И јас мислам, за поубавите позиции не примаат некој од надвор, или примаат некои свои луѓе. Само за customer care примаат од надвор.
Општо од сите. Не очекувајте многу од фирмава, коа можеше другарот да замине и 10 по две недели, нешто ни е у реду. ИМ ЗАБРАНУВАЛЕ ДА ПИЈАТ КАФЕ И СОК НИТУ ДА КАСНАТ ПРИМЕР НЕШТО СОЛЕНО БЛАГО ( зборам за грицки и сникерс) НА БИРО. Исклучиво само ВОДА. Казниво било мислам 15 % ако те фатат. Нели, спомнав робија.
Teshko e i za customer, primer mene me odbija iako samite mi kazhaa deka angliskiot mi e mnogu dobar (sum imal golem vokabular)
Немаат сектор за маркетинг, пробај си ја среќата во Sopro. Од кај па искочи сега ова? Во скопската канцеларија им давале да имаат грицки и кафе на биро, еден знам што работи insurance вика ок се. Претпосравувам дека имале веќе некој спремни да примат, дали преку врски небитно. Генерално таму може и со три реда англиски да примат луѓе. Како што кажав погоре ќе се отворат позиции за логистика, најверојатно и за другите сектори ради годишноте одмори и ќе почнат да обучуваат луѓе на велико по 3-4 групи во недела. Предежно студенти ќе примаат зошто и самите се свесни дали неколку ќе останат уште подолго од тоа. Сега во мај ќе ги пуштат огласите, така да ако сте заинтересирани видете си. Ми текна на нешто што ми каже едно девојче од логистика што си замина. Многу не била задоволна од менаџментот и општо од HR, ова беше 2021. Кога ја земала последната плата и легнале вишок 5000 денари. Она не заприметила, следниот ден една од Битола, најверојатно HR и кажала по грешка и ставиле вишок 5000 и и рекле да ги врати, она и рекла ок ќе ги вратам деновиве сега неможам. Женава и вртела најмалку 2 пати на ден, после 3 дена оди во скопската канцеларија им ги дава во плико на менаџментот и им вика вие мене ме малтретирате за ваша грешка.
Леле човече што ќе беше оваа негатива од тебе, имаш некогаш нешто позитивно да кажиш? Да не постоеше Таскфорс во Битола, 50% од младината или ќе беа невработени или веќе одамна ќе имаа заминато по белиот свет. Не велам дека е совршено, впрочем во приватните фирми никаде не е, ама па до толку да се плука нема потреба. Оди во фабрика на лента или во маркет на каса, подобро ќе си поминиш сигурно.
Јас ја кажувам реалноста и само ги кажав негативните и позитивните страни. Не знам што се најде до толку засегната и да кажеш кој каде да иде да работи. Си работела на каса во маркет? Во фабрика? Јас сум работела на каса во маркет. Веќе, ако не била Таскфорс хахах. Колку имало од фирмава што заминале дирек во странство, па се спасиле. Ако работиш тука, пиши и ти,пиши ги позитивните страни. Не се криј. Темава е да се кажат искуства. Знаеш, во право си. Што имам да се мешам јас? Фала Богу, некој што измислил фриленсинг. Сум и повеќе од задоволна. Не пишам поќе во темава. Со среќа на сите.
