Проблем со темата е што е каша попара, бидејќи коментираат луѓе кои не работеле или имале искуство со TF. Чист промашај е да пишуваш било какви критики за фирма чија динамика не ја познаваш. Да оправдуваш и глорифицираш очигледни пропусти покрај прочитани искуства. Или беспричински да деградираш ситем и луѓе кои лично не ги познаваш. Ова потенцирам, не се однесува на вработените и оние кои во минатото биле овде, туку за оние кои поим немаат за што станува збор, но секторите им се блиски по струка, зошто претходно работеле слично, па си даваат право да пишуваат.
На второ интервју мене ми поставија помалку и поопшти прашања, потоа тие ми кажуваа нивни услови и правила и тоа беше на мак. Ова за CC, ако има некој искуство за Insurance нека сподели. Среќно Дека фирмата има недостатоци знаат веќе и тие што не се вработени во Таскфорс. Јас гледам да си одработам смена и ич не се замарам кој со кого се гледал, шефот дали ми рекол вака или онака. Осигурана на цело работно време, плата редовна секој месец, празници и недели платени, 20 дена одмор. Што повеќе? Сум работела за мизерни 15.000 каде работев и Саботи не платени, душата ми ја ваделе. Никој не ве држи со сила, ако не ви чини чао пријатно, толку е едноставно.
Mногу реално и вистинито мислење. Јас само ќе додадам дека при интервјуто, кога добив понуда за CC ќе прифатев без проблем да не ме закочеше делот со втората смена која е константна и непроменлива ради Америчко време, а не може да ја вклопам ради дневните обврски. Буквално немаше да имам никаков проблем, бидејќи претходно сум работела во Телеком на техничка поддршка и од прилика знам како е.
А да, забрането му е и вода на биро да немало, се слушало голтање пред клиентитe, не звучело професионално..вода еј, зборуваш осум саати, устата пена и вода било забрането. И за мочање ако ти се оди, не се ставаш на пауза на системот, не не, не смеј да куца во системот неработење, две минути после повик имаш да појдиш да се олесниш.
И да ми е дозволено, ниту би јадела ниту би пиела на смена дури зимам повици. Како прво моето воспитување и самосвест не ми го дозволува тоа. Еве ремоут сум, никој не ми виси над глава пак не ги правам тие работи. Во канцеларии имаат диспанзери со вода на секој ќош, на кого кога му се пие оди си полни вода и пие. За во вц боже сачувај, се ставаме на пауза на програм и одиме до вц. Во кој свет живеете? Мислам дека е редно време срамот да се нормализира, дека нормализирај ова, нормализирај она веќе све испозабега. Преку леб погача. Абе и да треба еден час во ден да се работи, вас пак нема да ви чине. А и да, пред да ми се нафрлите: нит сум шефица, нит сум газолижач за унапредување, нит сум платена за овде Само зборувам реално.
И јас сум remote како тебе и преубаво ми е. Па ќе речам, ако е толку лоша работава зашто има преку 3000 вработени? И уште вработуваат... Дај на човек прст... Сори, нот сори.
Да не сме во ист тим колешке? Абе ај овие, ама најкрвави ми се оние што ниту биле вработени, ниту пак сега работат а кажуваат прикаски.
За пп канцеларија зборувам, не знам како е ск. Да точно, се имам расправано со копилето од бт, оти сум се клал 8 мин пауза до вц, имало пауза за то, на гзот јас да му диктирам како да функционира. Разбираш дека не можиш да се клаваш на било кој статус во системот за да полниш вода? Имаш 2 мин после повик за афтер кол работи и тука имам трчано да полнам. Ова ти кажувам 2022 година јас ко бев, работите се сега и полошо од 5 другари шо работат таму ми кажуваат. Како и да е, тука завршувам со романов, не планирам повеќе да реплицирам на никој. Со среќа да ви е на тие шо работите, и на тие шо планирате да работите во иднина.
Може, не знам. Јас сум ви пресна, ама ептен ми е погодено. Кој не видел лошо не знае да цени ок фирма. Не викам дека е најдобра на цел свет, ама јас со сите бенефити што ги нуди сум презадоволна.
Јас смеам, имам своја канцеларија, со никој не делам, па не ставам. Баш ништо не ставам. На крај на работно време освен работните материјали кои треба да се на биро, ништо не останува, освен ако имам шолја за кафе/чаша за вода и тоа е од причина што кафекуварката не сака сами да и' оставаме во кујна, сама си побара да ги оставаме во канцеларии и да си тера она ред. Мене барањево ми е сосема логично, не гледам зошто би персонализирала биро, посебно ако го делам во смени. Идеш, работиш, си одиш дома и готово.
Има бироа кај што не делиш со никој. Нз како не сфативте досега за што прам муабет. Само јас си седев на бирото. Не делев со никој и не бев само јас туку уште 50 други. Не е важно поќе.
