Не иди билинг позицијата со сертификат и обврзувачки договор. Кодерската иди. Сега наводно е една година, ама немам потврда за ова информација. Јас ко бев беше две години, €2к. Притоа ако пример дајш отказ по 1 година, треба да платиш по договор €1к. Ако имаш уше пола година до истек на договор, то е €500. Накратко, ти намалват сума за отплата колку поблиску си до истек на тие 2 години.
Не знаев точно како се вика позицијава, а и немам намера да се вработам тука. Прашувам зошто многу луѓе викаат дека таа одплата и тие две години не биле наведени на договорот за вработување.
Ох, не памтам. Памтам дека договорот на обука имаше обврска дека ако положиш се обврзваш да го потпишиш тој на две години. И скоро сигурна сум дека пишеше за парична обврска, ама не и дека та отплата се намалва колку поќе седиш. Дека отплатата се намалва го дознав од колеги шо сме биле на обука и заминале пред истек на 2 години. Треба да шарам по многу папки за да го најдам ова, tbh lowkey lazy.
Најчесто е charge entry & charge posting. То значи дека кодојте во најголема мера ги имаш, и само додаваш дијагнози и модифаери. Уз пат прајш проверка на MR (извештај од доктор) и дали кодојте шо гледаш се совпаѓаат со то шо го пиши во документот, некогаш мора да додајш други кодој, секогаш влечиш плус дијагнози и во глобала го спремаш извештајот за осигурање. Не сум сигурна дали имат клиент кај шо се работи класичен кодинг ама искрено и на клиентите не им се исплаќа то при предобри програми. Кодинг е инаку од извештај ти сам да извлечиш кодојте шо се соодветни и да ги ставиш ама искрено стварно не знам негде да се работи поинаку од charge entry/posting. Уз пат се "консултираш" со Codify на AAPC, исто се користи EncoderPro кај шо можиш да провериш одредени правила за кодојте (кодојте имат правила, кој со кој не оди, по кој редослед треба да се наместени итн, и за да не листаш во книги постојат ваквите алатки). Книгите ретко кој ги користи во работата. Јас имам работено и AR (билинг) и искрено, многу поголем предизвик беше за мене, него кодирање. Во поглед обука кодирање е каде-каде потешко, обуката на билинг е значително пократка и полесна. Работата во мое искуство е полесна за кодинг него билинг.
Не ми е чудно, ваквите награди за менаџер, претприемач, сајт, работодавач и слично секогаш се купени и користат за имиџот на тој што ја "добил" наградата. Може фирмава има најмногу вработени од кол центрите во Македонија ама па дека е најпосакуван работодавач тешко.
Бев на интервју, ама не ме одбраа, а и јас не знам дали ќе прифатев искрено. За кодер ова, 3 месеци е обука, за тој период плата е 24.500, ако положиш платата (не стигнав да ми ја кажат) е фул почетна. Ако положиш и те вработат, 1 година треба да работиш кај нив.
Зависи од клиентот, на секој клиент различно. На предходниот каде што бев не работни беа само Thanksgiving и нивниот Божиќ. Сега кај што сум повеќето се неработни.
По цела скандинација нема глутница кучиња или ненормални возачи од кои можеш да загинеш. Кога ги правите овие споредби малку размислете пред да напишете. Дури и градовите ги направија со ужасни решенија за пешаци и велосипедисти (во некои градови не ни има простор за нив па луѓе претрчуваат сред кружни текови), а не пак за надвор од град. Дополнително е тоа што нема секој автомобил. Знаеме дека повеќето не нудат и ова сите го пишуваат бидејќи сакаат работите да се променат. Друго ќе беше ако имаше редовен превоз. И во други држави не нудат ама имаш алтернативи како да стигнеш до работно место и во тоа е целата разлика.
Постојат разни ситуации, јас конкретно имав колеги најмногу од Велес и Куманово (далеку повеќе од 4 км), смешно е да се каже дека превозот е редовен (автобус или воз да ти се потрефи баш кога ти е тебе работно време е стварно тешко, секаде не само тука) така да ти одговара на работното место, фирмата не организираше превоз, не плаќаа превоз (израчунат во плата), па колегите сами се организираа со сопствени возила за да стасаат на работа, што е многу потешко ако доаѓаш дури од друг град, и добро им одеше организација, воопшто не ни доцнеа за разлика од некои кои живеат на три минути од фирма. Дали има фирми кои се богу иза ногу и во Скопје (еве ми текнува на фабриката Виталија која е кај Дајмонд, ама толку е темно страшно отпатно со кучишта полно) ама постои начин да се снајдеш. На тоа мислев. Не верувам дека е можно фирма да организира превоз ако си од истиот град освен ако не работиш ноќни смени. Не велам дека не може.
Може и веќе постојат. Конфекциите по истокот сите функционираат на таков начин. Други фирми кои работат во 3 смени исто така обезбедуваат превоз ако е надвор од град или на периферија. За делот со поатувањето, могу добро знам како е да се патува, четвртина од животот ми помина по патиштата. Кога некој аплицира за работа е нормално да го има вклучено тоа во пресметките. Ама кога цела фирма оди до таму, фер е да организира превоз. А ако пишуваш за Велес и Куманово до Скопје, ги избра градовите со најфреквентни линии до Скопје, особено од Велес. Луѓе патуваат многу повеќе. И јасно ми е која ти е поентата, ама тие кои патуваат повеќе обично работат во појаки фирми. Овде станува збор за основно ниво на фирма со минимални квалификации на која ѝ треба работна рака.
За трета смена мора превоз да биде организиран или патот да е платен, зависи како ќе одлучи фирмата, без разлика дали си пет минути од дома или пеесет километри. Велешаните то ги знам работат сите во ептен рандом фирми, Мајорел, Телеперформанс, Алтаро и слични, претежно агенти, ние од филолошки тоа сме работеле, никакви јаки функции. И возрасни луѓе од Велес кои работе во Телеком кога затвори, патуваа до Скопје секој ден. Мора да се има на некој начин пресметан "ризик".
Нека направат анонимни анкети, не дека ќе се анонимни. Колку се задоволни сегашните вработените и оние што заминале. Во вакви награди веќе не вервам. Сето е пропаганда, маркетинг и нати го, дај ми го. Нека ги наградат тие од кол центарот, што овозможија фирмата да добија награда. Ако ете зимале награда.
Што мислите за позицијата Insurance Specialist денес аплицирав,но сега гледам нема убави зборови за компанијата?
Insurance е полабаво во споредба со другите позиции, сепак зависи и каков клиент ќе имаш. Мене супер ми се погоди. Не читај овде негативни коментари, процени си сама.