туку само кај шо има канта за да нема пикавци. Како не пушач - мене ова ми прај совршена смисла. Ама за многу беше mildly inconvenient ситуација. Или тендата ко ќе врни пропуштала од дождот шо ја побива поентата на нејзиното постоење. Спојлер: паузи Во врска со паузите, има 3. Една од 30 минути, две по 10 минути. И сем ако позицијата не ти е во CC и нема кој да те покрива (сакам да речам, ако тимот е неколегијален) - сите останати можат да станат на екстра "нелегална" пауза, па и две, или да одат до WC без проблем. И никој ништо не вели за то сем ако апла не го злоупотребиш. Исто има флексибилност околу работното време, во смисла, ако ради приватни причини мораш да бегаш порано тој сат-два го враќаш во текот на месецот. Спојлер: медицински кодер сертификат И последно, сакам да кажам уште за сертификатот шо го зборавте некоја страна назад. Се води на твое име и го плаќа целосно фирмата. Јас ко го земав обврската беше 2г., наводно са било 1г. Можам да се распрашам и за ова пошто неделава се пријави друга роднина за кодер (почетна речено е меѓу 32-36к, моја претпоставка е дека им прат евалуација на тренинг за кој со колку да почни пошто во 3 месеци има таква можност). Е са зошто има обврска и како е регулирано останувањето. Има обврска оти тестот е $300-400 по чоек, плус книги за та година мора да се нови (има ризик да не положиш ако полагаш на стари оти нема ревизии), то се нахнадни ~ $250 по чоек. И еднаш годишно мора да обноват тренинг материјал (отворив на AAPC со попуст са биле околу $3к шо искрено мислам им е редовна цена инаку пиши дека е $5к). Обуката е платена три месеци, со пониска сума и помалку сати мислам дека одат. Договор кој го потпишваш на обука е три месеци и се обврзуваш дека ако стигниш да полагаш за сертификат - останваш две години (или сега една, ако е вистина). Во текот на тренингот можиш да заминиш кога сакаш, впрочем лани една другарка замина на сред тренинг. Обврската со (главниот) договорот е парична, ако сакаш да раскиниш договор плаќаш разликата. Пример ако една година има $1к обврска, ако заминиш после пола година плаќаш $500. За сертификатот да остани за вас и после ТФ и да можите да си барате свои клиенти на LinkedIn пример, мора да си одржувате профилот на AAPC со решавање тестови и следење вебинари. На секои две години треба да се внесат 36 кредити/бодови. Ако поќе години не е одржуван профилот мислам дека ќе мора да се преполага. За кратко неодржување (да не успејш да собериш поените во две години и да ти треба месец-два +) мислам дека има одредена "казна" од AAPC за да поминиш без преполагање. Овај чинам е единствениот сертификат шо го нуди фирмата. Никој друг ми нема спомнато дека имале некакво официјални полагање и сертифицирање. Јас кога бев јер Корона, полагањето беше два дена, сам во соба на камера. Лани пред да откажи другарката ми рече дека им рекле дека е во живо. Пред Корона во живо беше со екипа која идеше МК да надгледва. Ваљда и сега е така. Проблемите се зборат со менаџмент. Ние цел тим имавме слезено за паркингот. На кој му беше deal breaker кога не се среди подобро од то шо средија - замина. На кој не му беше deal breaker - остана. Во глобала сегде треба да е така. Кажваш на менаџмент шо смета. Дават решение. Ако то ви е толку важно и не можи да премините преку то, а притоа не ви одговара решението или нема решение - отказ. Ако не ви е толку важно - останвате. Ама мора да се вербализира. Нема да чекам на форум да ме прочитат за да сменат нешто.
Ах @theowndemon Демонке сеирџике, ах Ете се разјасни и за сертификатот, пиша некој дека ќе оди на интервју, ферманов ќе му биде од помош.