Работам во Taskforce скоро 2 години во Customer Care. Од мое искуство повеќе ценат и има повеќе можности за напредок а исто и добивате повисока плата ако зборувате повеќе странски јазици. Јас работам со клиенти на Англиски, Шпански, Шведски и Италијански по потреба. Платено е доста солидно за обемот на работа што го имаме. Чисто за информација јас почнав со плата од 27.000, а со текот на времето стигнав до моментална плата од 59.000. Во однос на работа во викенди зависи од клиентот, но повеќето клиенти не барат да се работи повеќе од 1 сабота во месецот. Во неделата кога треба да се работи во сабота добиваш слободен ден во текот на неделата. За работа во недела никој не не тера да работиш во недела ако не сакаш, иако за работа во недела добиваш 500% на дневницата. Празниците се работат во зависност од потребата на клиентот, и доколку се работат се добива празнична дневнца. За боледување може да се земи кога сакаш само треба да се најавиш кај тим лидерот пред почетокот на смената. Слободните денови од одмор ги планираме обично месец-два претходно за да можи да се има соодветно покритие. Прочитав дека сте спомнале дека е забрането јадење на биро, што апсолутно не е точно. На биро комотно можеш да пиеш кафе,сок.вода, да јадеш чипс, чоколадо... апсолутно никој нема ништо да ти рече или да ти скрати на плата. Рабтата во Customer Care не е многу тешка, во основа админитративни работи од типот:закажи,презакажи или откажи термин, поврзи го пациентот со докторот или болницата, пиши мејл до болницата. Смените се обично попладневни најраната е 1-9 а има и некои клиенти со тимови што работат и покасно до 2-3 наутро и ноќните смени полсе 11 се платени како со ноќни смени. Смените се организират секој месец и имаш комплетна слобода да бираш која смена сакаш да ја работиш. Работното време е 8 сати, а во тие 8 сати има 2 паузи од 15 минути и 1 пауза од 30 минути. Тоа би било тоа околу моето искуство во Taskforce, ако имате прашања слободно прашувајте ќе се потрудам да ви помогнам
Дали мислиш дека ќе имам предност за да ја добијам работата доколку одлучам да работам и за време на викенди? И дали доколку се одлучам да работам за време на викенди и после 2-3 месеци сфатам дека ми е премногу напорно, би можел да се предоговорам да не ме ставаат за викенди?
Повеќето клиенти барат да се работи во сабота, така да саботите зависат од барањето на клиентот, а во недела само ако сакаш. Пример мојот клиент бара да секој агент да работи 1 сабота во месецот а во недела има неколку колеги што работат ама јас пример не работам во недела.
Ај плиз... Колку проекти и работи имам добиено само поради фактот дека имав квалификации, а не знаев апсолутно никој таму ниту па се улизував да стигнам до таму. Немојте да се тешите со тоа дека некој со врски влегол. Понекогаш и на себе треба да се поработи и испоти. Од која и било причина да не ве примиле, барајте си недостатоци кај себе и што вие можеби сте згрешиле во ЦВ, во интервју итн.
Ne e tesenje, za del si u pravo moze nekad i do nas sebesi e, ali vidi ako imas ti iskustvo i ako saka vnuk mu da vleze za ista pozicija, mislis deka ti ke go dobies rabotnoto mesto?
Во право си, но поентата ми е дека не знаете дали некој со врски влегол или не. Некои влегле само со труд и квалификации и погрешно е да се брише и занемарува тоа, затоа што ќе отсјае врз вас. Треба егото на страна да се тргне и да се запраша човек дали поседува карактеристики и квалификации за таа работна позиција, треба да се трудиш да бидеш најдобар и во интервју и на цв, да се покажеш. Поентата ми е, од која било причина да не си примен, ќе го сфатиш како едно бинго што ќе ти помогне да најдеш подобра позиција со тоа што ќе се подобриш во изразување. Со вакви измислувања а со врски го примиле, а не знаел, ваков таков е, само си штетиш себеси.
Здраво. Имам прашање. Дали има скратено работно време? Дали може од дома да се врши пример корисничка поддршка и дали даваат обука за истата? Пример што треба да знам за корисничка поддршка? И дали имаат утринска смена?
Здраво, Скратено работно време нема сите вработени работат 8 часа дневно, но во повеќето дивизии смените се флексибилни. Ако си заинтересирана за Costumer Care дивизија, да можеш да работиш од дома, но нема утринска смена, се работи по американско време. Инаку во постот што го имам пишано погоре подетално имам објаснето за Costumer Care што се работи
А дали имаш информација колку би траела обуката за оваа позиција и на колку време се потпишува првиот договор?