Боловањето беше отворено и пратено како доказ отворено боловање и беше во тек на тековниот месец. Нема што они секој ден да пишуваат кога ќе дојдеш ти на работа.
Ја пишав точка бр 2 бидејќи имаше луѓе што се скапуваат од работа и одеа секој ден да молат за покачување за смрдливи 4.000. Ама џабе се гледам дека љубовта спрема ТФ те ослепела. Не планирам да реплицирам веќе
Освен синдромот на жртва и навредата кон мене, останува реалноста. Кој брка клиенти, кој преговара со нив за пари, на крајот одлучува колкаво парче од колачот ќе задржи за себе. Може да дискутираме за тоа дали е распределбата фер, ама очигледно повеќето овде не сте спремни за "возрасен" мубает. Ако не ти одговара, има решение, сам да си ги бркаш клиентите и сета заработка да биде за тебе. Ама тогаш нема да има шеф кој ќе биде дежурен кривец изгледа.
Ајдеее сега и синдром на жртва и психолог стана гледам па си фрлаш дијагнози ко цени на пазар. Кажав дека лично познавам прекрасен работник кој си даде отказ кој беше фален од сите од клиенти менаџери сите колку добар работник е, а пак молеше за тоа едно покачување од 70 евра. Мубетот е од тие 1500/2000 можеш да издвоиш 70 евра што за нив е ништо за да покажеш покрај теоретско, ами и практично ценење на работникот. Таа личност те послуша тебе и твоите мудри совети и брзо напушти. Не ја разбирам твојата потреба со волкав жар да ја браниш фирмава и да се тепаш овде со сите нас што не имаме толку добро мислење. Нит сметки нит леб ти плаќа ТФ, не знам од која причина си земаш улога да го "белиш" нивниот образ. Личи ко да си некој од нивните "кучиња" на задача. Друго објаснување за овој жар немам.
Сѐ што кажа @theowndemon е така, тоа е горе-долу и моето искуство/гледиште. Само што јас сум Insurance, и кај нас знае да е многу лабаво некогаш, во смисла на паузи. Но и работата стварно не е ракетна физика. Сега имам дозвола и неограничено да работам од дома со солидно покачена плата. Вистина е тоа дека секое правило со ограничување на нешто постои дека некои некогаш злоупотребувале. И тоа е сосема разбирливо. Спојлер Имаше случка зимава кај нас во зградата, кога забранија носење свои апарати од дома (за кафе, за греење/ладење и сл). Зошто? Бидејќи некои си донеле греалка и ја оставиле вклучена во кујна па скроз се стопила, можело беља да се напрај. Муабетот ми е, ради вакви случки се прават тие правила што на некои ви се толку експлоатирачки. Плус сакам да додадам дека секој месец имаме состанок со тимот, и секој месец на крајот од состанокот се прашува дали некој има прашање, предлог, жалба. Во 90% од случаите сите ќутат. И воопшто ми нема смисла некој таков да дојди после тоа на Фемина тука да се жали. Фирмата има работи кои треба да ги поправи апсолутно, но не е единствената ваква фирма во мкд. Ако некој знае слична фирма каде сите овие услови што ги барате се исполнети и има подобра плата, нека кажи да одиме таму.
Пак да прашам, освен што ќе ме навредиш со типична навреда "куче на задача" (што и да значи тоа), друго што постигна? Тебе кој те плаќа за да девалвираш некого, меѓу другото оној кој тебе ти ги плаќа сметките? Јас многу коректно пишав, за тие што знаат да читаат, тој што го носи клиентот и преговара за пари, има полно право да одлучи колку ќе те плати. Ти можеш да прескокнеш "посредници" и сам да бркаш клиенти, ама тој муабет не ти чини. По вечните коментари на форумов многу лесно се гледа кој сака да изиграва жртва, каде и да отиде да работи колегите се ѓубриња и сите го мразат, а тој на темјанушки мириса. Личноста што напуштила супер направила според мене, штом е вреден работник, ќе си најде друго место за многу повеќе од +70 евра, за разлика од многумина тука кој се јаки само на зборови.
