Се согласувам со тебе , и јас аплицирав со високо образование со медицинска позадина , со сертификати за Англиски и Шпански јазик , моментално учам интензивно Германски јазик и Data analyst академија , токму поради тоа ми одговараше работа по Америчко време ... но не бев воопшто контактирана за интервју ... веројатно регрутерите се насочени на кандидати со претходна препорака ... Аплицирав за Billing associate во Скопје ... според мислењата овде на форумот веројатно и подобро што не ме повикале , изгледа на многу токсична работна средина , толку многу лоши мислења има во темава што не може да се игнорира дека нешто во Таскфорс не функционира како што треба .
Ни јас не му ја разбирам политиката на селекција, спремни луѓе вака како ти што кажуваш, со високо образование, искуство, перфектен англиски, ги одбиваат. Веројатно не му одговараат ни overqualified кандидати. Имав колега, со високо обраозвание со претходно искуство во call центар за клиенти во Америка, и со препорака беше, и ни на интервју не го викнаа.
Очигледно бараат некој без искуство или квалификации. Како што опишаа неколку членови, никој со квалификации не би седел на такво работно место повеќе време и би си заминал. А вака, оние кои се без искуство ќе си мислат дека тоа е најдобро што можат во моментот и ќе работат подолго време.
Немаат проблем Таскфорс ниту со искуството ниту со образованието (имам две дипломи од завршени два државни факултети и пак ме примија). Имаат проблем со тоа колку некој ќе побара како плата во формуларот оти повеќе од 38-9к не планираат да понудат и attitude на кандидатот, веројатно како и низ работата очекуваат од сите да кимаат со глава и да се согласуваат со се'. Не би рекол дека влегов на интервјуата со свиткана кичма или било шо такво, туку дека претходните 6 години искуство во секторот зборуваа за себе, а ја не сум се ценел доволно и сум ја прифатил нивната понуда.
Ако може некој да ми каже што им прават на луѓето таму бидејки сите се понашаат како да имаат ментална заостанатост почнувајќи од HR до менаџмент. Ми беше понудена смешна сум од 36.000 , и ме моткаа на неколку интервју при што не прифатив за таа сума , ама се беше толку low level ноншалантно што со сигурност тврдам дека е едно од најлошите мои искуства кои сум ги имала.
Истото го мислам дека се премногу низок левел , лугето што чекаат работна позиција таму џабе си прават стрес 99 посто ги примаат сите .
Од тоа што сфатив третманот кон луѓето е понижувачки и затоа нон стоп бараат бидејќи има голем обрт на луѓе што напуштаат,во што и самата се уверив по неколкуте интервјуа на кои не требаше да си трошам време.
Пффф, во Кам маркет касиерките зимаат поголема плата, не судам никаква работна позиција, ценам секое поштено работење, ама викање на 100 интервјуа за 36000, малку забегано.
Мене ме интересира кој работодавец нуди поголема почетна плата од 40.000 денари во Македонија? Ај да бидеме малку реални...
Сите. Дури и маркетите и кладилниците А не компанија 2ра смена со англиски за 36.000 од 2-10 да работиш за 36.000. МИЗЕРИЈА.
Таск Форс со сигурно тврдам дека е најлошата компанија во Македонија.ТОЧКА.Единствено таму скоро сите влагаат и во казината и кладилниците таму е најлесно да се вработиш ако немаш што, подобро во казино барем 60.000 даваат.