Одличен однос имаше девојката која ми го правеше интервјуто. И баш тоа ме опушти доста и одлично помина.. Прашањата се многу општи, кажи нешто за себе, зошто ја напушти минатата работа, дали имаш проблем да комуницираш преку телефон.. баш и не се сеќавам точно кои прашања ама не беа некои тешки, туку чисто онака да видат како размислуваш и дали би се вклопил во тимот. Ептен е во пријатна атмосфера, само опуштете се и ќе биде топ. Битно им е инаку да знаете добро англиски, а не бараат некои други посебни вештини. Инаку јас сакам да прашам за позицијава Рекрутинг Асистент што е во Скопје, се јавија на некој за второ интервју?
Немој да мислите дека тие што ви ги прават интервјуата се нешто повеќе од вас. Нафурани тетки. Особено, младите. Од агент на 6 месеци со лижење и глумење одат нагоре. ХР не бива, без искуство.. Ако ве бидува да се лижите по менаџмент и да им бакнувате јајца, секако и кодошлак, тогаш имате загарантирано успех. Старите агенти ги потценуваат,а на младите им даваат чекор напред. Поздрав. Особа Х.
nezz kako primile luge so znaat 2 reda angliski mene i edna prijatelka ne odbija a dobro go vladeeme angliskiot mozebi so vrski nekoi bile tie ete bas se cudam kako
Ве читам по темиве и гледам ко за толку млади луѓе, прилично сте затупавени за односи во фирма. Не знам што значи тоа лижење на менаџментот, ама во секоја фирма и во секоја кариера на една индивидуа се користи преговарање, стратегија и тактика, комуникација со сите нивоа во компанија со цел да напредуваш. Ова го има во секоја фирма, на секоја позиција и ваше е да изградите т.н resilience и да направите патека за вас.
Еј, немој да ме смееш. Знаеме како функционираат работите. Ако не си близок со шефот, и ако не се поврзеш поблиску, секако тука спаѓа и лижењето и правењето лице и глумење љубов и семејство. И читај КОДОШЕЊЕ. Не знаеш што значи, лижење? А, ти за оваа фирма збориш или?
А кажи ми, што тоа толку може да се кодоши на ваква бејзик позиција, па некој да се стекне со не знам што во фирмава? Правење лице е нешто што се вика професионалност, колку и да не ми се свиѓа некој како личност, карактер и слично ќе бидам максимално коректна со него, сигурно нема да му превртувам очи и да се расправам, не знам како го доживувате тоа.
Ау, да не нема. Хахах. Ако правење лице е професионалност за тебе. Браво. Реков блискост со шефот, значи кој што прави, што како зборува на работа, кој што грешка напраил. Па идат, пушат цигара, па јадат заедно, па не знам што. Не одговори на прашањето што го поставив. Дали работеш во оваа фирма?
Nekoj da kaze iskustvo so Taskforce, dali student na digitalen marketing ima nekoi prednosti vo odnos na vrabotuvanje?
Сакам да аплицирам за секторите логистика или сметководство, дали некој од тука има искуство за тоа какви се условите, платата и дали многу се чека после аплицирање за да те контактираат? Односно дали знаете дали им се потребни моментално вработени за некој од овие два сектори?
За сметководство не знам, за логистика имав на првите страни пишано другарка што работи што ми кажа како е, инаку и јас сум заинтересирана за таа позиција но, нема да имаат оглас уште долго време ми рекоа, прашав.
За многу позиции им се интерни и само си се покачуваат на позиции. Шанса за напредок 0. Како што ми кажаа, лигавење и кодошлак.