А значи ти можеш да даваш мислење синдром на жртва, а тебе не може да ти се реплицира куче шпион на ТФ. Ја за тебе сум "жртва" ти за мене "куче". Сакаш да навредуваш, а не трпиш навреда назад. Можам да зборувам што сакам, бидејќи под 1. Не работам таму веќе и леб од нив не јадам одамна веќе, под 2. се имам снајдено во животот на подобро работно место. Така да се ова што ми реплицираш ти оди во вода
Не знам дали ти воопшто читаш што си пишал, но ти си првиот што почна со навреда, на мој сосема коректен и реален коментар. Браво што си се снашол, ти побараа колегите да споделиш место подобро од ТФ кога веќе постои, ама некако тоа се муабети кои не ви одговараат многу, убави работи слабо желба да се споделат. Ете тоа е синдромот на жртва, само моменти кога можеш за некого нешто неубаво да кажеш.
Благодарам на дијагнозата Фројд. Извинете дечки сите за предходните коментари. Нема боље место од ТФ. Не цути непотизам, платите се бомба од ИТ да ви позавидат, менаџментот и ХР не се најманипулативни суштества, не се тепаш за 70 евра и секој ден многу учиш и напредуваш и воопшто не е државна администрација.
Можеш да бидеш зајадлив колку сакаш, јас не си ги сфаќам лично работите воопшто, млад си, ама сепак не сподели ниту едно единствено подобро место за работа од ТФ. Не знам зошто. Дури и јас споделив подобри места, иако сум квалификувана како газда ама ако, си стојат муабетите, што им треба на луѓето како инфо ќе си прочитаат.
Еве не работиш ТФ, испаѓа дека имаш некој синдром на љубење македонски газди, истите тие шо мене и милион други ги испратија надвор.
Каква глупава споредба. Па и да чекале колку ќе дадат? Колку за бус у Ск? Мислам ова е веќе пренамагање. Сега па локацијата не одговара... На Марс на интервју сигурно не биле, виделе кај е. Реков јас, кој заоѓа, влакнА у јајцето ќе бара .
Колку што знам, можеби грешам, газда на Таскфорс не е Македонец, како што всушност не се македонски газдите на повеќето компании кои се зборуваат на темиве, барем од аутсорсинг индустријата. Најчесто се Германци. Ама Германците се супер кога сонувате за Њемачка, у Македонија не чинат, тоа е вака интересен феномен за посматрање. И кога кажав дека во дел од овие компании условите се исти и во Странција и во Македонија, очи ми ископавте, и тој муабет не чинеше. Уостлаом, одете и уверете се сами. Јас живеам во странство и работам во странство, така да не сум посебно наклонета ниту кон едните, ниту кон другите.
Zdravo po kolku prasanja ve prasuvaat na vtoro intervju? I koi prasanja? vo Insurance za Bitola me interesira a mozi i vo drugite gradoj i dali e celo intervju na angliski ?
Проблем е, на ептен незгодна локација, недостапна за јавен превоз. Да има бус ќе Македонец е газда на ТФ, има германци газди ама дел од нив не ја знаат мк на мапа, обично кучиња мк менаџерски се ставени на чело и од тука надолу хиерархиски почнува канализацијата. Сите проблеми во мк 101% се направени, од кој би рекол, Македонци! Поздрав од Стокхолм.
Па токму тоа е поентата, сопственикот на фирмата ги диктира правилата заедно со клиентот, и одлучува за менаџментот, менаџерот е променлива и многу "осетлива" категорија, особено ако менаџерот нема резултати од тимот со кој работи. Така да во судирот помеѓу вработените кои сакаат да му цркне на менаџерот козата и неговата желба козата да остане жива се наоѓаат сите проблеми. Колку што вработените се необјективни, живеат во делузии дека се најдобри, најпаметни и подобри од сите други, толку и менаџерите. Поздрав од Лече.
Последно ко ми излезе оглас пишеше прва смена. Чим е нагласено веројатно е та смена (кодер не мора да е втора смена сем ако не работи in real time). Ако не е нагласено има можност и за втора. Најдобро да прашаш на интервју.