1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Taskforce

Дискусија во 'Барање работа' започната од GirlLove, 3 август 2023.

  1. Brillianttt

    Brillianttt Нов член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2026
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Шират дезинформации за да се наштети, ко божем другите call центри се цвеќе за мирисање.
     
  2. GokaBojkovska

    GokaBojkovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    8
    И мене ми е ова нелогично малце. Од каде информацииве? Имам човек што работи таму во healthcare, додуша ремоут, ништо нема спомнато.
     
  3. YourGirl

    YourGirl Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2026
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво. Само што завршив прва година факултет и аплицирав за Customer Care Representative. Ги читам коментарите и искрено малку ме исплашија. Можеш ли да ми кажеш што да очекувам?
     
  4. YourGirl

    YourGirl Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2026
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво..... Искуства за Customer Care во Штип?
     
  5. nymphetica

    nymphetica Нов член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2026
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Информација од втора рака ова... ќе има голем lay off, минимум 300 луѓе.

    Ја купија LYP, американската фирма, и сакат да заменат се со американци и AI.
     
    На Alex.T, sj *O* и GirlLove им се допаѓа ова.
  6. YourGirl

    YourGirl Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2026
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Е како така? Еве мене ми закажаа второ интервју…
     
  7. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.197
    Допаѓања:
    18.305
    Прашај ги на колку ќе ве се осигураат и дали пари ќе ви даваат на рака и колку работни саати ќе имате.
     
    На sj *O* и lovely91 им се допаѓа ова.
  8. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    3.441
    Пол:
    Женски
    Ќе му кажам јас однапред од прва рака: осигурани на 4 сати со основна минимална плата на сметка.
     
  9. YourGirl

    YourGirl Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2026
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Мене ми кажа 8 саати работно време и не спомна ништо за минимална плата… Реално не би се нафатила за минимална плата.. Дали мислите на сметка минимална а останатото на рака?
     
  10. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    3.441
    Пол:
    Женски
    Ниеден менаџер/газда нема да ти кажи дека фирмата/бизнисот му е во пад ако сака да те вработи.

    Инфо од прва рака: Додовски си ги продаде акциите и веќе не е на функција, па сега рачунајте.

    Во однос на исплатата на остатокот, имам повеќе муабети разбрано така да да не те лажам.
     
    Последна измена: 23 јуни 2026
    На nymphetica и GirlLove им се допаѓа ова.
  11. YourGirl

    YourGirl Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2026
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Па кажи ми за остатокот кога веќе сме на темава..
     
  12. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    3.441
    Пол:
    Женски
    Од тоа што досега ми кажаа, ќе бидат сите осигурани на 4 сати со минимална плата и ќе бидат понудени 2 опции:
    -осигурани на 4 сати со минимална плата со 4 сати работно време
    -осигурани на 4 сати со минимална плата со 8 сати работно време, од кои останатите 4 сати ќе бидат на црно (нема да се пријавени), а исплатата на средства за нив ќе биди или во кеш, или преку банкарство во странство, со што тие пари ќе треба да се повлечат и ќе треба УЈП да ги оданочува (да земи данок).
     
    На NIKOT и Alex.T им се допаѓа ова.
  13. YourGirl

    YourGirl Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2026
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Фала ви. Дали овие информации ви се од вработени во компанијата?
     
  14. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    3.441
    Пол:
    Женски
    Од вработени, од кои дел од нив се на функција.
     
  15. YourGirl

    YourGirl Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2026
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Се надевам ќе бидам известена за ова на второто интервју. Знаеш ли која плата (вкупно) ја даваат моментално за Customer Care?
     
  16. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    3.441
    Пол:
    Женски
    Нема да бидеш известена 90% така да не се ни труди да го почниш муабетот.
    Јас не работев customer care така да немам одговор на тоа прашање.
     
  17. GokaBojkovska

    GokaBojkovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    8
    Јас колку што знам поентата на аутсорсинг фирма е евтина работна сила од странство, а не ангажман на локално население што би барало 10 пати поголема плата. Користење на АИ колку што знам би требало да зависи од самите клиенти - да се користи доколку тие одлучат - а не од самата фирма.
     
  18. YourGirl

    YourGirl Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2026
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Велиш вработените имаат две опции, како ќе се одлучам за некоја опција ако тие не ми нагласат предвреме?
     
  19. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.197
    Допаѓања:
    18.305
    А зошто почнале да бркаат вработени, и тоа постари агенти?
    Денес ми кажа другар што е веќе 5 и пол години во фирмата..... Немам зборови.
    Кое дно...
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  20. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    3.923
    Пол:
    Женски
    Сега почнале да ги отпуштаат тие што се скоро 5 години за да не им ги продолжат договорите на неопределено зошто законски мораат. А ако се лојални им ги продолжуваат без проблем.