Многу реално размислување. Се ова што го наброја никој не го цени, секако дека си следува по закон ама законски е и работата да се заврши како што треба. Ниеден газда нема да се замара со вашата шолја или мочање ако работата е завршена одлично. Обично рестрикциите почнуваат кога поголема група забушава и злоупотребува, па треба да се ресетира работата. Фирмава не ја знам добро, имам блиска што се вработи таму пред да забремени само за да има убаво платено трудничко, раат да си седи на патолошка. Така да, ако повеќето вработени се вакви дури и фини ви се газдите.
Па и се, реално. Кога почнав со работа не ни знаев дека сум бремена, преплашена бев да им кажам. Зборував со тимлидерката, и кажав отворено дека ми е страв да ја загубам работата, на друго место сигурна сум дека одма ќе јадев отказ.
Ова беше скроз плански, го криеше стомакот, земаше боледувања, го чекаше моментот да и го продолжат договорот и тогаш кажа. Законски е исправна ама тотално неетички и нефер. Бар да одработеше до крај, не, отиде и на патолошка се стави (здрава, нормална бременост).
Важно е, пошто глупости очекувате. Работите кои ги забранува фирмава, мене не ми се забранети (јадење врз компјутер и слично) па не ги правам пошто не е во ред да се прават. Најчесто јадам во канцеларија затоа што имам каде, а да не е врз биро. Ако јадам нешто помиризливо, одам во кујна. Ај сега сум сама на позицијава и со никого ништо не делам, ама од претходно работно искуство во животов: Имам работено и келнерка, и во маркет, и во кол центар, и во болница во админ. Од релевантните за темава, кол центарот го мразев затоа што бев цело време на тогашен минималец, затоа што мораше цела пауза наеднаш да се користи, а најмногу затоа што се чувствував лично нечесно кон корисниците, активно требаше да лажам. Ни тогаш не постоеа работиве за кои зборите ниту гледам зошто треба да постојат, смеевме да имаме пиење на биро единствено, храна се подразбира дека не. Од болница, што ми е и најдолго работно искуство, едно имам да кажам: не ме фрустрирале пациентите и самата работа, ама колеги без осет - ДА. Колеги кои сè што можат да злоупотребат - ќе злоупотребат. Вечен цистит имаат па 20 пати у вц одат, јадат 5 пати во работно време, пушат (пази и јас сум пушач) цела кутија за работно време, носат манџи на работно место па не знаеш дали е ординација или кафана... едно ќе кажам, тие истите најгласни беа како не чини, знаеа кој шеф каков е, кој на кого е швалер/ка, кој кога доаѓа и си оди, оти па имаа време за да се занимаваат со глупости, а не со работата. Дадов отказ 60% ради лошиот менаџмент на болницата, 40% ради колеги кои немаат осет и повторно, менаџмент кој ништо не прави по тоа прашање. Секое ваше пренемагање е на сметка на некој колега кој нема вечен цистит, низок притисок, низок шеќер, пролив и сите останати болештии и потреби кои ги имате (не ти, зборам за бивши колеги и општо). Никој не е должен да ја работи вашата работа, затоа смислуваат правила кои изгледаат апсурдно, ама некој ги поминал сите можни здраворазумни граници за да дојде до тоа правило. Еве на екс работно место кратеа 30% од плата поради незатворање на врата во ходник(ќе речеш, ништо битно) ама истата таа врата води директно кон друга автоматска врата до одделение со луѓе кои се самошто излезени од операција и нема што цивили да бараат таму. Ама имавме што квичеа, еееее 30%, што е ова, па на толку работа врата ли ќе мислам. Не знам, ако не можеш да мислиш, не работи каде што се бара од тебе да мислиш. Услови за работа од типот да има климатизација, дневно светло, пауза, обезбеден простор за јадење и тоалет, вода/кафе на маса се сосема океј очекувања, ама персонализација на биро ми е во најмала рака бизарно барање од било која компанија.
Од дома се трпи работата, ако не бев од дома уше одамна ќе си даев еден сочен отказ. Иначе има вработени доста, но и секој ден бегаат многу, затоа е сега многу лесно да се влези на работа, стандарот е прениско паднат оти немаат доволно вработени а се прошируваат и земаат нови клиенти нон стоп. Обично остануваат постарите генерации тие што се со фамилии и немаат друг избор, останатите со повеќе амбиција поработуваат неколку години и потоа си го бараат чарето.
Дали се работи и 3 смена во оваа фирмаа ако може инфо,и колу плакаат за почетник за наниска позиција,стартер.Мислам работиш овде ,не од втора рака искуство.
Јас не бев задоволна иако ми понудија не отидов, мала беше платата 30000. Ама вие што работите од дома може да споделите како е со обврски, т.е.кој период ви е работното време и како е платено.